И јас 34та сум. Мене за грчевите гелот ептен ме спаси, иако пијам и високо дози на магнезиум и токорелакс цела бременост. Гелот го ставам по потреба кога ќе ме фати грч и за 20 мин скроз поминува. Инаку и јас се мислам дали да прекинувам или да намалувам доза, баш во понеделник сум на контрола па планирав и да прашам за тоа до кога да терам.
Да направам обнова Реков штом направам нова крвна слика ќе кажам. Железото вратено на 20ка само со Прегнатол, никакви дополнителни суплементи за железо Веќе експерименти не правам. Според мене, штом некои витамини гледате дека ви држат добра крвна слика, не ги менувајте никако.
Дали ви се случува да имате мокри гаки околу 21 недела ? Кога сум по мала нужда секогаш го почекувам и вториот млаз да искочи се бришам и после пола саат осекам мокри се гаќиве. Дали може водењакот да цури или нормално си е ваква состојба во овие недели? Правев уринокултура чекам резултати тек во Понеделник ќе бидат готови.
Здраво за грло од 35мм во 15та недека докторката ми рече да користам утрогестан преветивно шест недели во 18та ми беше 37мм сеа нареден преглед сакам ако се е ок да и кажам дс го прекинам веќе сум 22 ра имате искуство со прекинување читав требало постепено башка ми е страв коа дојде време за пораѓање да не биде тешко отварањето од вагиналетите немам искуство со првото ни грло некој ми мерел ни сум знаела за утрогестанот
Мене лани цело лето така ми беше, овој период бев 23та мислам, абе цело лето буквално. Ко помочана, гаќи мењав цел ден, маж ми ми викаше што не си седиш без гаќи.
Нема потешко да се отвараш, од вагиналетите немаш штета. Ако ти каже доктор дека ти е добро грлото тогаш ќе ги прекинеш. Баш @Ladyme ја читав , од нејзино искуство рече кога ќе реши да се отвара ќе се отвори и со утрогестан и без.. Секако ако ти е добро грлото не мораш да ставаш. @bokace1 Јас декс бев на бед рест цело време залежена у кревет топло , нонстоп ми беа така посебно околу. Сега во 36 скоро да не ти кажувам , ќе видиш Малце ако кивнеш неконтролирано или ако се насмееш отидоа гаќите
Имам една перница што ја вртам меѓу нозе , таа ми прави склет. Највеќе приметувам после мала нужда дека се мокри. Не работам, во кревет сум 90% од времето.
Јас сум со стомачен вирус 4ти ден, вчера ми ставија инфузија зошто ноќва патував за Грција, ваљда од што пазсв на храна само бисквити и банани јадев ми беше полошо и пребледа сум на лик, денес иако имав од сабалје пак дијареа само у поблага форма земав варено јајце да јадам... Не можев веќе ќе припаднев без храна...
Ориз, компир, банана, двопек. Тоа ќе јадеш, не варено јајце. Обавезно малку припази на храна. Ќе пројде за ден два.
Море 4ри дена ме умре со столицава по 10 пати идев јадев само бисквити и банана многу лошо бев до вчера денес и на нозе не можев да стојам и од патот ама и од тоа што не јадам ништо... Прееска јадев малку од јајцето и еве дури сега бев во тоалет и не е така течна повеќе
Тие што сте породени природно, кога се спушти бебето или дали е можно да не се спушти со главчето до крај, јас сум 39та последно сеуште беше со главчето долу ама не беше спуштено ич, се надевам ме разбравте
фемибионот ми завршува утре, а утре вечер сум на контрола се мислам дали да си земам уште едно пакување , што мислите ?
Иста приказна Утре метол б12 ми завршува а вечер Мг Цитрате. За Мг имам друг еден тоа ќе го пијам ама за метил б12 се двоумам дали да купам. Да видам др утре што ќе каже. Сепак ситно се брои , па да не трупами фрлам пари за апчиња само
Јас мислам дека пожелно е и после пораѓај да се пијат витамините, за терапијата како метил б12 и сл не знам тоа гинеколог ќе каже ама овие витамините јас не би ги прекинала бар месец два и после постепено ќе ги намалувам до ич...
Да добро е, еве косава ми попадна до сега на мајками и се жалам, и колаген и што не пијам ми остана пренатас, многу омега, д3 обавезно... све пијам.