Види убаво со големината, затоа што ако добро се сеќавам, облека на почеток на две недели му облекував бројче поголемо на син ми, затоа ова од 0-3 месеци ми мати ум. Штом немаш сила за шетање, пиши им на месенџер, сигурно ќе ти излезат во пресрет и ќе ти испратат слики. Бутикот за возрасни знам дека работи со достава, претпоставувам дека и овој е исто затоа што се на ист газда.
Лелее какво е убавкоо се заљубив. Ептен сакам женски дечиња. Уште ми е мака што на ќере неможев да и купувам што сакав од вакви џиџани работи . Затоа сега на 5 години има 10 фустани за дотерување, надокнадувам. Дефинитивно има послатки работи за девојчиња. Јас сега машко чекам и ништо неможам да најдам што ми се свиѓа, едвај за од болница најдов ромперче со лептир машна
Леле помагај, каде го најде ромперчето. Исто и јас чекам машко ама ништо интересно не најдов за излегување од болница. Или ми изгледаат многу обични како пижамки или пренатрупани.
Чајот ладен или топол го пиевте? Или не е важно? Со мед или без? Деновиве ме умреа киселини, па со муабетов ме погодивте во право време
Ve molam dokolku znaete da mi odgovorite dali toa znaci deka 1+2 IGG virusot go imam i oralno i vaginalno?
Чичко гугл и чатгпт викаат дека е ова hsv 1+2 igg е тестирање на вирусот херпес. 1 и 2 значи дека си имала и орално и вагинално. Имаш антитела
Sega me isplasivte so muabetot haha. Inace moevo celo vreme so papocnata vrvca pred usta e okolu lice (7mi mesec sum). Mozi od sega da ima nekoja posledica ili toa na krajo vo 9ti se gleda ?
Енци менци го земав и срце ме боли за парите знам дека 3 пати макс ќе го облече. Бела основа со светло зелено и зелена машна. Ништо нема и јас не наоѓам ништо слатко. Едвај бодиња најдов со предно закопчување.
Моето и покрај тоа што нели се роди со два пати замотана, фала му на Бог нема никакви последици, буквално здраво право дете е. Инаку пред лице, и околу врат не е исто, не се грижи. Ако добро се сеќавам, на последниот преглед што бев, на женскава моја исто и беше пред лице, ама тоа не е причина за грижа. Инаку, за членката погоре што праша дали мајката може да почуствува, за жал не. Ништо баш ништо необично не почуствував, затоа и ми беше кажано редовно да следам движења, ако не осетам во рок од еден час одма да одам. Неколку пати така се спремив да одам, и таман на врата ме фаќаше, ќе промрда и јас со срцето на место. Не се плашете, ова не се случува кај секоја бременост, а и гледате дека кога Бог сака, се добро завршува Како ме трие со ножињата, едвај ја чекам. Едвај чекам да дојдам 36та недела да почнам да и ги перам алиштенцата, само ги гледам тетра пеленките, такви розеви преслатки нетрпелива сум веќе
Јас го пијам без ништо и млак, скоро ладен, ама општо не пијам топли пијалоци и не ставам шеќер или мед во чај, па не ми ни текнало. Пиј си го како што си пиеш нормално чај, мене барем многу ми помага, конечно најдов некакво решение за киселините.
и мене колку што се сеќавам од минатата бременост кога влегов во 9 ти ми викаше докторката да пазам на движењата, ако осетам било што чудно одма да одам на преглед. иначе, јас 36та оваа недела, веќе од викендов планирам да почнам да перам утре сум кај матичната за брис и од наредна недела почнувам со цтг, не ми се верува како пројде времево
Леле ја се така си мислев, ама сфатив дека многу повеќе ми се свиѓаат и наоѓам за машки него за женски. Во Reserved на сајтот има преслатки . А јас за од болница ова му го земав, иако тек Ноември го чекам
Здраво јас имам една успешно помината бременост и една вонматерична бременост после успешната односно пред 2 години ми беше вонматеричната , сега ми е 29 ден од циклус , знае некогаш да ми дојде 31ден , 30 , 29 , ама јас пред 7 ден чуствував болки во брадавиците , и еве од вчера како да ке добијам секоја секунда ме боли стомак а не добивам исто имам и болку исто како кога бев останата вонматерично баш кај тој јајник , и половина ме боли исто како за добивање а тој јајникот повеќе , а не планиравме со мм бебе сега , не сум спремна психички , и не правевме бебе имавме односи незашитени ама завршуваше надвор , се плашам многу од таа вонматерична па прашувам за искуство извинете на долгиот пост
Знам дека пратиш кај Афродита бременост, не верувам дека би ризикувала ако види дека нешто не е како што треба, јас безрезервно и верувам и секогаш испаднало како што кажала. Мене вака ме преплашија во 9 месец за папочната врвца и ја прашував баш др, таа ми рече се следи тоа, и е цела наука, само ние сме доста неинформирани, тие како доктори си знаат што прават. Секако ако ти би се осеќала покомотно, оди со закажан царски.