Како мерат не знам. Јас прво нс ЦТГ бев мирно беше, нс ехо рече декс е поголемо не успеа да измери убаво ама рече сигурно е околу 4кг,ме погледна странично стомакот и вагинално ме прегледа и рече декс не е влезено во карлица и ми закажа царски, малку неочекувано ми беше и не го ни разбрав најубаво зошто
Јас си се спремав психички за бебе ама мм уште си немаше легнато на брашното и когс кажс докторот понеделник царски он почна да се смее со солзи дури оти сега му станува реалност само он не знае со зборови да си искаже. Мене ми е само дека немс да бидам на почеток исто функционална како со природен ама се нека си е како што требаа со нетрпение го очекуваме да стасаа
Јас завршив со цтг, мирно цтг, ме прегледа и со рака и вагинално и абдоминално, бебе е високо сеуште, цервикс 40 мм, плодова вода доволно а бебе околу 3 кг, абер немам за раѓање а мислев ќе ме закажи царски ради терапијата и дека матичниот ми викаше цело време големо бебе а јас мала. Во Плодност мерките напротив, кажуваат една недела помало бебе, а на претходната недела два дена помало, ми рече дека цело време различно си расти бебето и органите различно си се оформуваат, рече дека е супер се и да си уживаме и повеќе односи со мм Ќе си го носам јас ова уште малце на така ми личи мене.
Се надевам ќе е тука и за мене, кај ќе барам пак друг доктор у последен момент. Ако отиде он на одмор кој ќе ме породи... Јас треба да бирам или си има замена докторот? На 12ти имам цтг кај него закажано, па ќе прашам, ако е он хаха
Кога доаѓа спонтано мислам дека некако е полесно за сите, но ете за жал има моменти кога мора да се испланира, па тогаш е особено тешко за сите. За опоравување не се грижи, познавам жени кои многу брзо се опоравија после царски рез, еве и тука има многу кои за кратки време почнале нормално да функционираат. Да те утешам, првиот пат бев природно, па што дека кога не можев да седам. Дали дека долу бев малку шиена, мислам дека две недели не можев да се истрпам, ем шиена таму ем крварев, па споро зарасна раната поради тоа...се си има свои предности и недостатоци
Дали и вие кога ќе ве удрат бебињата вие продолжувате да ги "малтретирате" со буцкање на стомакот само да ви возвратат? Значи обожавам штом седнам во полулежечка положба одма го осекам и продолжувам да го буцкам, да го "малтретирам" за да ми возвраќа
Кога ќе се испрчи целата на едната страна ја галам, па кога ќе бутка со ножето ја буцкам со прстот и го допирам ножето(најверојатно).