Туку, некој период веќе чуствувам нешто па да ве прашам дали и кај вас е исто. Тешкотија во дишењето често пати чуствувам, но многу често се случува тој притисок да го чуствувам во најдолниот дел од грлото, мислам дишникот дека е таму. Како да ме стиска баш таму кога не можам да земам воздух. Вака е и кај вас или не?
Поготово кога ќе легнам да спијам, додека се наместам како маратон да сум трчала и притисок на бели дробови осеќам.
Здраво Ме интересира дали некоја од вас има инфо околу одложено пресекување на папочната врвца И дали се применува на ГАК ако има желба на мајката и секако услови во моментот во однос на состојбата на бебето?
И јас да се пожалам, со спиењето сум катастрофа уште од 7- 8ми месец, а сега па 9ти ужас. Навечер не можам да ја догледам серијата, спијам. Штом се префрлам во спалната почнува голгота, климата пуштена, маж ми се покрил како мумија со фротирка, од мене вода тече, главата, косата, жива вода. На 10 мин се вртам на едната па на другата страна, а во меѓувреме по сто пати станувам да мокрам. Веќе дома сум, не одам на работа цело време седам под клима, од дома не мрдам, штом испаднам надвор ми се слошува, ми стежува. Како седнав дома гледам имам отоци и на нозете и на рацете, а и притисокот ми се покачува 130/80 никогаш не ми бил. @Puffy2019 мене ми е отежнато дишењето, во зависност од тоа како ќе седнам, легнам, место не ме фаќа, ќе поседам, па ќе станам, особено па ако каснам нешто, како балон сум, секој момент мислам дека ќе пукнам.
Како ми фали времето од прво тромесечие, кога заспивав секаде, и во седење, во возење, а бе за неполни пет минути заспивав. Да прашаш доктор за притисокот? Не можам да се сетам дали @MorskaSirena или @nice-girl пишуваше тука дека имала таков притисок и дека морала да внимава. Отоци во 9ти месец се за жал сосема нормална појава, само нели зависи до кој степен. Јас најмногу се потам на будење, не знам зошто баш тогаш сум најјјиспотена. Мене пак почна пак да ми се снеможува во телово, како пред паѓање. Мускуливе на рацеве ги чуствувам како да немам сила за ништо да кренам. Вчера се изнервирав не успеав да се избањам, таман влегов во када, немаше доволно притисок, па водата беше свежа и згора на тоа, почна да ми се слошува да не можам да стојам на нозе. Сега ми е слично, страв ми е дури сум сама да влезам да се средам...кој знае дали ќе се среди ова откако ќе се породам.
И мене така ми се стежува, морам одма да седнам, никаде не одам сама, во маркет неколку пати така ми се има стежено периодов, наеднаш.
Јас со вирусов со течна столица си завршив на инфузија, малку ме оправи ама уште ми е тешко... А ноќеска треба да тргам на одмор гинекологот ми вика оди ова уште денес утре највеќе ќе трае ама како ќе оди човек бледа ко крпа сум се осеќам дека на шкрги дишам...
Мене ми е страв на депилација да одам и се сама се средувам , сега веќе ми е огромен стомаков и тоа е борба за живот буквално , тегнење , потење. Мм нема шанси да ми помогне страв му е и само седи до мене да не се онесвестам и од топло и од нервоза....
Ќе се опоравиш таму, само со ведра мисла биди, не мисли на тоа како ќе се снајдеш, дали ќе ти помине и сл. Првиот ден ако не можеш, одморај. Ти секако внимавај, ако осетиш потреба да седнеш-седни, ако ти се спие-спиј. Ама ќе помине, вирус е. Ќе се вратиш освежена, сигурна сум
Да јас имав таков притисок негде од 8ми месец и отоци на нозете, од колено надоле, ко шрек бев. Ми рече докторот пази на солено и пиј вода повеќе ама ја не го сфатив баш сериозно и завршив со притисок 170/100. Со недела дена во болница со терапија за притисок. Затоа оваа бременост уште сеа сонело на минимум ептен малку и вода се налевам. Дома под клима цел ден и не мрдам. За сега добро се држам.
Сликата кажува сѐ Како влегов во 34 нед почнав полека баш вака да се чувствувам Почнаа и некои грчеви во нозе иако пијам магнезиум болки во кичма Особено овие два дена болка во десен колк оти мислам лошо дека ја имав поставено перницата и нешто како изместено да ми е И потешко се движам Ама тоа претставувам е нормално за 8 кон 9 месец Ќе се издржува некако Плус топлото попладне и навечер ми е веќе мачно а на пример до 12 не ми смета толку Ајде ќе издржиме сите Само да бидеме ок и ние и бебушите
25+6 сум денес. Вчера и денеска осеќам како блага болка и притисок вагинално кога станувам и додека се раздвижам. Некој со вакво искуство? Во глава ми е да не почна да се крати цервикс секако во теков на денов ќе одам до кај матичната но во меѓувреме ако некој имал сличен симптом да сподели.
Пулсот како ти беше? Дали прво тој почна да ти се качува, или не? До пред пола месец имав притисок едвај 90 со 60, пулс до кај 90. Е овие две недели, горниот притисок на моменти почна да оди над 100-110, долниот да паѓа под 50, и често гледам дека пулсот ми отскокнува над 100ка, особено сега кога чуствувам слабост. Во вторник сум конечно на преглед, да видам што ќе каже докторката...
Таква болка имав од 16та недела, бев на дежурен се беше во ред. Еве од утре сум 34 недела, се уште знае да ме штрекне, пресече така на станување, движење, но поминува брзо. Штом не е постојана болка, мислам дека не е за паника. Таман ќе одиш кај матичната, ќе се смириш
Леле што им е во Систина со цениве. Преглед на гинеколошки стол 5000 ден, ехо на гениталии плус 5000 денари. Пап брис секако плус на тие 10 илјадарки...
Ја и пред бременост имав висок пулс. Низок притисок а висок пулс. Тогаш ми беше од прилика околу 100 пулсот и сега ми е толку пулсот а притисокот низок. Јас за некој ден влагам 6ти месец па ќе видиме како ќе иде понатака, се надевам ваќа ќе се држам до крај
А до вечер како да се оправам ко без душа сум пијам електролити некои си ама исто ко ништо не осеќам сеа почнав и да јадам ориз нешто да соберам сила вчера ептен бев на строга диета со банани и бисквити може и од тоа ми се слоши денес што сум трудна а ништо јадење не внесувам...
Направи си супа. Она има електролити во неа. Ем ќе каснеш нешто колку толку ем дополнително елетролити. И двопек. Види мислам можеш и јогурт да се напиеш