Јас вртам круг околу кревет па ќе се свртам два три пати во кревет па ќе заспијам . Или таман си се наместила, пак ти се примочало
Не се цело време активни во тие недели веќе немаат толку простор, а и си имаат веќе некој ритам кога се будни и кога спијат. Нормално е стврднувањето на стомакот, тоа се тие бракстон контракции што ја спремаат матката за пораѓај.
Јас до вц идам со затворени очи , си ја научив рутата на памет скроз До вц и назад и после пола саат пак и така во круг
јас пак кога ќе станам да мочам после се расонувам и дремам ко будала таман ќе се раздени тогаш ми доаѓа дремка и таман ќе заспијам почнуваат аларми да звонат
Јас сум со гестациски, па си јадам мерев неколку пати после јадење не ми качува шеќер и си јадам, не претерувам само. И диња и лубеница. Јас ги мијам со вода и онака се лупат.
Ви благодарам девојки за споделените искуства, во моментот кога е најпотребно многу значат. Појадов и се смири бебе. Иначе како бебенце си е доста активна и додека одев на работа од сабајле си беше доста активна, попладне имаше поредуцирани движења, а јас додека спиев не ни чувствував дека мрда. Има промена и во мојот биоритам откако не одам на работа. Поради високите температури сум постојано дома, не излегувам, не пешачам, промена како се хранам, не спијам воопшто, верувам дека тоа се одразува и на бебето.
На секој саат ? На 15 минути одам навечер, па и дека пијам тогаш течности повеќе, поарно во тоалет да се преселам да спијам
Ела кажи му на моето дека нема простор , легнувам да спијам и журка има во стомак, на глас го молам да се потсмири, без ребра ме остај
Јас, ми примети докторот на последниот преглед и од вчера вагисан таблети ставам. Е сега проблем со тие вагиналетите од стално имам не знам убаво да ги аплицирам, површно ги ставам и вчера не се растопи цела, ја извадив на крај и ја фрлив.
Ништо страшно не е. Јас имав така. Се беше чисто, бебе природно се роди, ништо немаше. Одбрана на грлото на матка е тоа, од инфекции. Дури и со тоа измешано и чепот изгледа ми имаше паднато. Никад не го видов како што го опишувале членки.
Исто исто. Јас чеп како крем боја со конци, така немав. Само вака зголеме секрет. Дури ни водењак не ми истече… Може на шоља кога сум била на мочање, да истекол. Еве незнам и после скоро 11 м
Мене некако како рано да ми е , 36+ сум.. Се надевам бебка ќе издржи уште барем недела ипол две. Тежина на стомакот осеќам ама тоа е уште од пред 3 недели.. Ич не сум психички спремна сега ако треба да се породам
Е и да е чепот, немора да значи дека одма иде пораѓај. Јас 39 та се породив, а со исцедок бев од почеток на 9 ти.