Па трудници не зимаа преку ред кога одев јас. Отиди и кажи дека си трудница, да не чекаш со геријатрија.
Колку е слатка сушарата вака За две недели од прилика и јас почнувам со перење. Вака сум лабава, ама знам дека и јас ќе се стопам и ќе си плачам кога ќе ги простирам и пеглам, тек редење во шкафот, па кога ќе го отворам таков со еден куп розеви работи Како вчера да беше, ми се врати сликата кога ги редев на сушара бебешките работи на син ми пред повеќе од шест години. Ни растат пред очи без да забележиме како, кога, додека се замараме со важни и за жал повеќе за неважни работи. Од дното на душата посакувам овој пат да сум многу посилна, похрабра, да не дозволам никаков страв и очај да завладее со мене, за да можам да уживам во мајчинството Истото го посакувам на секоја мајка со целото свое срце
Мајка ми кога ми кажуваше дека ми ги бацувала алиштата пред да ги испружи се чудев, ама сега ја разбирам скроз Верувам дека ќе бидеш уште подобра и уште посилна Јас денес ги перам алиштата кои беа на една поголема дадичка , следна недела втора рунда, преубаво чувство е
Таман се разнежнив , ми вика свекрва да сум ги перела со ариел прашок само доволно било..... Јас купив детергент фрош и ништо друго освен тоа не ставив, таа вика ариел и ленорче да мириса поубаво Стартт е ова буквално , кога ќе искача од болница очекувам да и ставиме волнено ќебе околу да не смрзне.
Секогаш има некој кој ќе ти го скрши меракот... Но, не смееш да се даваш, и тоа уште пред време. Кажи и само, дека ти знаеш и одлучуваш што е најдобро за тоа бебе. Таа ако сака може и бунда да донесе, но мораш да се спротиставиш, никако да премолчуваш и да ја оставиш да прави како сака таа, а ти да страдаш. Најдобро што поскоро зборувај со маж ти, за на време да се пресече мешањето. Инаку, нема да има крај. Доколку и ги поставите границите на време, ќе видиш ќе те прашува пред да направи било што за бебето. Од искуство ти кажувам, баш пред некој ден се запрепастив, но пријатно Немој да тагуваш и да се нервираш, денес е преубав ден за тебе
Очекував вакви работи ама не толку рано... А кога ќе ми каже леле пак ли ќе идеш на ехо , ние порано идевме само да ни кажат дека сме трудни и готово кога ќе се роди.. Па порано сите деца биле здрави ништо не им фалело.. Пробувам да не се замарам на такви коментари и да си гледам за себе и својот мир ама луѓево не ги можам... Секако пресекување мора , вчера ми вика ако не прифаќа цуцла да сум и ставела шеќер и одма ќе ја земела И ја бев као.. шеќер на новороденче? ок....
Безосетни се, мајка ми на пример и таа знае да тресне нешто ама се разбира со збор одма и најмногу ме бендисва шо прашува жената пред да направи нешто, оваа си тера како шо си зацртала. Со тоа облекувањето од старт ќе ја спашкам, само да се вратиме од болница. Во соба е вршник 28 степени не можам да изладам никако таа ќе му студело на бебе, дај ако не радијаторот нека го пушти, Бог да чува. Климата ја пуштам во дневна ама во дневна тие се цело време и ко заинет палат цигари во салончето пред спалната и излегуваат надвор, не знам зошто надвор не ја запали цигарата, само да ми расчади. Дефинитивно не се живее во заедница па колку сака помош нека ни пружаат. А и шо помош, цицка да не му дај таа на бебето кога ќе плачи ? Едвај чекам да си заминиме и рает да сме, ќе издржам овие два три месеци некако.
Немој да чекаш да дојдеш од болница. Уште сеа постави си граници, т.е кажувај си на глас што како ќе правиш да им влезе во глава да запамтат.
Од Фрош воопшто не бев задоволна. Не ми текнува кој детски детергент го користев, но знам дека и сега за второво пак нема да купам Фрош. А во однос на коментарот на свекрвата, не треба да се меша кај што не и е работа. Или игнорирај, или одма реагирај за да си го знае местото.
Од една страна не можам да им замерам на повозрасните тие така правеле во нивно време и за нив тоа е во ред. Кога ќе ти рече така, ти нормално не со лоша намера ќе и кажеш сега има детергенти со помалку хемикалии специјално за бебиња, да знае зошто не би правела така како што таа мисли. Јас пазарувам скоро се со мајка ми и таа не дека ми е мајка ама е во чекор со модерното време и самата ме прашаше со што ќе ги переш алиштата, плус ми вика не се става омекшиваш. Од друга страна па со свекрвата други муабети тераме, викам на жешково како ќе го изнесам уште немам најдено, ми вика па голко и во вреќичка (не знам на што мислеше и не препрашав). После за пелени на почетокот внуците од другиот син на почетокот така ги повивале, јас и викам, а јас памперс веќе купив, никој тоа веќе не го прави. Добро е што си кажува свое мислење, ама не инсистира на нешто, засега, па ќе видиме.
Јас читав за фрош на форумов дека се задоволни членките , за флеки не знам како би вадел ќе видиме понатака . Се надевам ќе и одговара на кожичката, ако не и јас ќе менувам.
Зошто не се става омекнувач? Јас користев некој детски омекнувач за ќерка ми, но и тоа го заборавив (одамна беше ).
омекшивач не се става, иначе јас уште и перам на големата со персил сензитив, сега и за малото планирам исто
ау и мене свекор ми така ми викаше, цуцлите во мед им ги ставале а за ехото исто, и плус ја дека со клексани сум двете бремености, какви глупости биле тоа, не требало ништо да примам