Да, вака изгледаат за да ја држат влошката мрежеста, ма да не паѓа таа и така да ја носиш ќе ја стегнеш со нозете , секако тука си во соба два чекори. Мене не ми се допадна ми се иритираше раната, дека се сепак како најлонски такви.
Најверојатно е се во ред. Мене матичната ми измери во 24 недела вагинално и тоа зошто јас и спомнав неколку пати. Секогаш кога ќе и спомнев ми објаснуваше дека нема причина за грижа, како е високо поставено, плацента, така што немав сомнеж дека докторката си ја врши работата како што треба.
Ти благодарам, но имам уште едно папагалче, сирото душиче тажи по другарчето, за жал ќе морам кога ќе стигне бебе да го преселам кај внуците на чување.
Normalno deka zenata kje kupi nesto za vnuceto. Ne sum slusnala do sega da ne kupat babite nisto za novorodence. Postarite obicno kupuvaat koga se blizi vreme za poradjaj ili koga kje se rodi im ostanalo taka od stari vreminja.
@Puffy2019 - Оваа бременост имам почесто и желба и односи (кога ќе кажам почесто мислам на 4/5 пати до 18та недела) @nate_93 честитки мајка, брз опоравак!
мајки добар ден да ве замолам дали знаете дали се прави во државна скрининг на црева кај три месечно бебе
Гледам Мустела се на попуст. Што користите од козметика за бебе? И дали се Мустела добри колку што се популарни? Како решивте која козметика ќе ја користите за бебе?
Од мустела имав само една крема со авокадо, педијатарот ми ја даде кога и се појави дерматит на ќере и баш бев задоволна, супер крема. Мислам дека се квалитетни како што се и популарни. Со ќерка ми користев бекутан ама сега со ова бебе здравје боже планирам да користам мустела
Вчера се консултирав со chatGPT ми ја "препорача" мустела. Од сите брендови козметика за бебе ми даде најдобра рецензија само за разлика од другите е малку поскапа. Јас сум 34та недела но сега планирам да набавам козметика и да завршам со купувањето па да го чекаме штркот Ако некоја мајка има друга препорака, добредојдена е
Ќе купи ама денес не се стари времиња, на толку работи што и требаат на мајката во одреден период, може да праша, кога веќе ги дава парите, што ти треба фино лепо, а не да купува нешто што веќе го имаш и да се лути после што малку го користиш (да, мојата така прави). За ова бебе ми се изнакупува работи иако и кажав сакам да проверам од првото што и како е употребливо прво. И тоа све скапи работи ми купи, а не знам колку долго ќе ми користат толку мали и подебелки ги има, ако се роди малку порано во топлото ќе ги надрасне. Ама не се нервирам, ќе си купам сама тоа што реално ми треба, мајка ми ми дава пари секогаш, не е дека нема да ги искористам за децата, свеки од тоа се плаши изгледа нз што да кажам. А секоја мајка знае кај одат парите најмногу ..
За спиењево, само читам дека само на лева страна требало да се спие, како бе така, логично е дека ќе се здрвиш. Во сред ноќ почнува колк да ме боли што цело време лежам на лево од тежината, исто и левото рамо, еве уште ме приболува. Ставам перници меѓу нозе и под стомак, финта некоја имате ли?
Мерак и е и на свекрва ти, мајка ми е свекрва и знам со каков мерак купуваат за внукот, па и јас како тетка.И кога нема ич да го облече снаата во тоа, малце е глупаво... Може се постари ама секогаш гледаат да е практично. А ние младите може да попуштиме некогаш да им направиме ќеиф. Па макар облечи го сликни го и прати и да се радува. И јас имам свекрва, и мајка ми и она напорни се од што сакаат да ни помогнат да ни угодат, сега се правиме дека се сами можеме а не сфаќаме од која помош ни се и едните и другите. Макар и за совет. Се се решава со разговор. Дај боже да се живи здрави уште долго, барем моите и едните и другите и нека се напорни, ќе си се жалам, ама нека ми се тука
Женски, тие во Систина што ја водат/воделе бременоста ме интересира дали во 36та недела прават цтг и плус ехо? И дали ехото се наплаќа? Затоа што имам оставено аванс и имам бесплатно ЦТГ од 36та недела ама не знам дали и ехото спаѓа овде?
Јас со мојата немам контакт, негде 7 недела така нешто беше, поради мојте хормонални промени, му кажала на мојов абе оваа сакала само трудна да остане и да си оди кај мајка и. А јас со позитивен тест само патував 26 саати за заедно да бидеме , башка заедно скоро 2 години сме . Тука се у лице и дадов и крај . Раат сум. Чим не се радуваш на внуче и му пуниш глава на синот со глупости нема да трпам мешање од страна.
Јас земав масло на Еуцерин по препорака од аптека и од кумата што користи, а за после бањање се уште немам ништо земено
Епа кога не ме прашува што ми се свиѓа нормално дека нема да го носи којзнае колку, само за кај нив сум го облакала некогаш да се израдуваат, а може да изнаноси нешто.. Ама не, се опамети по малце мојава, ми го разбра вкусот и сега не прави толку утки, за бебево многу убави работи ми купила, јас толку пари пример не фрлам на шпихозни 56 број, што знам дека 1 или 2 пати ќе ги облече, имав такви купови со првото, ама дебели се некако, дупло едно комплетче цело за земање од болница, криво ми е ако не се искористат ич натака ми беше муабетот.
И ехото си спаѓа во цената, не ти наплаќаат. Јас бев 36+3, сега сум во среда пак на 38+2 за второ ЦТГ