Како си? Ти помина? Мене цел ден ми е матно и секако си имам низок притисок ама денес особено ми е некако тешко, мислам дека е од времето сега плус и вртоглавица имам и некој замор а ништо не правам Ај можеби ќе заврне па ќе освежи малку
И мене денес ми е мачно, едвај се движам а исто не правам ништо. Мн ми е тешко некако...и поспана сум.
Провери на ананас дали се се уште на попуст од алкалоид берово беа нс 50% 3 за 390 јас од таму нарачав
Како почна денов така и ќе заврши .. Имам уште главоболки се напив едно електролитче ама мене и вратот ми е фатен некако.. Де надевам утре ќе бидеме подобри
хелоу мешиња.. јас да се пријавам веќе вчера истерав второ цтг, на првото цтг испадна по некоја контракција второ вчера мирно, во пон сум пак цтг и анализи треба да правам за мочна и лдх во крв др ме следи белки се сомнева на некоја форма на прееклампсија поради што мочната кна ми е висока доколку анализите за мочна к-на и лдх ми бидат повисоки од нормалата ќе се договараме за пораѓај. Денес дали од времево некако како шлакната, притисокот за разлика во жешкото ми беше нормален дури и низок , чат пат се штрекнувам бебла да мрдне притискам мрдам па ќе се јави и ќе се потсмирам
првата анализа ја направив пред 1 недела по барање на др во систина бидејќи имав висок притисок пред да одам на второто цтг во вторникот направив уште една контролна испадна дека е повисока од првиот пат и сега во понеделник во систина ќе правам по барање на др таму да испитаат мочна и лдх. Инаку во редовните контроли урина уредна но последниве 2-3 недели почнав да имам притисок и отоци но раце и нозе
Со лесно. И јас имам многу отоци . До сега притисок немам . Иначе овие анализи никогаш ги немам направено ниту па некокој ми ги барал.
пред терапија да ми дадат ми се качуваше над 140/95 сега ми се стабилизира некако . дијанче поарно и да ги немаш иначе и јас мислев дека немам притисок при рутинска контрола кај матичен кога измери и ми ги виде отоците веднаш терапија метилдопа и диазапам па од тука ја известив др во систина која ми ги бараше тие анализи. Совет ако имате апарат за притисок мерете си, а нешто се покачува правец кај матичен.
Сега измерив ок е Мерам од време на време . Еден период да не кажам секој ден сабајле и вечер, ама сега последно поретко. Од утре пак ке ја фатам рутината на секој ден
Јас мерам скоро секој ден, 110/68 скоро секогаш, најмногу 120/80 Отоци деновиве приметив мн благи кај глуждовите ама матичниот вика нормално е во овој период од бременоста благ оток
Вие што имате нормална бременост со дозвола од доктор за секс, како сте со желбата за истото? Гледам дека како поминува времето, кај мене желбата се повеќе спласнува, и за жал не е нешто што можам да го исконтролирам или да го направам со сила. Кога си легнувам со киселини и не можам да се наместам, кога ме убиваат анксиозни мисли, кога бебето прави салта и поради тоа сум деконцентрирана и не можам, кога ќе начекам прилика да не ме мачат овие три работи па ќе успеам веднаш да заспијам...а знам дека допрва ќе има период каде што ќе стагнирам на темава. Пред еден час маж ми страшно ме изнервира и повреди, па благодарение на тоа, се уште не можам да заспијам... Сакам да знам дали ви се случува и вас нешто вакво, или само мене ми фали некоја даска?...