Да, исто и кај мене, кога мрда баш доле кај јајници го осеќам.. ама ајде ќе почекаме уште некоја недела да видиме па тогаш како ќе ни биде А за болки незнам, еве и тука кај мене само парацетамол/acetaminophen даваат за се'
За струјава мислев единствена сум , кога ќе станам нагло или одам повеќе како струја ми поминува Исто под папок ич не ја осеќам се на десно ребро
Не искочила ..сеуште јас заборавив дека сум трудна од други глупости и здравствени проблеми во моето семејство ..ајде ќе биде се..па и она мирна си седи чека да се стабилизирам..иначе 39та сум веќе и со топлово не можам многу ми е безвезе
Не сум на цтг бев вчера и во четврток сум пак океј е се ..има вода нема болки не сум отворена ..малце ме фаќа паника ..
И јас со забот се намачив, ми потпомина од парацетамол ама морав на забар, требаше нервот да се умртви. Исто накај крајникот ме болеше и накај увото. Ако имаш можност појди си на стоматолог
36 Недела официјално Бев денес на преглед. Незнам какви се прегледите во Македонија. Тука ми прават само цтг. Немам контракции, и забрана за движење немам веќе. Ама тешко се движам, тешко станувам после толку многу лежење и одмор. Прогестерон и магнезиум до 37 недела треба да земам. И само цервикс ми измери 12 мм. Значи за две недели од 27.7 на 12 мм. Вагинално ме провери , бебе ниско во карлицата само кажа. Сега ми е јасно зошто неможам да одам. Ме боли долу кога одам. И тоа како да ме штрекнува нешто и јас го чуствувам. До сега 14 кг сум поправена Секоја контрола ви го мерат бебето и ви кажуваат за плодова вода? Мене не ме гледале на ехо од 30 недела, тогаш беше отприлика 1600 гр. Следен термин ми е на 1ви Август, ако не и последен. После имале одмор, и ми закажа 21 Август во случај не се породам до тогаш Ептен страв ме фаќа и паника искрено. Како се подготвувате психички за пораѓај? Читам многу жени пијаат чај од малина, прават вежби , урми , ананаси, чуда. Јас пак се плашам, се плашам да не почне пораѓај, да не е бебето мало. Цел тој страв ми е од ко почнаа да ми забрануваат, да не се движам, да немам односи, па плацента превиа во 12 недела Па едно време имав отоци, ајде од седење и од стоење ти е многу. Движи повеќе, па пак не движи цервикс скратен и толку ме збрлавија Се тешам дека се доаѓа во прав момент. Ќе започне тогаш кога треба. Ама сепак напати анксиозните мисли се присутни.. Сопругот ми вика , јас мислев ќе направиме дете , 9 месеци и оп ќе се роди. Ова вика, уште не родено остарив 1 година од стрес И него го подготвувам што да очекува, а јас ни сама незнам што ме чека. Ќе присуствува на пораѓај кутриот Незнам дали е подобро со или без него искрено. Ако му текни да припаѓа , ќе му кажам да си излези.. Ај доста е за денес. добра ви ноќ
И моето е изгледа в карлица спуштено затоа не можам да одам и ме штрака долу, си се мести кутрото за природен процес а јас си зацртав царски Како не има Господ сабајле утре кога ќе станам да ме фатат некој болки ни епидурал ни ништо да го прднам во две минути
јас и ти сме ден два разлика со термин и јас сум за еден ден 36та, исто сум поправена 14 кила. вчера бев последен пат кај матичната, за тој последен брис шо се прави, ме гледаше на ехо, околу 2.800 го измери бебе . наместена си и мојата ниско доле, не знам дали ти е прва бременост, мене ова ми е второ, скроз различно од првото, сега веќе сум со болки од пред некое време, бебе преактивно, цело време нешто ме боли, нешто ме сече... со првото ништо од ова немав, многу мирно бебе во стомак си беше. е тогаш мн лабава бев околу пораѓајот, некако не знаев баш шо ме чека и си викав ај бе кој се роди дете, можам и јас е сега сум под стрес многу повеќе него тогаш, ама некако сите ме тешат дека вторите многу полесно излагале . како и да е спремни ние или не, бебињата за кратко ни доаѓаат, јас почнувам со цтг од наредна недела, а докторката што ми ја води бременоста оди на одмор и се враќа кога ќе бидам полна 39 та, тоа малце ми прави дополнително стрес, дали ќе ја дочекам или не, ама тоа е што е. од викендов планирам веќе да почнам да перам и да спремам торба здравје