Не ми е јасно едно, на 22 Април брисевите беа чисти. На 30 Јуни сопругот имаше епидидимитис и направивре спермокултура испадна чисто.
Тоа мила само значи дека ако раѓаш природно нема дс биде безболно и контракциите ќе ти бидат болни. И да треба царски нема да бидеш сигурно прва што боцнала клексан па за брзо ја направиле царски. Уживај уште овие недели додека ти дојде бебе телото само ќе ти каже. Јас што немав среќа за природно немав ама нека сме живи и здрави нека ми дојде синко на свет па како сака нека е
Ги видов резултатите, ова е PCR метода и е најточна, а претходните брисеви каде ти беа правени? Бактериите воопшто не се наивни и уреаплазма и кламидија, едино да ги помешале, ако се сомневате повторете ги брисевите, ако се покаже дека ги имаш, антибиотска терапија обавезно. Имаш ли зголемен исцедок?
Претходните ги правев во Генеа на приватно. Сега овие се направени во државна. Не сум мирна, сакам да ги повторам се сомневам дека нешто не е во ред. Често мокрам единствено тоа ми е симптом
Тие во генеа претпоставувам не биле PCR метода која преку днк ги детектира патогените, што ја прави поточна, може не се се размножени доволно за да ги покаже на обичните брисеви, може и тоа да е. Ако повторуваш, повтори исто со PCR метода. Од друга страна гледам нормална микрофлора со 85-100% лактобацили, тоа се добрите бактерии и обично кога има патогени бактерии, средината е нарушена.
10 та недела сум бремена,имам како некоја болка во долен дел на стомак како грчеви не се јаки ама се непријатни,дали е нормално или да си закажам контрола
Ќе треба терапија антибиотска, ќе ти даде матичниот гинеколог. На микробиологија ги правеше во државна?
Здраво 19 недела сум Вчера со крварење и воден исцедок бев примена на ургентно Бебе, водењак, плодова вода се е во ред Водењакот почна да се спушта низ грло Цервиксот е 19мм Искуства и совети?
Ако имаш можност повтори ги на приватно,мене два пати ми згрешија на микробиологија,еднаш дека имам бактерија,и еднаш дека имам ЦИН 3 ,што се испостави дека немам кога си ги направив приватно само џабе си се нервирав,и не би правела пак на микробиологија
Многу ми е нелогично да имам Халмидија кога со сопругот прв пат почнав односо. Исто и тој со мене прв пат. Не менувамњ партнери, немало ситуации да се сомневам во тоа… многу ми е чудно овој резултат како излезе ваков
И мене исто ми искочи кламидија,затоа и се посомневав и тоа бев бремена со второто тогаш и матичниот се сомневаше и ме прати на приватно и испадна дека немам,затоа најсигурно направи си уште еднаш за да си бидеш мирна
Жал ми е што поминуваш низ ова. Дали те хоспитализираа? Доколку е возможно да се аплицира серклаж под итно. Побарај и второ мислење ако треба.
Да, ме хоспитслизираа Не се за серклаж бидејки се плашат од инфекција бидејки црп и леукоцити се високи или при самата интервенција да не се дупне водењакот
Во однос на уреаплазмата - што ми се случи мене. Никогаш во живот не ми излегла на брис, никогаш. Правев брисови месец пред забременување, па после во 12 недела, и двата теста беа чисти. Со оглед на тоа што во рана бременост имав кафен исцедок - секс немавме, ниту пак во тој период сме биле разделени со маж ми, немало ни 5 мин да сме настрана еден од друг. Околу 14-15 недела имав засилен исцедок, како кандида ми личеше, ама имав и пак две три кафени капки, и тогаш докторката ајде ќе те гледам вагинало под спекулум. Ова ми се случи подоцна вечерта, и кога отидов на дежурна имаше ептен гужви. Пред мене имаше трудна жена - со една постара жена, веројатно и таа со некоја мака дојдена, ама и постарава се прегледуваше. После ме прими мене, и толку набрзина ме прегледа - стварно не знам дали беа запазени сите хигиенски протоколи. Исцедокот засили, но беше бел, без мирис, чешање и сл., имав само често мокрење - како што кажуваш. И ајде во 18 недела заради тоа, направив нов брис и уринокултура. На брисот се покажа уреаплазма. Па тој еден безобразен матичен што имав, леле ... му викам ниту секс сум имала ниту ништо, како може ова да се случи... Тој почна да се заебава со мене - демек од маж ти од каде, ти ја донесол од некаде. Џабе се објаснуваш. Цврсто верувам дека на прегледот што го спомнав погоре бев заразена. Подоцна наоѓав истражувања и статии каде јасно беше нагласено дека иако во поретки случаи, може да се деси заради недобро стерилизирани инструменти, или непедантно променети ракавици и сл., Подоцна направив и во приватна лаб, уреаплазмата си постоеше.
Ајде тогаш позитивно, ќе го средат тоа, и таа инка или фунелинг што го влече водењакот ќе се повлече, значи ќе се среди све, добро е пак е на време фатено. Ќе се изборите