Јас порачав онлајн на инста има профил, памучни бодиња изработуваат по ваш избор, многу се коректни и услужливи. Еве го комплетчето Е сега не прашав за големина и малце големко ми изгледа, ќе видам откако ќе се испери., назад е со дрикери и низ цело кај ногавиците. Ако е мн жешко ќе го извадам во ромперче, си зедов од h&m
Од muppet kids нарачав комплетче блузиче и пантолончиња како ромперче ќе дојде чекам да стигнат се надевам нема да се големи и ќе можам да му ги облечам. На долги сигурно нема да го изнесам греота е пеколно е надвор ќе биде и наредна недела сигурно
Во половината, во стомакот ако стојам подолго, ако одам подолго, ако седам подолго. Станување од кревет веќе е историско и да не ми се оди во вц додека станам мислам се помочав готово. Денес глава цел ден ме боли сум спиелс малку не поминува. Од една странс и подобро царски што ме закажаа побрзо ќе се олеснам на времево оти не ме бива веќе
Итравенозно магнезиум, атосибан, антибиотици неколку вида различни исто интравенозно. Циклогест сабајле вечер.
Па така почнуваат со лендацин ќе ти направат пак крвна анализа ако се високи леукоцитите ќе сменат антибиотик, мене високите леукоцити ми направија контракции и затоа дадоа и атосибан. А и два пати зреење примив еднаш првиот пат кога бев две недели во болница тоа беше 28 недела и после 31ва кога ме примија исто пак зреење. Битно си под надзор сега не се секирај.
Се фарбав 14 та нед со професионална фарба со амонијак бидејќи и кога дознав дека сум трудна веќе бев за фарбање ама си реков ќе се стрпам три месеци. Штом поминаа не се трпеше и почекав уште нед две и се средив
од нигде, се утепав од барање, не сакав класични оние што ги продаваат цела кутија ствари, нигде не најдов ништо, решив да ја извадам во најобично бело боди на кратки и доле земав на долги памучни и бели чорапчиња
Јас купив од енци менци едни шпикозни убавки и така ја извадив, и во нив пливаше мн мала беше 2200 ми ја дадоа, тоа беше мај, сега е топло нешто поедноставно да е памучно ❤️ треба да му е згодно на бебе.
шпикозни на долги имаше и сега избор, јас сакав да најдам на кратки, ама нигде немаше мали бројчиња, а некако не ми е август за по долги да ја вадам, поише ми е кратки ракави барем горе.
И јас се мислев дали кратки или долги ама не е до толку страшно, ионака е климатизирано во болниците, во кола ќе изладиме со клима, нема да биди ич изложено на топло. Плус сигурно нема да не испуштат од болница во најжешкото, така да тоа е најмал проблем. Туку ако продолжи вака времето како ќе де ладиме по дома. Ние за во спална зедовме вентилатор, ја пуштаме и климата од дневна со врата отворена и достигнува супер температура ама па не можам во спална да седам цело време со врата отворена, сакам приватност. Спалната ни е на запад и кога ќе се вжешти бетонот навечер неиздржливо е спарно, денски е супер. Дај нека не поштеди времевоз не мора и Август да е пекол
Исто, несоници навечер ама затоа денски не можиме да се донаспиеме. Мислам дека цел ден го преспивам, како комирана сум, мм иди во спална и ме проверува насекое
Ноќеска сакав да пишам тука, малку порано од тебе, околу два и пол. Сите теми мислам ги прочитав, ама сон никако. Веќе неколку вечери заспивам околу 3, и сакав да ви пишам алал да ви е, си спиете, но не било така Кај 10 навечер ме фаќа сон, после тоа не знам што ми станува, 11 и пол-12 веќе не можам да заспијам кога ќе легнам. Жештини, не можам да се наместам, вода ми се пиело, ми се мо*ало, лудува малава... Па уште и кога ќе заспијам, после саат-два ете го син ми ме вика за да мо*ка. Во 7 станува за во градинка, спиење на рати уште сега, ова како подготвување за кога ќе дојде бебето
Јас два пати во прво тромесечје се фарбав.. сепак прашај си, ама мене ми рекоа дека не е никаков проблем. Со фарба без амонијак.
Јас кога кажсв во Систина на сестрата низ муабет дека не спијам добро често дека се будам она ми рече дека се спрема организмот се навикнува. Ноќеска климата во спална, покриена и станав само 2 пати за во вц и можам дс изјавам дека сум наспана. Затоа се разбудив со пролив и нервози. Не може се да биде погодено
Што ти е природа... Првата бременост мислам дека само во 9ти месец не можев да спијам, киселини имав 24/7. Може и во 8ми да ми било вака, а да не се сеќавам. И навистина нема друго логично објаснување за ова неспиење. Само кога ќе се сетам, две години најмалку по породувањето јас не можев да спијам до 2, 2 и нешто, иако син ми веќе си спиеше по цела ноќ долг период..едвај ми се врати организмот во нормала за тоа кога е време за спиење А јас ненаспана не сум јас