Несмеев да имам, и да смеев немаше да имам односи. Сега сум 3 месеци породена, со царскиот неможеше 4 недели раната да ми затвори, добив.. еве 3 месеци имам циклус по 8 дена со мн крварње и болки и до тоа не ми дошло. Ни па има потреба да се љути, или да рече нешто, јас телово го пореметив со цела бременост може и он да се исконтролира. Додека не сум подобро и да имам желба, нема дискусии.
Па можи да се кажи дека откако е напраено бебево сме немале односи, само што дознав дека сум бремена замина Германија, пред два дена се врати, го жалам ама тоа е, ќе издржи уште малку Имам желба ама ми е шубе.
Jas iako imam normalni dve bremenosti nemam seks duri sum bremena (mozebi dva tri pati ako sum imala) i maz mi stvarno ne forsira.
@BubamaraM @ALISA0000 @Anie93 ви благодарам девојки за одговорот Вечерта отидов во Плодност, ми направија цтг и ми мереа притисок. Притисокот прво беше 140/90 па потоа 130/80. Цтг беше во ред. Дежурен доктор воопшто не се појави (крајно непрофесионално), комуницираше преку сестрите, ми кажаа одморам и другиот ден од сабајле да се појавам за комплет крвни анализи и ехо. Сабајлето кога се појавив сите си ја префрлаа топката, како да не сакаа со мене да се замараат затоа што докторот што ми ја води целата бременост е на одмор (и приватните болници станаа како државни што воопшто не е во ред ни за приватна ни за државна болница). Крвта беше во ред и ехото во ред но сепак не сакаа да ризикуваат бидејќи 140/90 била границата за покачен притисок во бременост. Од вчера сум со терапија, метилдопа 250мг по едно на 12 часа. Сега сум во ред притисокот веднаш ми се среди 113/77 и немам почувствувано тешкотија. Сакав само да го споделам искуството со вртоглавиците
Devojki, posle site predizvici vcera stignav do prvo ctg fala bogu prv pat slushnav deka se e vo red konecno, prv pat i go vidov licenceto zoshto sum so postelka na preden zid i sekogash se krieshe, mashala 35+5 ima 3kg. Samo da e se dobro do kraj drugo nishto ne e bitno
И кај мене е исто, не дека досаѓа но има преречано да сме отишле на неколку дена до Грција некаде поблизу, но мене ми е страв и несакам. Девет години го чекаме ова бебче, низ што се поминавме, и зарем одморот е побитен од него, што ќе ни биде ако едно лето рипнеме, па здравје догодина ќе надохнадиме
Има ли некоја како мене што во 8ми уште повраќа? Ова веќе е неиздржливо, буквално од се ми се лоши. Има ли некој совет, нешто што ви помага? 33та недела сум. За секс, со првото цела бременост немавме, не знам ни јас зошто кога ќе размислам сега. После тоа кога се роди бебе, хормони, стрес, па можеби год дена требаше да се стабилизираме и да се вратиме во нормала, што значи со се бременоста - малтене две год без секс. Затоа сега си имаме најнормални односи, кога веќе имам нормална бременост и немам забрана од доктор и искрено, едвај чекам да се породам, да се вратиме уште повеќе во нормала на тоа поле, мада ќе видиме хормоните тука што ќе кажат во врска со желбата за секс.
Ние имавме само од 8ма до 12та недела. После тоа кога го видовме на ехо веќе формирано бебе не ни помислувавме на секс, страв ни е на двајцата да не го повредиме некако. Подобро да се стрпам од задоволство него да заебеме работа.
Буквално не можеш ништо да направиш. Поголема е веројатноста тогаш кога сте имале да направиш отколку после. Нема допирна точка до бебето. Секако не е дека мора да имаш.
@Marge не си единствена.. Јас не секој ден ама на три дена си повраќам дефинитивно обично доручек не знам зашто.. Не е толку страшно како на почеток ама знае да се случи де тешам со тоа дека ќе помине за некоја недела. На тема секс , јас и мм немаме . Имавме од 13 до 16 неколку пати , после беше стравот со грлото и така ништо немаме веќе неколку месеци Во 9ти знам дека и некој препорачува да се има секс ама се зезавме со мм пред некој ден викам легни да пробам нешто. Луѓе ја ко желка кога ќе се преврти на грб сум каков секс дури и смешно ми е За тоа ќе си почекаме да се роди бебка, да заздравиме има време да се вратам во форма
Јас и во првата бременост и сега имам од почеток до крај. Фала богу сум имала нормални бремености па затоа и сме имале. А богами и желба никогаш не сум снемала
Не може да го повредите никако. Едино може бебе да се прашува кој ли е овој ќелави чичко што влага излага и ми ремети ред и мир Ние си имаме од сам старт ама да речам поретко, да не претераме, доста е 2 пати месечно. Па да влезам во 9ти и јашаааа ќе биде
До 6ти месец да не речам и додека влезам во 7 еднаш до 2 пати неделно имавме после тоа веќе физички потешко беше како почнав да растам и пробувавме ама оддвај 1,2 месечно, а желба пуста голема. Оддвај чекам да се породам и во нормала да се вратиме. И иако немаме односи често колку што би сакале не го кратам мм од задоволство и почесто орално го задоволувам. Знам дека не му е исто амаа боље ишта него ништа
Дали сте биле на втор скрининг на клиника да ви кажат се е во ред ама да направиш ехокардиографија на бебето и после тоа да рече оо еве сега се виде ама ајде де и онака пишавме дојди за еден месец на контрола. Претходно на сите еха и кај матичен и во њуборн и во Систина ми е кажано дека се е во ред има 2 комори и 2 преткомори. Ме фати шубе сега се прашувам дали да одам на скрининг во Ремедика или да го чекам терминот на клиника пак. Немам памет што да правам.
еве ме. 35 + недела, уште повраќам, не како на почетокот, ама си повраќам не знам шо помага се помирив веќе, сега за уште малце ќе издржам на тема секс, исто како тебе, минатата бременост немавме цела бременост иако не ни беше забрането, ама пусти страв. па откако се породив, хаос, хормони , доење, шо викаш цела година ми требаше да се вратам во нормала и кај нас се фати година ипол, две без секс. затоа оваа бременост си имаме цело време е сега веќе е малце тешко изводливо, затоа што стомакот ми е голем, ама и јас едвај чекам да се породам и да си се вратиме во нормала, а и јас се плашам од хормоните шо ќе кажат како и да е ме теши фактот дека сме на крај више