Lele dusicka, mnogu mi e zal sto vaka dolgo se macis. So bebeto se e vo red, dobro raste? Mene me plasat za toa deka malku sum jadela ke sum mu nastetela, a iskreno ne mozam nisto da stavam vo usta
Здраво, правев торч и резултатите се во ред освен што за рубела ИГГ е +/-6.3 (граничен),а ИГМ е негативно. Гранична вредност за негативен <4.9, а за позитивен >9.9. Дали во ваков случај треба да се направат дополнителни испитувања и дали има шанси со ваков резултат скоро да сум прележала рубела?
Тоа нема врска, нека не те загрижува тоа. Бебето влече се што му треба од тебе, моево на последен преглед минатата недела го измерија 2400гр, на цтг си беше исто се супер. Активен си е, си расте. Едноставно таква е бременоста. Оваа ми е втора бременост, во првата ниту еднаш не ми се слоши и не повратив, ама затоа оваа ми наплати и за првата.
Немаш прележано сипаници? Игг ако ти е под рефернтни вредности значи дека немаш антитела (што значи не си имала сипаници) а игм ако ти е негативен значи дека немаш моментално инфекција. Мислам дека не треба да правиш дополнителни испитувања само да се пазиш да не ги закачиш во текот на бременоста. Нека ме исправи некоја ако грешам
Дали може да му наштети на бебе? Понапред е за неколку недели, досега се било во ред плус големо бебе е
Мислам дека нема штета, ама мене ми рекоа до 34та ако има ризик од предвремено се ставаат, после нема потреба , и тоа прашав неколку доктори..зошто јас сум и до ризик за предвремено. Прашај да ти објаснат зашто. 38ма недела е терминско бебе.
Не може никако да наштети, само што после тоа може да е помалку активно бебето, попоспано. Само што обично се ставаат порано. Мене ми ставија 31ва (мислам дека дејството е околу 2-3 недели) и ми рекоа дека веќе од 34та натака нема ризик и дека нема потреба повторно да се ставаат. А штом викаш дека твоето и понапредно е, најубаво да си прашаш зошто конкретно кај тебе треба.
И да се отвориш брзо, знаат што треба да направат. Не паничи. А немора да значи па и дека 3 дена ќе се отвараш
Јас се породив 38+2 не примив зреење. 38ма недела е терминско бебе. Дали имаш гестациски? Ако имаш, превенција е заради тоа.
Јади суво, еден период морав, јадев и идев повраќав, имав желба а повраќав. Јас пробав антиметил не ми помагаше, помина ти викам 13 та недела идам нарачувам бургер во амигос како го изедов пред мм и кокакола хаха и се потпрев на столот и викам сега нека излезе ако треба и не повратив.. до крај не повратив више. Киселини многу ама све јадев качив вкупно 14 кила на крај. Бајрам цимерката славеше и јадевме баклави на ПИН и кафе ни сварија. Да се нашалам малку. Ќе се среди ќе видиш, издржи си викав кај баш јас ваква бременост ама тоа беше најмалку тешко од све друго понатака ама се издржа
Јас на инфузии завршив од повраќање. Од се ми се гадеше, ама се. Мене ништо не ми помогна, освен мастики џвакање, колку мастики изџвакав тогаш, во живот не сум изџвакала толку.
Девојки читав во темата Лакуни но нема многу пишувано. Денес на прегледот докторката ми кажа дека има Лакуни или езерца на постелката, и дека треба да се следи. За ова од терапија се давало клексани, но јас примам по еден клексан 0.4 уште од самиот почетокот на бременоста и месечно испитивам Д димери и фактори на хемостаза. Искрено се засикирав, 25+4 сум Некоја што минувала низ ова да ми даде совет дали нешто друго треба да се испита?
Немам гестациски, пред две недели ме прати да испитам скриен шеќер заради големо бебе затоа што матичниот не ме прати во 28ма, се беше ок само на гладно висок 5 ми беше Бременоста е остварена со ивф па можеби тоа има некаква врска? Иако сестрата се испонаша као сега по ново кај сите ставаме
Обично така ставаат. Ама не е страшно, не може да штети. Не знам зашто не те пратил матичниот од 24-28 да испиташ, задолжително испитување е. Единствено поспано ќе е бебето, да не се плашиш. Нема ивф врска.
Фала ти, ми олесни чим нема да му наштети на бебушот Ептен се осеќав глупо затоа што едната доза ја примив и после тоа почнав да думам дали треба или не треба, а е касно А пред да ја примам не размислив ајде си реков докторите секако знаат повеќе од нас