Имаше некоја членка пред некој месец исто вака се двоумеше, мислам дека во 38 недела и кажале да прими инекција за зреење, баш се сеќавам дека за во Плодност беше. Не можам да се сетам која беше
Најдов, @ShtruMfeticka прашуваше исто вака, мислам дека одеше и на други мислења. Ко детектив некој сум Навистина и мене ми е чудно зошто во таа недела инекции за зреење на белите дробови, и зошто баш втор пат читам за иста гестациска недела, во иста болница да го даваат ова. Но навистина немам слушнато, прочитано од друг вакво нешто... Се гледа дека немам што да правам од несоницава
Можно ли е уште во 16та недела да осеќам мрдање на бебето? навечер а легнам и се смирам осеќам на моменти како пулсирање или не знам како да објаснам ама претходно не се случуваше ова
Душава ми плаче за спиење, очите ми се затвараат. Легнав да спијам, климата работи, јас се препотувам, глава, коса, врат, лице, почнува да ме фаќа склет и морам да станам , пред да легнам се туширав со млака вода, не знам што ќе се прави вака.
Ајде, уште многу малку Ќе издржиш уште неколку денови Јас се направив жива вода од половина надолу, гледам и гаќите утоп, малку се сецнав, но знам дека е од пот. По не знам кој пат легнувам вечерва со мислата "Е сега ќе заспијам" но залудно. Ручав во 4-5 попладне, кратко после тоа испив кафе и веќе ништо не внесов освен вода и кисела вода, а киселиниве се уште не ме оставаат раат. Очите Згора на тоа и бебево се разлумпува во стомак, изгледа и таа не може да се намести
Здраво, Потврдена ми е рана бременост во понеделниког преку бета ХЦГ (370,90) што е меѓу 4 и 5 недела, д-р ми закажа преглед за 2 недели. Како што сфаќам бидејќи последно добиено ми беше на 10.06 значи дека сум 6+4 гестациски? Инаку имам подолг циклус околу 33-36 дена затоа и подоцна овулација. Во однос на симптоми, се повеќе ми се зголемува болката во градите, замор имам често и чувствувам благи грчеви/болки во долен дел од стомак и карлица понекогаш. Дали е нормално? Мн сум исплашена дур не го чујам срценцето. Инаку сум активен спортист, се хранам здраво дури и неделава кога дознав мн повеќе почнав да пазам на се и намалив со физичка активност сега само полесно. Пијам фолна, магнезиум, вигамин Д и Ц (освен фолна другово цело време секако го практикувам. Ми треба поддршка дека се правам како што треба бидејќи освен сопругор нормално никој др не знае. Ви благодарам и со лесно на сите!
Честиткиии ❤️ уживај си во периодов. Јас како голем паничар за тоа дали правам се како што треба можам да ти кажам само да си слушаш тело, јади тоа што ќе ти бара и не заборавај само да пиеш многу вода!
Ве читам за спиењево и сите како да живееме ист живот И јас како Пафи, кога ќе се испотам гаќите утоп којзнае дали ќе приметам водењак кога ќе пукне. Веќе мешето тежи многу ама за тоа се пожалив сто пати така да ќе ќутам. Ама луѓе мочкањево навечер Таман заспав едвај , сонував како си дизајнирам некоја голема куќа , таман избрав плочки подоби,брр време за мочкање. Си продолжувам едвај стигам до кујната ај пак... Денес ми стига климата у спална стварно веќе не можев , со мм очи си извадивме од топло
И јас имам лакуни на постелка уште од 16та недела. Докторот прати протоците дали се добри, дали бебе напредува и пратиме ддимери и хемостаза. Инаку тука сме со недели, јас денеска ја почнувам 26та
Дали се реални грчевите на нога аиии неколку пати ме има фатено во спиење и ужасно боли, ама овој денес беше врвот, мислев без нога останав
Напиј се доза плус магнезиум, не чекај како мене. Ме држеше три дена болката, особено по скали кога се спуштав беше леле... Па после прашав тука, ,@Anaroz1 ми го кажа тоа, и уште наредниот ден немав мака.