Многу пати сум заборавила да се напијам, ништо страшно. Не си прави нервози за џабе витамини се самоо
Се извинувам однапред на малку депресивен муабет Девојки како се справувате со црни мисли? Цел живот имам нарав на храбро, на позитивно, на ајде се ќе биде ок, како треба да биде така само напред... И сега особено последниве недела две цело време само мислам дали ќе бидеме ок и ја и бебчето на пораѓајот, цело време не можам да ги избркам мислите дека може стварно ќе искрварам до смрт или нешто ќе тргне наопаку и воопшто не си личам на себе и секако се трудам да ги тргнам на страна мисливе ама после последниот преглед на матичната што ми напомена повторно дека морало на гак да одам оти можело да се појави крварење не можам да престанам да мислам на тоа Многу ми е неубаво чувство така... Реално никој ништо не знаеме ама лошо ми е дури си правам грижа на совест дека сама нешто ќе си предизвикам со мислите и пак таму ми е умот дури и ко да се помирив дека може нема да преживеам јас што многу глупаво звучи вака пишано и кажано А воопшто не сум била никогаш ваква И од што ми е глупо уште полошо ми е, и немам некако со кој да зборувам оти мислам дека нема да ме разбере никој и решив тука да ви пишам... Дали е до хормони? Дали е до лош муабет на доктор? На моменти особено кога ќе останам сама а дека на патолошка бременост голем дел од денот сум сама и само ми се мота во глава сѐ. Некако успевам да не мислам цело време ама пак таму ми одат мислите Како се справувате? Ако воопшто некоја имала такви моменти Фала ви однапред
Ќе мора така, да пишам бројки, а тоа си помислив прееска, не се баш евтини, ги пиеме по 9 месеци, што ги кошта да испечатат позади ете бројки или денови...па помислив и да им пишам хахахаха Ама ќе си ги обележам сама сега. Вчера на пример собрав чаша од маса и место у кујна да ја однесам ја однесов у вц и се изнасмеав ко удрена, не знам кај ми е паметов. И сакам витамини да памтам дал сум испила или не ...
Какво крварење? Поради што? Ти објаснила ли матичната? Инаку мислам дека сите ние имаме црни мисли и тоа е за жал нормално. Се плашиме за себе , за бебе, за се. Јас постојано си правам паники и имам лоши мисли , еве сега мм го препрашував што ми кажувале на скринизи и прегледи ми вика престани веќе и не знам како да си помогнам . Таков човек сум и по природа господ да помогне. Btw , слободно пиши ми ако ти треба утеха и муабет сме си пишувале и претходно, не си сама и сите овие мисли ги имаат сите некој повеќе некој помалку.
Мора да разговараш со маж ти да го прашаш каков им е конкретно планот, зошто ако немате простор кај ќе спијат тие луѓе. За брат му поготово снаата не знам што ќе бараат и нема ли да им е срам да дојдат ама за мајка му и татко му мислам дека треба да се договорите. Доколку имаат само тогаш одмор можеби да дојдат па тогаш маајка ти зошто колку што го сакаат едните го сакаат и другите. Вака излегува дека вие лесно сте се договориле со твоите, а другата бана не може да го види. Секако времето за одмор е недела дена или 10 и мислам тука можеш да излезеш во пресрет. Доколку си во добри односи со свекрвата можеш и директно да ја прашаш и да се договорите.
У иста ситуација сме, и јас кога ми кажа докторка од систина дека ризична е операцијата кај мене дека мора да се внимава...па леле колкав е миомов па кај со ова па зашто вака...јас бев у депресија плачев место да се радувам што после толку време сум трудна, си викав ако постои толкав ризик зошто ивф докторот не спомна ништо и сл. И јас освен со вас тука немав со кого да разговарам, за среќаа ја сменив докторката и сега сум поопуштена...докторот што го одбрав си е лабав не гледа ништо страшно и тоа ми требаше. Знам пак да си направам филм и да си поплачам ама ми проаѓа, ќе ве прочитам тука ќе го позамарам четџпт јас па и со др глупости се замарам вируси сипаници коксакими фалат луѓее гужвиии, децаата внуцитее...
Леле како јас да се прочитав. Јас важам зс голема паничарка и пред да забременам имав анксиозни моменти кои ми исчезнаа скроз во бременоста ама овие денови како се ближи денот ме завзема голем страв и мене да не ми се случи нешто. Сето тос е од што читаме и си ја полниме главата со глупости наместо да оставиме стручни лица да си ја бркаат работата, докторите сигурно знаат што прават и илјадници жени како нас поминале без проблем. Тоа е дека можеби немаме баш нормална бременост оти сме со терапија па сега се секираме да не ни се случи нешто. Јас повеќе имам страв од клексаните отколку од самиот чин, па да не искрварам, па да не му се случи нешто на бебе, па да не ме лупни тромб, абе греој сум а цело време докторите ми викаат нема простор за грижи ама ете, мислам дека нормално е кај секоја трудниц да има одреден страв. Само позитивни мисли и ќе помини се
Сите сме исти буквално како мозоците да ни се програмирани на исто на сите.И јас деновите пред пораѓај буквално истото го мислев но се помина во најдобар ред и бидејќи се породив во 37+ неочекувано тој ден имав и примано клексан па ете ниту искрварување ниту ништо.Минимално крварење имам и сега после 2недели
Јас не бев вака со првата бременост ова ептен психички ме мава, ем за пораѓајот што мислам уште сеа у 5 месец ем што ми се лоши волку и само си викам што ме натера да останам пак (прости ми Господи) .... Се плашам премногу за себе и за поголемото дете зошто тешко дека некој ќе го гледа......
Мајка ми не е проблем, и кажав ќе дојде Октомври кога ќе замине сестра ми , здравје боже. И за свекрвата ок, ќе се снајдеме и да дојди . Ама проблем ми се овие двајца, што не комуницираат со мене. Само на сопругот најавуваат дека ќе дојдат сите ко ќе се роди бебето. Притоа знаат дека сестра ми е тука и нема кај да спијаат. Незнам, се надевам дека само ќе се премислат и нема да дојдат Во спротивно незнам. Неможам да кажам , кажи му на брат ти да не идат. Само ќе си направам проблем со сопругот, и го знам неговиот одговор уште сега. Ќе каже сестра ти тука е , а јас да кажам на брат ми не иди немам место... Како и да е на крај пак јас крива ќе бидам.
И да се напиеш две, организмот ја прима количината што треба, другото го мочаш. Вака ме утеши другар доктор. Јас па и по 2-3 дена сум заборавала да се напијам. Ништо страшно.
Сестра ти е таму ама сестра ти е еден човек, утре и мајка му ќе биди и тоа е во ред, ама не е исто еден човек и една фамилија плус, па и дете со нив. Јас нема шанси да ги приберам, и ние планираме за некој месец откако ќе се породам да заминиме Германија ама гости да пречеквам на памет не ми паднало.
А каде ќе ве собере 6 возрасни особи, ако немате место? Чисто прашај го вака, да решите со време. И ако јатрва ти не збори со тебе, што ќе прави 10 дена кај тебе??? Ќе си ќутите? Мораш да збориш зо маж ти со време. Хормоните после пораѓај се
Секогаш кога ти доаѓа црна мисла одма помисли позитивно . Чим ти летне мисла одма помисли како ќе го држиш бебето во раце , првата средба . Јас сум сама скоро цел ден затворена во една соба буквално и врзана 98% од времето во кревет, како доаѓаат црни мисли така си одат. Верувам дека скоро секоја трудница имала период таков .
Јас толку многу црни мисли имав што барав низ форумов други жени што споделувале вакви црни мисли и проверував после дали објавиле нешто од тогаш односно дали се живи сега ми е смешно ама тогаш бев убедена дека е интуиција и дека нешто ќе се случи на пораѓај, па уште 10 минути пред да ме носат на бокс ми ставија некоја инекција, алергија направив не можев воздух да земам, ми се качи пулс 210, реков тоа е тоа до тука беше, ама ете пројде се, давав напони и наеднаш чув еден силен и милен плач. Не знам што е со твојов матичен, еве јас многу искрварев на пораѓај, и мануелна ревизија ми правеа, ме примија со 120 хемоглобин, вечерта 80 ми беше, бев на раб трансфузија да примам, спремни си се и приватно, не знам што доктори се тоа паника да сеат само. Нема правила ни на гак, таму има еден куп доктори, од професионалци до дудуци. Оди ти кадешто се осеќаш комфорно и кадешто ќе имаш доверба. Најважно е да се чувствуваш ти дека си во сигурни раце, твојата соработка со докторите и акушерките е 80%, само 20% е асистенција на персонал.