Јас таков исцедок цела бременост имам, не ќе да е чепот. Тој е жолт и погуст, со крв помешан, барем кај мене беше таков.
И моето си е доста активно, додека одев на раб не обрнував внимание толку, кога, како мрда, седнав дома и одма се оптеретив зошто толку е активно, па кога не е активно, зошто не е. Јас имам од 7ми некаде, ама од 8ми, 9ти стана поинтензивен, исто нема мирис, а е светло жолт и густ. Цело време сум или со дневна или морам да менувам долен веш на секој саат, на последниот брис ми испадна кандида, ставав вагиналети INNOVAG, ама нема некое подобрување.
Значи не сум единствена , не раѓам деновиве.Јас до скоро ставав утрогестан и секогаш сум имала бел исцедок па не сум приметувала жолтеникав.. Се надевам ништо страшно.
Мочниот меур не држи веќее и можно е да е бел исцедок само помешано со урина на бришење па да мислиш декс е жолтеникав. Јас последнатс недела цело време помочана бев буквслно течеше од мене секој пат во вц кога ми се одеше како водењак да тече
Ооо ме утеши. Јас цела бременост ја поминав со секојдневни влошки, некогаш и по три пати во ден ставам, значи за две недели да почнам со обична влошка да шетам
Јас богами кај и да е ќе ставам од оние што се од крај до крај А се смеевме со сестра ми на баба ми , кога викаше јас кивам водопад од мене
Е да, старите имаат проблем со тоа Јас си викам сега што ако воденикот ми пукне во кола, некаде каде што сум излезена а да не биде дома...ко што сум пицајзла секаде ќе почнам да одам со ранче и резерва облека за одма да се преоблечам Првиот пат само ми напукна, па течеше само по некоја капка, завршив работа со обична влошка. Само да пренесам една интернет измама. Јас облека од Тему не нарачувам, особено за бебе многу внимавам. Вчера ме излажаа дека облеката им е од Турција, и после пет минути, листајќи на фб истите работи ми излегуваат како реклама на Тему...малку фалеше да порачам едно преслатко комплетче.
Јас од h&m нарачав скоро се, алиштата им се од органски памук. Брат ми изнапорачал од тему интересни алишта и се полиестер ама ќе му ги облечам од кеф еднаш, ионака се смалват, не вервам од еднаш некоја реакција да има, синкир можиме да допратиме сите алишта каков материјал се, а и општо други работи. Така ако гледаме ќе скрениме од памет, порано кога не бевме информирани ни материјали се знаеа ни ништо па не не фркна ништо
Здравоо . Помош малку цел ден имам како болки долу како со игла да ме боцка некој инаки сега сум 5ти месец. Бев на др ми даде утрогестан таблети и токорелакс. Кажете ми вие како ги пиете ? Инаку се во ред ми рече, ее сега имам некоја течност на рана од царски од пред 5 години и демек тоа може да биде проблем дали некоја имала такво искуство ме наплаши некако со тоа како ќе издржи демек таа течност од рана .
Течна столица и празнење почесто е знак дека се ближи денот, ај утешете ме малку Инаку по неколку дена не излегувам во тоалет а деновиве два три пати денот
Така имам читано Девојки што мислите за маслото за масажа на перинеумот? Дали помага ? Некоја со искуства?
Да, немав јас течна ама ојдов два пати за кратко време и знаев дека дојде денот . Исто и со мокрењето. За природно се спремаш?
Јас се мачкам чат пат со маслиново масло органско..па ќе видиме како ќе биде..ситнам 40ка веќе.. бебушка абер немасреќа залади па да си поспиеме малце.
Така ме спремаат во Плодност а матичниот и друг доктор на болница ми препорачаа царски ама еве ме 40 недела си чекам Утре сум на контрола па да видиме шо ќе кажи
Јас пред 3 ипол год. се имам породено со второ, со првото се живо правев, и масажата што ја збориш, ананас јадев, урми, чај од малина, качував и симнував скали по 10 пати во ден, ништо не ми помогна од тоа, пак се роди во 40та недела, и пак тешко поминав, ама тоа ЈАС, можеби кај тебе ќе има ефект, јас пробував се што слушав Со второто, апсолутно со ништо не се замарав, цела бременост во трчање и одење ми беше и не ја сетив, така и се породив "неосетно" чепот со првото ми го немаше воопшто, со второто недела дена пред да се породам ми падна чепот, беше како белка од јајце густ помешано со крв. Тоа за одење во тоалет кај мене испадна точно, 2 пати бев со потечна столица, и врќе до вечерта имав родилни болки. Со лесно нека ви е на сите!
Цветче и ти ко мене ..бебево ми е големо одам на цтг ..до пон ако не биде..ќе ме задржат веќе..па со Господ напред