Два три дена имам вртоглавица некоја чудна… притисок океј, одмарам и пак ми е така. Пред недела проверив крвна слика океј беше хемоглобин, хематокрит. Не знам дали е нормална за второ тромесечие? Т.е дали се случув
Јас 21 недела вртоглавици, не гледам убаво темно ми е пред очи, некад дури и ко несвестица ме фаќа...
Мене знаеше да ми се сврти тој период, се беше нормално ама железото нагло ми падна во втор триместар, од таму мислам ми беа вртоглавиците мене
јас само што влегов во втор од задутре сум 16та недела. Ако не ми пројде за недела ќе проверам и јас. Може и мене нагло да ми падна
Јас имам многу од 14 та недела контантно, сега сум во 19 та и уште се мачам, а плус ме згази некој вирус трета недела се опоравам. Исто мислев дека е железото дека со првото имав ниско, ама не е, одлично излезе.
Кај мене на работа сами ми реагираат зошто одам на топлото и присилно ме ставаат дома бидејќи знаат дека сум мрдната и одам и веројатно ги мава на психа дека може да побарам порано патолошка, а реално доста им вршам работа така што имам среќа веројатно, ми викаат и кога сакам да не доаѓам или да си одам само да сум добро, за што сум искрено преблагодарна и веројатно поради тоа и што биле секогаш коректни многу ја сакам фирмата и буквално гинам за се што треба. За жал кај нас работодавците некако еднонасочно го гледаат ова, не сфаќаат дека утре треба и да се вратиш и да имаш желба да продолжиш да работиш. Криво ми е што некако гледаат на вработените како заменлива категорија пиунчиња не како луѓе што имаат чуства и потреби. @fragaria последно гинекологот ми рече да идам на психолог бидејќи се имам утрипано дека пред време ќе родам и дека е ниско бебето и дека може да прокрварам anytime. Искрено не знам дали не ми се основани мисливе бидејќи ТВРДАМ дека првото беше повисоко поставено и пак во 8 ми месец се отворив 3 прста, а носам големи бебиња. Сега ова се колнам дека е една рака под папок и мава во бешика и денес му покажував на мм бидејќи почна да се гледа. Така што се надевам ќе издржиме без да се изреметиме инаку јас ако продолжи вака ќе си ја барам мојата за советување пред да забегам