Мајкоо мила хахахахах Скроз ме фаќа паника... Мислев ќе можам да одбијам 36 недела таков преглед се порадував Туку , го осеќате ли бебето кога ика? Мене моментално како да ми потскокнува стомакот во исти интервали односно како да пулсира , со кажувања на другарки тоа е тоа ...
Во Германија на секој преглед од почеток до крај на бременоста, се прави преглед со прсти. Сигурно си има причина зошто така прават, ама воопшто не е непријатен прегледот, уште помалку болен. Не знам зошто кај нас толку е болен и непријатен тој преглед.
не е ништо страшно прегледот... барем мене не ми беше, непријатно е да некој кога ти брца, ама не е кој знае што болно, секако те чекаат многу поболни работи иначе мојава ика цело време и мн ми е непријатно чувството и првата ќерка исто многу икаше, исто и ова, во тоа ми се исти
Јас имам лошо искуство уште од 20 недела во Чаир кога ме проверуваше еден доктор. Толку беше грубо и болно, не ми беше ништо објаснето и после тоа половина час имав огромна нелагодност... Можеби затоа тој толкав страв ми останал.
Најверојатно зависи од самиот доктор. Дефинитивно треба да се внимателни кога прават таков преглед. Тука е скроз нормален преглед и нормално плус стискаат на стомак, претпоставувам така поточно гледаат да не е отворено грлото, плодова вода, бебето дали е спуштено и слично. Единствен непријатно нешто од претходната бременост, па и болно малку, ми беше земањето брис за стрептокока. Мене па од тоа ми е шубе, знам скроз на крај дека беше тоа.
Е тоа не знам, ама прегледите вагинално почнуваат порано, пред да се знае дали ќе си царски, бар така мислам.
Инаку да ве прашам, дали некоја имала бледи, бели флеки на нозете во бременоста ? Посебно на едната нога мис е изразени долу кај коската
Дефинитивно зависи од докторот. Јас имав еден таков преглед ама воопшто не беше болен. Докторот ми рече да ги ставам рацете во тупаница под карлица и така воопшто не ми беше болно, не осетив ништо посебно.
Значи не можам више многу се нервирам и плашам не знам што е ова до максимум истрошена, ај од стомачниот ама и пред тоа нити можев да пропешачам нити нешто да се сработам се само лежев или седев одма срцето ми прескокнува или тахикардија имам многу се заморувам. 22 недела сум
Како што знам ова ти е второ и не сум многу искусна за да ти кажувам , ама мислам дека се секираш и напнуваш многу. Да пробаш да земеш да правиш некои работи што те исполнуваат? Посмирено пешачење, зашто обично сите ние трудници имаме замор и тешко ни е . Јас бев на бед рест , и ненаучена сега едни садови да ставам у машина срцето до 110ми иде.. Кога се осеќаш така пробај легни на страна и диши полека. Стомачниот се надевам ти помина. Ама мој искрен совет , пробај да се фокусираш на други работи.Со лесно мама
Второ ми е првото скоро 4 години има... Еве на одмор сум сакам многу да прошетам да видам што како има ама не можам ништо да направам тргнав на пола пат ми се стужи многу срцето ќе ми излезеше и се вратив... Стомачниот денес демек поарна веќе почнав по малку со храна ептен ме истошти примав и инфузии од што ми беше толку тешко.. Ама и пред стомачниот многу се заморував нигде не излагав од дома само во двор по детево што трчав.... Сеа апсолутно за ништо немам енергија скроз капсана...
Нормално е така да се чувствуваш, сепак си бремена, на организмот му треба повеќе одмор за разлика од претходно. Тоа што си била болна, плус и високите температури дополнително ти ја отежнува состојбата. Колку можеш низ дома, толку, ако не можеш остави, кога ќе се одмориш, ќе сработиш. За шетањето во нормална состојба да си па ќе ти стежи со високиве темератури, а не па бремена. Не се форсирај, мораш да го прифатиш фактот дека си бремена, дека ти треба повеќе одмор и да успориш малку со активности.