Добро, значи не сум само јас што и ја снемува желбата. Кога ќе се сетам во прв и втор триместар вриев, а сега ко мртов коњ. Да ви кажам право, ми доаѓа да му ги покажам коментариве и конечно да сфати дека е нормално ова, и дека има мажи што можат да истрпат, да не речам дека и по малку ми е криво што и тој не е таков да не ми алудира постојано на тоа. @nate_93 , честитки мајка, да ви е жив, здрав и најсреќен Матеј Ве читам неколку имате мака со повраќање, јас пак баш напротив, пак почнаа желбите за храна. Трет ден веќе ми се јаде зелник ама немам трпение а ни сила да си направам, плус што прв пат ќе правам па кој знае на што ќе личи тоа Риба пак ми се уврте во глава како главен извор на исхрана... Инаку, ова вашево повраќање за жал не ме чуди, братучетка ми има поминато така 9 месеци во повраќање, вика ни заби не можела да измие од нагони за повраќање и ништо не и помогнало. Единствено добро во тоа е што ќе си останете витки до крај
Седам и си гледам како уживаат сите у бременоста на одмор си идат си шетаат нкој ништо нема галје а јас се плашам дали ќе го преживеам следниот ден....Многу почна на психа да ми мава ова сеа од што ми е страв да не ми се деси нешто заради поголемото.....
Ај полека малку. Ти ја знам приказната од друга тема. Ама мислам дека на се, анксиозноста моментално не ти е потребна. Нема ништо да ти се случи, олабави се малку. Земи прави работи што те исполнуваат, терај си го мозокот на други нешта.
Малце позитивно гледај на животот и се што следи. Вака само ќе си развиеш псохолошки дијагнози. И бремена си , а не болна од тешка болест. Уживај и радувај се на периодов и тој што следи.
Знам, ова ми е втора бременост и не ми било вака тешко, првите месеци повраќав до 4тиот после исто како да не бев трудна.. Ама ова е нешто страшно, ова е нешто посебно едвај седам, едвај стојам, едвај лежам... Толку замор како пред паѓање да чувствувам, тешко ми е некако на цело тело а највеќе на главата, ќе седам нема ни да мислам на тоа и наеднаш ко да ми лебди главата цело време гледам како темно од страна на очите не гледам убаво јасно....Сеа почна психички да ме мачи за нешто да не ми се случи и мене и на детево зошто осеќам дека нешто не е во ред со мене.. Фала богу си е добро бебето се, само јас не сум...
Анксиозноста е. Ти кажав, имаш веќе едно дете, верувам дека го сакаш повеќе од се на светот, посвети му се нему, ако си ги преиспитуваш симптомите бетер ќе се осеќаш. Затоа барај и прави нешто што те исполнува. Пример готвење ти е убаво, готви. Шетање, шетај и сл.
Секоја бременост е различна. Јас на почетокот чуствував многу голем умор, буквално главата не можев да си ја додржам. Првпат во животот, ќе си дојдев дома и директно на креветот ќе легнам, не можев ни да се пресоблечам, во истата секунда заспивав, немав сила чаша со вода да кренам. На почетокот многу се нервирав оти не можев низ дома да си ги завршам обврските, некаде втор триместар ми се врати енергијата и сега еве при крај штом легнам на кревет одма запивам, брзо се изморувам, но штом ми бара телото да спијам, легнувам да спијам, претпоставувам дека со детенце е потешко да одмориш кога имаш потреба, особено ако немаш кој да ти го причува. Сепак нормално е во бремемоста да се чуствуваме уморни, без енергија, поспани и да не ни се работи ништо, не си земај се на срце, обиди се да се фокусираш на убави нешта.
Дали си плачете ? Јас во животот не сум плачела вака како во оваа бременост , толку многу сум емотивна , што за ситница ќе се расплачам . Тема анкциознос успешно ја победувам . Сум се здебелила 8 кила, ми се сврте ординација кога ја видов вагата . Беба е добро, по мензис сум 21 недела , по беба варира од главче до ноџе 20 до 20+5 . Серклажот држи , докторот кажа да догураме 36 недела и 37ма здравје да раѓам. Беба ми е мирна, дали дека ниско ја носам , и нешто постелката се развила малку надоле , но кажа дека е во ред .
Планирам да си ја спакувам торбата за породилиште , веќе ми се доближува 9ти месец . Ќе се пораѓам на Гак здравје. Од тоа што ми треба си запишав : Мрежасти улошки, мрежасти гаќи, пешкири, основна лична хигиена, памперс за бебе , влажни марамици,една спаваќа за секој случај,гумени папучи,еднократна подлога за кревет. Поискусни мамички ако нешто сум заборавила или додала кажете. @bokace1 Баш ми е мило што се си е во ред . Лежи одмарај и гали си мешко, а и плачи си па не сме за џабе трудни све ни е простено
Цела бременост скоро ја поминав како да не сум бремена. Одев на работа, активнс бев татко ми се смее како џипче сум била. Цела зима и цела пролет без настинка вирус, за сега 37+5 да ме боли грло и да ми е мачно од кревет да станам. Мислам дека самата си се подреков од што бев среќна дека имам лесна бременост и дека на сите им посакувам ваква бременост иако сум со ивф