Девојки, вие што сте минеле низ истото, како да си помогнам во прв триместар? Постојано гадење, повраќање, ми сметаат миризби од се, буквално страв ми е да дишам дома иако се исфрлив. Гадење имам буквално од се и нагони за повраќање, иначе 10та недела сум. Последниве 2-3 дена ми е ужасно лошо
Јас од 5та недела до 13 та се истурив, значи само суво, кифличка горниот дел, вода, јаболко, чај камилица... тоа ми беше и ослабев 4 ипол кила после како помина почнав све храна и кафе си пиев по две, едно турско едно нес послаби. Ама тие недели незнам болна мислев бев а не бремена. Фамосан само за киселините ми помогна ништо друго.. избегнував све мм кога готвеше јас во спална седев, парфем не користеше исто повраќав. Така помина, ама мн е тешко во моментот и те разбирам..
Иста бев и јас цела бременост.. Нема лек повраќав од се.. Али ако ти е за утеха најлошо ми беше првиот триместар. Исто така качив само 7кг за цела бременост, тоа е предност
Мене искрено ништо не ми помагаше се додека не помина само од себе.. Повраќав неколку пати на ден и до 4ти месец не бев здебелена ни кило. Од се повраќав , од јадење, парфеми , мирис на садови кога миев.. Накај 15 недела стана многу полесно иако да не те плашам еве сум 35 понекогаш ми доаѓа нагон и ќе повратам. Ставав некои капки од ѓумбир ама од тоа мислам уште полошо. Најјако ми беше со мм на контрола негде на почеток , ја гладна јадам ѓеврече од кола и се исповраќав во ќесето. Мм најгадлива личност на свет е , вади главата од прозор додека вози и готов да поврати Можеш да пробаш да јадеш полесна храна , ќе видиш сама што ти пречи што не. Со лесно
Јас не најдов решение за мачнините, едноставно сами си поминаа постепено до кај крајот на 4ти месец. Не знам како преживував, само кифла јадев. Пробај со антиметил и чај од ѓумбир во ДМ има.
Земав се тоа на база на ѓумбир што е, џабе... од сабалје се контролирам некако минсе гади ама издржувам да не повратам, феномен ми е што ме боли стомак да јадам истовремено и ми се повраќа од јадењето ама попладне умирам, џабе ручек се прави за мене... сега се слушнав со матична ми кажа реално дека нема спас да чекам само од себе да помине
пробај со б6 насабајле и со антиметил апчиња. ќе ти помине да влезеш во 4ти месец и јас имав гадење и повраќање ми помагаше цеден сок од портокал,зелени јаболка и нешто гевречиња
По грешката од првиот пат, овој пат дефинитивно ќе излезам со фустан, нешто лежерно. Тогаш мислев дека со фармерки ќе можам Само се мислам дали и за мене да си купам некој нов фустан како и за женската, или од овие што ги имам да искористам.
Еве сум, 34та недела, уште не поминале. И ќе си ги истрпам до крај, само 2,6 кг имам ставено, на последната контрола во размак од 2 недели бев 1,2 кг ослабната. Немаш многу што да направиш, се надевам кај тебе ќе поминат за брзо и нема да те мачат до крај вака како мене, веќе ми е преку глава, искрено. Мене ми помагаат многу мали оброци 2 пати на ден и измеѓу оброк овошје малку. Чај од камилица исто ми помага и последниот оброк не смее да ми биде покасно од 16 часот, ако јадам после тоа, цела вечер може да повраќам.
јас само да ти пратам гушки. иста бев, се што ќе ставев во уста повраќав, ништо не помага. и кај мене како кај повеќето членки помина после 4 тиот месец. решението е да истрпиш
Јас дури сега се замислив за должината на грлото. Меревме на втор скрининг во 22 недела беше 3.07цм. Докторката воопшто не се загрижи ми рече супер е. Јас сега кога читам искуства гледам дека 3цм се смета за релативно краток цервикс. Јас си функционирам нормално, со мало дете си работам по дома. Денес и спомнав на матичната и ми вика ааа тоа не е баш нормално за таа недела, а сега сум 25та . Ќе мериме повторно во Вторник ама до тогаш нема да сум мирна воопшто.
Со првото се породив во јануари и си облеков хеланки што ги носев во 6ти месец. Да знаев дека ќе биде 17 степени тогаш ќе си облечев фустан. Сега крај на октомври влагам во 9ти па ќе видам како ќе биде времето ако не фати некоја бура ќе си облечам фустан нешто лесно
Девојки, 38ма недела од денес закажано царски во понеделник 38+3 Денес ми ставија инекција за зреење утре треба уште една Докторот ми е на одмор неможев да го прашам зошто, ги прашав сестрите викаат ги ставале кај сите кои се пораѓале порано не сум била само јас Нема штета од нив?
На 2 скрининг ми беше под 3цм ама не покажуваше знаци за кратење. Исто по дома си работев најнормално плус и со мало дете клени- стани, и ја кревав. Гледав и да одмарам колку што можев, па во 39 недела се породив.