Не знам, јас кај матичниот ги правев скрининзите и на државна отидов за второ мислење, матичниот најдетално ми објасни се, и тоа на 4 д ме гледа ќ, не сфаќам зошто толку наплаќаат во приватните. Во Плодност на пример сите доктори се бивши доктори од државната, и не гледам причина зошто да се оди на приватно за скрининг ама добро секој си одбира за себе, свој џеб свои одлуки и поштовам. Јас направив и посебно ехокардиографија иако немаше индикации ама по препорака од докторот што ќе ме пораѓа во Плодност, така работеле тие, све за пари. Не ги жалам воопшто парите ама буквално 5 мин траеше прегледот и истите раб шо ми ги кажа и матичниот и таа ми ги кажа, ама добро да си сум рајат.
јас да се пријавам поминато уште едно цтг и ехо мирно и добро, терапијата со режим на исхрана, за притисок и клексани функционира белки ќе го дочекаме тато да си дојде до неделаденес посета на анестезиолог,брисеви,крв ме прошетаа малку низ систина и пон повторно на цтг.Да знаете ако ме нема на пораѓај сум во врска мислењето со @fragaria јас не верувам дека има трудница што нема помислено макар и една црна мисла баш стравот со папочната врвца го споделив со матичната уште пред нз колку време ме искара и ми рече да не мислам на тоа дека бебињата често си играат со неа ќе се заплеткаат па ќе се отплеткаат па некои нарочно ја притискале п.врвца., туку мене како ми се ближи терминов некако малку паника ме фаќа дали се ќе биде во ред, дали ова дали она 1000 зошто 1000 затоа.
Да така е Фала ви на сите што пишавте оти реално многу ми е и чудно и тешко што ми се прави притисок со такви мисли оти воопшто не личи на мене тоа, не сум била ваква реално никогаш во животот... И не можам да разговарам некако освен тука со вас што си најдов утеха и навистина многу помага тука разговор, барем малку по ок ми е внатрешно во мислите... Со само тоа што очигледно на скоро сите трудници им се дешавало Може треба и да си поразговарам со психолог ама на топлово тешко да барам допрва Плус мислам дека не ме преовладува така да засега феминки ми се психолошка поддршка
Sakam da ve prasam dali kaj tie sto primale utrogestan skoro cela bremenost se pomali sansite za priroden poragaj ? Ili dali potesko odi otvaranjeto?
Зато си сме тука, да си се тешиме оти сите сме исто, јас искрено многу корисни работи најдов тука, и благодарение на постовите тука стигнав и до Јани и фала му на Господ засега се е во ред.
Јас ставав од 15 недела сега сум веќе 35. Никој не ми кажал дека нема да можам да се породам природно. Престанав да ги ставам кога влегов во 35 по препорака на гинекологот.
Знае некој зошто оваа недела владата нема препораки за ослободување на трудниците од работа? Минатиот пат на 7ми и 8ми јули температурите беа за некој степен пониски од сега, а владата сепак излезе со мерки Да не има некој прес, нешто а да не сум видела. Навистина е пеколно, не се издржува надвор да се движиш во 15 часот...
Ne deka ne mozi ama kao potesko bilo... procitav negde i zatoa me interesirase dali ima vistina ili ne
Зошто ги заболе ете затоа. И јас барам да најдам не можам. Ми излегоа во пресрет да работам од дома, ама на 42 степени никој не реагира, што среќа ќе имавме оваа година
Хаха јас и утрогестан и циклогест по две и се отворив во 32ра, ништо душо нема тоа везе, помага колку толку ама дека може да влијае до тоа да не се отвориш кога ќе дојде време, ако тргнало да се отвара ништо неможе да го сопре.
јас ставам од сам старт поради крварење тогаш уште во 6та Нед и сеуште ставам Треба до 34-5 Нед така ми кажаа Никој не ми напомена дека има некое штетно дејство или таков ефект засега
Јас го корисев на почетокот, добар е. После се префрлив на ариел. За флеки исто е добар од фрош гелот, овој
Да, да, приватниве фирми едвај чекаат да те ослободат. Јас прашав уште кога излегоа мерките пред некоја недела во ЧР, рекоа ако е само препорака а не е задолжително, не ослободуваме. Среќа шефот ми е разбран човек па ми дозволи од дома да поработам, не сум ослободена ама и тоа е ок.
Претходната прва бременост цела бременост бев на дабростон прво,па на утрогестан и во 9 месец кога влегов го прекинав. Природно се породив