Ова повеќе ми личи на инаети терање од страна на снаата. Ете таа е породена и сигурно знае дека е напорен период, а гости колку и да се блиски се скроз непотребни. Плус на гости кај бебе се оди 1 час, не 10 дена со спиење/јадење. Разговарај со сопругот немој да ќутиш никој не ти чита мисли, штом не реагираш нормално е да мисли дека си ок со нивното доаѓање.
За жал ова е проблем кој сама не можеш да го решиш. Мора заедно со сопругот да си се договорите како ќе постапите, да му објасниш најдиректно и најсмирено дека не сакаш, зошто не сакаш и дека нивнито присуство лошо ќе влијае и психички и физички врз тебе, а следствено и врз бебето затоа што бебето 100% зависи од тебе. Велиш дека сопругот си е ОК со нив без оглед на нивниот однос со тебе, па ако на било каков начин успеваат да го манипулираат против тебе е полошо, но се надевам не. Обиди се да не ги вреѓаш, да не употребуваш погрдни зборови, ќе најдеш начин да му кажеш, но тој ќе мора да им каже дека нема потреба да дојдат сега, туку понатака штом ќе има услов.
ја си земав сега мустела на акција, земав само гелче за бањање. користев и со првата ќерка дур не појави дерматит па моравме да свртиме на специјална козметика. преубави се, и мирисаат баш онака на бебе
јас треба да одам на преглед сега кога ќе бидам 36+5, имам оставено капар и таму ја водам цела бременост. сакаш да ми кажеш дека нема да ми наплатат сега?
Кај има мустела акција? Јас уште сум мисла дали мустела или уријаж, исто со првава ќерка мустела користевме на почеток ама јави дерматит и еве уште сме со биодерма.
јас ја земав во анифарм, ама да ја имаше на повеќе места. иначе исто и ние сме со биодерма маслена уште. се надевам ова бебе нема да има
Да не ме сфатиш погрешно ама многу е важно за кого ќе се омажиш. Фамилијарни проблеми секој си ги решава со својата фамилија. Бракови најчесто се растураат од вакви мешања. Граници се поставуваат на сам почеток, нема срам за тоа што тебе не ти се допаѓа. Кажи му на маж ти, не смирено да разговараш ко што те советуваат тука, туку да му кажеш, пошто он со тебе има семејство и треба да се секира на вас да ви е убаво се, не да удоволива на секој на кој ќе му текне да ти кења на глава, да ти се јави свекрва ти и да се договорите кога да дојде она за да ти помага со бебето. Ако планираат да тераат гости, да планираат да си земат стан под кирија и да доаѓаат кога ќе можете вие. Не да прават циркус. Искрено преку глава од насилни фамилии, па големо чудо и мажот ако се налутел, па и фамилијата. Ако можам јас на мајка ми се и свашта да и кажувам и што може и што не може и што да ми се купи и кога да се ќути, епа извини ќе може и он на мамичка да и каже да се повлече. Јас лично не трпам. Овие работи ми се решени од старт и немам намера да се секирам дали некој ќе се навреди или налути без разлика дали се мои или негови.
За ова што си го пишала ќе се согласам, и јас сум ги решила овие работи на најдиректен начин, без да се замарам дали и кого ќе увредам, особено затоа што од сам старт не бев ни примена ни испочитувана во таа фамилија. Еве сега изгубивме бебе, никој ми се нема јавено. Ниту еднаш. За многу работи не ни треба да приговарам, сопругот е доволно разумен и одлично ги разбира работите. Не сме пристрасни ниту кон неговата ниту кон мојата фамилија, и моите не се цвеќиња за мирисање. Но, овде членката нагласи дека е при крај на бременоста и дека не сака последниот период да го помине нервозна, затоа го напишав моето гледиште за нивната ситуација. Еве ги пишуваме и нашите начини, верувам дека од се прочитано ќе го извлече најдоброто за неа.
И јас се надевам дека ќе најде начин ова да се реши и да си живее на мир. Само колку и да се трудам јас оправдување за вакво насилно однесување не можам да најдам. Ајде да речеме неа и е мерак, во ред нека дојде каква е таква е недела две или месец ќе глумиме ама да ми ја носи пола фамилија и тие идиоти намерно да доаѓаат за да прават проблеми во нечиј брак тоа не ми е јасно. Да ја прашаме другата снаа дали ќе смее кај неа вака да се понаша или ќе нема шанси таму и таа ќе биде подобра снаа од оваа што ќути и трпи.
Има ли некои мерки за од утре, некој линк? 43 степени ќе било, да имаме покритие да бараме работа од дома
Јас завршив на кардиолог, цел ден од сабајле тахикардии, лежам мирувам срцето 120, не се смирува. Докторот ме виде вика не ти давам Верапамил, ќе го намали и на бебето пулсот. Брзо ти е ама тоа е чекај да се породиш. Еве го и сега лупа исто.. не знам како ќе издржам
Така е. Луѓето отстрана можат да пробуваат на милион начини да се наметнат, да доминираат, да создадат проблеми итн., итн., можат да имаат милион мотиви да го прават истото, некаде се недораснати и стварно толку им фаќа кликерот, ама често имаат и мотиви да наштетат. Ако бараме зошто имаат такви мотиви, може да пишуваме страници и страници и пак да не одговориме, но, најголем дел од тие мотиви вообичаено им згаснуваат кога мажот ќе им покаже кое е местото на сопругата во неговиот живот, а кое е местото на братот, снаата, родителите - или кога ќе им покаже дека примарна фамилија му е жена му и детето што е на пат, па после сите останати.
Кратко и јасно ќе им кажеш до 40 дена никој нема идење, освен мајка ти еден човек кој ќе биде за испомош твоја и на бебето Па после тие 40 дена ќе видите што како по ред
Женски знам дека се витамини, ама јас паничар па пак да прашам, денес не сум сигурна дали се напив пре мама, 90% дека не се напив. Ама цел ден со луѓе. А и секој ден дека пијам и секој ден ми е ист веќе не знам дал се напив или не, паметов одлета...ако се напијам сега а сум се напила, дупло ќе дојде тогаш не е убаво преголема доза. А да не сум се напила не е страшно ако промашам еден ден или...? оххх паник памет мој Не ми замерувајте
Ништо нема да се случи ако испиеш две или ако не испиеш ни едно еден ден Не се секирај . Ја сум таква секој ден си подзастанувам минутка дали сум испила или не
Не е страшно еден ден ако не испиеш витамини се... А и ако е дупло не би требало да е проблем но сепак Може подобро утре да си продолжиш редот
Ја ако заборавам дали сум се напила или не, не пијам. За секој случај. Подобро еден ден да не се напиеш отколку дупла доза иако не би требало да е страшно ни тоа да испиеш две. Дали се таблети во лентичка? Како обични табелти на пр.аналгин? Ако се во такво паковање мене спас ми беше на секоја таблета да пишам датум т.е број од 1 до 31 и така си знам дали за тој ден/датум сум испила или не