Мене почна некоја паника да ме облева оти се ближи денот. Со оглед дека ќе сум царски, мн ми е страв како ќе ми се одвива опоравувањето, дали ќе можам бебето да си го кренам и да се грижам за него. Ќе имам помош од мажот ми и свекрва ми ама баш заради тоа се секирам, не сакам да ми виси свекрва над глава по цел ден, напорна е малце од поќе и со осетот е скарана Цела бременост пополека си подкупвав се сама, буквално се купив што ми треба, мажот ми од Германија еден куфер со ствари донесе за бебе, таа ништо не праша, абе едно лигавче немаше купено, сега откако дојде да се напрај пред него изнакупила еден куп бодиња и комплетчиња а некни баш тоа и нагласив не купувајте алишта повеќе оти има за извоз, како да и реков оди и прикупи. Поарно да ме прашаше шо ви фали да ви купам отколку да фрли еден куп пари за алишта. Како се справувате вие со неразбрани свекрви ?
За во Систина дефинитивно полнач со долг кабел никако не заборавајте. Уште паметам колку ми беше напорно со полначот, иако бев природно породена. Лабело, крема за раце тие што имате проблем со сувост на истото. Инаку, бодињата на прерамки ми беа најискористеното нешто за син ми. Дали беше лето, зима, јас боди на прерамки. Тие на кратки и долги ракави најмалку ги искористив, и сега планирам само на прерамки да купувам. Кога ќе залади секако ќе дојдат шпихозни, блузичка или пантолончиња од горе, така што таман ќе е како облечена како и сите ние (за надвор од дома). Дома и зима и лето ќе биде по боди и што повеќе на под (препорака на ортопед, така правев и со син ми). Инаку, стариве се исти колку години и да има детето. Пред некој ден ми падна смешно, свекрва ми на гости кај нас, син ми бос, во просторијата 28 степени, ја слушам му вика а бе бос си на ламинатот ни топлинки немаш облечено, оди барем чорапи облечи Син ми и вика не бе бабо жешко ми е и вака, а јас за да не го малтретира викам какви чорапи 28 степени има внатре, па се помири
Тоа со чорапите и капите на балканот е тренд кој нема да се искорени Ќе има борби за тие работи ама ќе издржиме некако. Пред некој ден на инста ми излезе една жена повозрасна педијатар од Србија, вика се можам да разберам ама кога ќе одиме на посета кај новороденчиња, ќе видиме во собата мајката и останати по спавача на прерамки а бебе завиткано во шпикозни и два слоја облека тоа не можам да го разберам. Нагласи дека секоја просторија треба да се разладува ако е над 26 степени а не капи и ќебиња да се ставаат ама оди докажи се со нашите. Моето сега треба да се роди, таа комплетчиња на долги му купи со капи со нараквици, со долу затворени ноџиња, нема грешка дека ќе го варам на 45 степени со долги ракави.
декември ми е големата. сега желба на маж ми беше летно бебе да имаме ужас, он не е 9ти месец во пеколот @Cvetce_ свекрва ми, ич не и се замарам, ни шо збори ни шо купила, ако ми одговара го користам, ако не го пакувам, како и со се друго. знае дека сум таква, веќе ме научи, па виде не виде почна се да ме прашува или ми праќа слика пред да купи било шо. е сеа последно и купиле на ќерка ми точак без да ми кажат, ама океј е, не е лош
Здраво девојкии, според последен циклус сум точно 6 недели бремена, колку треба да биде бета хцг во таа недела?
Електрична имав медела од сестрами, двете цимерки што ми се сменија исто беа со електрични. Јас ми дојде млекото 3дена од царски, на цимерката со царски со второ одма др ден и дојде млекото градите камен, бебе не фаќа никако... првата цимерка беше природно породена со прво и немаше дојдено уште млекото а ја пуштија дома беше од источна, викаше леле немам млеко ништо со мене сепак пат е два сата до дома, и ги молеше сестрите пред идење да и дадат еден шприц да не и бара храна да плаче. Така да земи си имај со тебе пумпа, види пишуваат во доење нарачувале и од тему и од локо кроко имало поефтини а доста добро им се покажале.
Барем се разбрани кога ќе кажеш топло е. Бабата на маж ми во сред лето и е ладно, нормално има 80 и кусур години, ни симнува на сите џемпери нејзини да облечеме, весници ни реди на столчињата да не ни дувало, ќерка ми кога ќе ја види боса во двор па со црево да игра во несвест паѓа . А свеки моја е млада и разбрана, ама пак за ладното е слично. Ќерка ми боса во трева на 37 степени во двор кивна, и ја слушам леле баба си настинала. Ич не и земам за зло, не е нападна барем, само ми е смешно.
Здраво девојки, Сакам да прашам, мерење грло на матка кога се прави? И како го мерат тоа, обично ехо или? 15та недела сум до сега никој ништо од доктори кај и да бев ми нема спомнато за тоа, или само ако се примети нешто на ултразвук тогаш кажуваат? Прва бременост ми е па можеби лутам..
Во Плодност даваат пумпа електрична ? Така ми спомна некоја другарка ама не знам, најубаво да си прашам.
На некои им мерат вагинално, мене на обично ехо ваљда ми гледа докторот (иако не е толку точно, пак се приметувало). И матичниот го имам прашано и на скрининг кога бев другата докторка како ми е должината на грло на матка, ми рекоа добра е. Во двеве бремености ми немаат мерено вагинално.
Зегин, слабо користев имав 3 кесички ама ете ми останаа. Со царски ме иритираа на раната, додека имав лепенка ајде ок беше после катастрофа.
До сега, само една докторка ми мереше вагинално, на втор скрининг бев кај неа. Останатите прегледи што ги водам кај друга докторка, кога ќе прашам дали мери, дали е во ред грлото, кажува да да во ред е, и вака преку стомак е доволно долго нема потреба...првата бременост ја водев кај матичната и она цело време преку стомак следеше.
@Ladyme дали може да споделиш искуство како помина на Гак со пораѓај, зборам околу грижа околу тебе и бебе, знам дека не е ко во приватните ама чисто ако можеш да споделиш искуство како помина ти
Фала ви девојки. Мене никој ништо ми нема спомнато околу тоа на прегледите. Не ни знаев дека пример треба да прашам матичен кога одам кај него, мислев се прави на одреден скрининг, пример втор скрининг.. Но најверојатно штом се приметува и од обично ехо е се ОК, онака ваљда би спомнал матичниот нешто.. не знам аман