Поима немам стварно што гледаат. Ама откако така се роди син ми, тука по форумов имам прочитано за многу бебиња што се родиле така и се било ок, така да не е толку ретка појава, иако страшно звучи и иако носи знаеме какви ризици во најлош случај. Тоа е, Господ да не чува..
Смее ли да се пие чај од камилица за време на трето тромесечие? Ми помага доста со киселините и лошењето, ама наидувам на поделени мислења на нет. Зборувам за мала количина, еднаш до два пати максимум на ден.
На цимерката детето беше родено со папочна врвца природно два пати замотано немаше никаков проблем освен малку што му беше потемно лицето и рекоа ке се среди тоа за брзо време
Cela bremenost koga sum imala potreba caj od kamilica sum piela. Dva pati imav nastinka I so caj od kamilica so med se lecev ...
Син ми, кога се роди беше замотан со папочната врвца, среќа па се беше во ред. Природно се породив. Инаку на цтг и на контролите, др никогаш не го кажа тоа, дали дека нема видено или не сакаше да ме плаши незнам. Само секогаш кога сакаше да го слика, не можеше затоа што рачето му беше пред лицето. После пораѓај, бевме два пати кај остеопат, затоа што врвцата кај што лежела на вратот, му беше како вкочането и главата ја вртеше цело време на другата страна.
Чај од камилица е најбезбеден во бременост, при настинка само тој го пиев. Кога имаш потреба може да се напиеш, само избегнувај да е во континуитет секој ден по двапати.
Не ме малтретираш, тука сме да си помогнеме колку што можеме. Докторката на ехо виде,т.е. претпостави дека еднаш е замотана, кога излезе од мене беше два пати, се стаписав. Прво нешто се сеќавам што прашав беше жив ли е? Инаку природно ме породија, со провокации. Денот кога требаше да ме примат за да почнат со подготовки, мене ми напукна воденикот, па така и стигнав малку порано таму, бев постојано на цтг во собата. Сега читајќи други примери си мислам дека премногу голем ризик презеле, не знам...баш маж ми ми спомна пред некој ден, затоа што и тој беше присутен на породувањето, дека искоментирале дека папочната врвка ми била прилично долга, па затоа и не се случило нешто кобно при излегувањето, фала му на Бог. Затоа пред некој ден во темава пишав дека треба редовно да се следат движењата на бебето, особено последните два месеци, што се вика веќе знаете на колку време промрдуваат. Не сакав да внесам страв кај некоја од вас, само сакам да сте претпазливи за се да биде добро, секако колку што се може. Не знам твојот доктор што ќе одлучи, сепак тој подобро знае од нас, но со ова размислување што сум сега, да сум на твое место, за жал би инсистирала да биде царски. Не си прави стресови, потруди се да си смирена, само следи движења, ќе биде се во ред овој пат, верувам. Те гушкам
Пошто е најактивна тема, еве и тука ќе пишам. Продавам Cybex Balios S Lux комплет од основната единица за седење и корпата, црна боја. Единицата за седење е спакувана некористена воопшто. Ако е некоја мама заинтересирана ќе се договориме за цена
Извини што се вмешувам. На Чери не знам зошто не и кажале, дали виделе или не како што кажа и сама, но кај мене докторката го виде на редовно цтг. Одма ми рече дојди на ехо да видиме, и тогаш ми кажа што е работата. Вика се гледа дека лежи на неа и ја притиска, затоа и има прекини во тоновите, и претпоставуваше дека му е околу врат, што на крајот излезе дека е во право...единствено ден-денес не ми е јасно, како остави на мене да одлучам кој ден да се породам, и како. Баш сега се враќав по разговорите со другарка, цела недела траело тоа, од "дијагностицирање" до породување...
Јас кога бев на редовен преглед докторката си гледаше протоци и баш рече еве ја и папочната, околу телото ноџето и беше. Значи мислам дека се гледа не ехо ко што видов беше некако означена со друга боја , не сум доктор може грешам. Значи всушност може да се види и на цтг , луѓе човек само да не е раат... Уште малку да истерам веќе дете нз дали ќе имам уште едно(знам дека ова сите го викаат прв пат ама стварно....)
Фала многу на сите. Иначе терминот ми е 19 Август, меѓутоа моментално само лежев бидејќи покажуваше на ctg слаби контракции , за да не се породам пред време. Од утре сум 36 Недела, имам контрола , па ќе видиме што ќе кажат. Среќна сум што стигнав до 36 недела. Чуството ми вели дека ќе се породам пред термин , ќе видеме незнам. Се надевам 38 барем да стасам, нека расти бебко во мене.
На другарка само што влегла во 9ти на редовен преглед, ваљда и цтг виделе дека на бебе папучната е околу врат и итно царски ја породија. Бебето изгубило многу кислород па остана во болница месец ако не и повеќе ама за жал со последици, некоја врста на церебрална парализа има. Толку ме фака страв од тоа, само се молам се да биде добро
Баш жално...Дали и потврдиле дека последицата е од папочната врвца и губењето воздух? Или сепак било генетски, вродено?
Ајде, не се откажувај пред време Знам дека е напорно, ама тоа е, мајки сме... Допрва ни следат грижи и непроспиени ноќи додека од бебиња ги израснеме до луѓе кои ќе ги насочиме на прав пат.