исто така правам Дааа баш И исто како @jagoda777 некогаш се прашувам дали може многу не треба да се допира мешето
Terapijata kako sto znam ne igra uloga. Ako te zakaze carski ti kazuva koga da prekines jas na primer petok posledno treba kleksan da se bocnam sabota i nedela da ne se bockam. Ako nemas drugi indikacii za carski ne gledam. Pricina zosto radi terapija da ne mozes prirodno
Здраво на сите јас си пијам Мг малате,Ферозомал и Новалак пренатални..до кога да пијам..не се прекинуваат или..доколку имате сознанија ве молам да ми кажете.Лове ју алл
Пренаталните витамини мислам дека треба да се пијат и после породувањето ако се дои А магнезиум секој различно кажува и јас не знам до кога да пијам Исто и за токорелакс не знам Ама мислам дека до 35 Нед секако треба а може и до 38 ма нед
Ич да не се секираш, и јас бев така во 38ма недела, 39+1 грлото ми беше 27мм, докторката ми вика чекаме до 40+3 и провокации и јас почнав да се стресирам готово ќе надносам и до вечерта ми пукна водењакот се породив 39+2
Дали има некој стомачен вирус? Два пати бев денеска со течна столица ептен ко вода дури ме исцрпува на жештинава
Ехо тоа грло го имав во 21ва, имав некој скриен слаѓ, прва бременост без претходни абортуси, чисти брисеви, чиста уринокултура. Грешка направив не примив тројна терапија од старт кога го видоа слаѓот. Не е страшно ми викаа, и на 26та недела беше 1.4 и од тука лежење болници чуда терапии. Се породив 32ра, среќа све добро се заврши. Едно Наровучение, не е за плашење туку за делување, мирувај, без односи, терапија све : ферона, магнезиум 1200мг земав, но спа ( спазмолитик намалува контракции ослободува матка) прогестерон сабајле вечер. Ако ти дале дел, ако не подпрашај за терапијава. И прави прегледи мерење еднаш неделно на 7 дена да видиш како се движи. Кај секого е различно има жени со 1.3 издржале до крај влегле во 34-36та сигурна недела има и други искуства. Јас се отворив во 31+5 се породив и покрај лежење дома и лежење во болница и терапија и све ( сепак сум среќна и толку што издржив) . Само не го оставај, не е страшно добро е грлото тие филмови. Не треба да е толку грлото, со терапија може да се подобри, јас од сите добив одговор дека тројната антибиотска терапија е како серклаж и многу помага ако се даде на време. Нешто го крати грлото и треба да видат што. Брисеви правеше све чисто беше?
Само уринокултура (тоа чисто), брисеви не. А и мене почнаа такви мисли да ми се вртат, дека може има нешто што го крати, не ми зеде брисеви ништо... ќе се јавам утре да побарам термин, да направам муабет. Од што испаничив и се збунив цела ништо не го ни прашав, ниту кажав
Ве читав за на кого му годи топлово, на кого не. После вас се чудам што ми е. Јас сум комбинација. Надвор нема шанси да издржам, презагушливо ми е. Гледам дека над 31-32 степени (на тераса имам термометар па гледам), јас веќе не дишам и бегам внатре. А на туширање сум циркуз, се туширам со топло-жешка вода До лани, секое лето кога бев сама дома ја оставав вратата од тоалет отворена затоа што ми беше презагушливо и се туширав со речиси ладна вода, а сега обавезно затворена врата, ми дува Исто така, до лани не пиев вода од фрижидер, сега ќе повратам ако е од чешма. А кога ми жешко правам како @MorskaSirena, дланки под ладна вода и уживам. Не можам да најдам НЗС...
Мој совет знам дека ти е тешко опуштено само и позитивно.Примај терапија ,не седи тоа допринесува за кратење на грлото повеќе лежење.Припазувај на исхрана и тежината на стомакот влијае. Направи си брисеви,и почести контроли.Кај мене грлото во 6та недела беше 30мм,најмногу беше 34мм послем серклажот.
Метронидазол, Кларитомицин ( или азитромицин) и Панцеф. Во комбинација се дават сите три и има мн добар ефект на скриени инфекции или амниотска инфекција - слаѓ, после тоа грлото се задржува на таа или се подобрува затоа што е мускул.
Да смири се Ехо, зошто колку повеќе паничиш, правиш стрес на телото и матката, смирено спреми прашања и побарај да ти земе брисеви. Да знаеш што да третираш. Зошто прогестерон не е баш терапија да седиш само со тоа ако има некоја инфекција треба антибиотик. Многу жени поминале и многу често е тоа кратење на грлото во последно време незнам зошто искрено, ќе видиш и во групата можно предвремено породувањето. Тој слаѓ ми се појави после два месеци лежење имав крварење на почеток од бременост хематоми и после се појави слаѓот... па го нема па го има... дали не го гледаа на ехо незнам ама го кратеше грлото. Биди добро кога сакаш пиши ми ако имаш некои прашања.
Оти ако ме фатат болки а да се имам боцнато клексан треба минимум 12 сати се поминати за да ме боцнат со епидурална. Е сега познавам жени тука што и помалку сати поминале ама протоколот е тој. Докторот вика првородка не се отвора така лесно и да не се секирам, ама пуста паника.
Здраво Минатиов период имав често мокрење. Матичниот ми зеде брисеви од вагина и цервикс. Го добив овој резултат. Термин за преглед имам дури во Понеделник. Дали некоја има слично искуство со ваков резултат. Ме фати паника, 21 недела сум. Освен често мокрење немам други симптоми. Претходно брисевите беа чисти…