Има на форумот многу случаи со серклаж во подоцнежна бременост со среќен крај. Дали ти земаа брисеви, барем да се осигураат дека го даваат правилниот антибиотик? Супер што си хоспитализирана, сигурно ќе те следат и ќе биде се во ред
Долго време се мачев со грлото и јас кратење и секогаш терапијата помагаше се повлекуваше инката се подобруваше грлото, лежев и на ПИН на клиника и во ремедика еднаш.
Не се фарбам ама правам нокти. И сега оваа бременост и претходната. Ги извадив негде средина на 8ми месец и сега планирам исто
Општо. Никад не сум се фарбала. Ама знам дека има фарби без амонијак која е безбедна за трудници. Нека кажат тие што се фарбаат кој ги користат
И јас не се фарбав пошто не се фарбам и онака, нокти не прекинав да правам дури кога влегов во 9ти ги извадив.
Дури сега се исфарбав со фарба без амонијак, во 8 месец. Во првите 3 месеци ептен пазев на се. Ни фарба ни лак, ни козметика...Ама не одев на работа, да одев сигурно би се исфарбала...за дома не ми беше битно таман си одморив коса, кожа, нокти... И на храна пазев гледав да јадам што повеќе протеинска храна.
јас се исфарбав без амонијак таму при крајот на 3 мес, а вторпат во обична фарба 7 месец и сега пред да се породам викам да се зашлакам дома малку од малку. прашање за тие што се при крај дали имате болки во половина од што тежи мешето? на последни сили сум ни можам да седам подолго време ни да лежам
И двете бактерии може да влијаат на плодот … посебно кламидијата не е наивна бактерија и е пренослива сексуално и води до предвремено пукање на водењак - не е за плашење само итно да се реагира за да се уништи! уште утре прави контролни брисеви и ако покаже исто итно антибиотици
Гел лак правам. Еве сеа во 8ми веќе нема. Не се фарбам, односно шатирам. Малце имам бели конци низ косичево ама не е страшно, не ми расте цел корен бел уште.
Болки во половина , кај папокот при вртење , ма секаде. При спиење не се ни вртам веќе знам дека е немогуча мисија. Сликовит приказ каква сум секој ден
Од каде купувате комплетче за излегување од болница? Во 9ти влагам за 1 недела, па ми треба хелп како да го облечам ....
Кога сме кај облека, дали некоја има нарачано од тему? Има убави работи пишува 100% памук ама што знам за новороденче.. За големава имам нарачувано маички, чорапи,ѓаки, дукс ама не ми е исто дете од скоро 5 год и новороденче..
Јас ќе го облечам во некои убави шпикозни памучни, џабе да давам пари за комплетче, за мн кратко само за сликање. Сепак е бебе и најубави ми се у такви бебешки. Не се замарам, барав и кога ја видов понудата вака одлучив Секако ќе бидат најубави