Е, и ова сум го помислила. Имав толку јаки менструални болки од ко памтам за себе, и после ова искуство си реков јас секој месец сум се "пораѓала". После пораѓај менструалните болки подносливи, но пообилни беа, ќе видиме навака.
Баш така, секој месец сум се пораѓала 15 години . Немам сеуште добиено циклус, искрено се надевам на помали болки.
Сите што имале големи менструални болки повеќе трпат болка, телото веќе навикнато им е. Кај мене е лошо шо јас не сум ни сантим отворена, не е ни зрело грлото ниту омекнато, ниту бебе спуштено.
Ве читам, и навистина е чудесно како секое човечко тело е различно. @BubamaraM и @naturally, јас бев таква како вас, со многу јаки менструални болки. Од половината надолу се ме болеше, обавезно со кафетини сум поминувала, последните пати пред да забременам ми беа болни до повраќање... Мислев дека слично ќе поминам на породување. Но кај мене не беше како кај вас. Како што пишуваше @SanelaS така и јас поминав. Единствена добра работа по тоа породување, е тоа што потоа менструалните болки ми станаа поподносливи. Сите сме различни...
Другарка сакаа да ја породат со провокации. 22 часа траеше процесот, т.е инфузиите и апчињата што и ги даваа. За на крај бебето да и заглави само во родилниот канал. Не сакам да те плашам, само сакам да споделам искуство. Колку што знам Плодност ќе се пораѓаш. Бев слично како тебе, ниска, кралица тесна, бебето горе, главчето големо. Влатко ми рече дека нема шанси да ми става провокации, и дека ако сакам со провокации да си барам друг доктор. Јас бев царски, закрепнувањето после тоа е подолго нормално. Ама како што слушам од други, болките со провокации биле далеку поболни од природно почнат процес. Како и да се одлучиш, ти посакувам леснина и Господ да е со тебе
Здраво девојки Дали некоја имала позитивен наод на Парво вирус во прв триместар на бременост? Јас сум во 8ма недела и имав позитивен наод. Немам никакви симптоми и не знам од каде сум се заразила. Се надевам дека нема да е опасно по бебето
Алал да ти е како успеа да функционираш толку бргу. Јас денеска сум како отепана, оддвај станувам, раната на едната страна пече како да ме сечат во моментот. Да имав опција и тоа како би прифатила провокација за природно да родев
Веќе се консултирав. Редовни прегледи и пратење на плодот беше одговорот од гинекологот. Лек нема. Несаканите ефекти ми ги кажа и сега останва само надеж дека ќе помини се добро. Но ме интересираше и искуство..
Среќа ја извадив пред бременост. Ама девојката со мене во соба што беше кога се оперирав, цела бременост ја поминала со камен во жолчка. Ќе се консултираш со доктор, што да избегнуваш од храна и пијалаци, кои што ја воспалуваат и за да ги избегнеш болките. Бидејќи како бремена, само инфузија за смирување на болка може да ти дадат.
Луѓееее не се издржува ни топло ни променливо време. Јас сум на пола ама мислам дека штом дојде Октомври ќе бидам постабилна
Тука сме негде со притисокот. Вчера ми беше 90 со 52 и 95 пулс. Ајде вањда уште месецов ќе издржиме па се тешам од септември ќе пушти малку, ќе освежи. Него да се јави @Simon4e0507 до каде е? Да не се олесни?
Тоа може за неколку часа да се смени. Јас кога отидов со пукнат воденик, само 1цм бев отворена мислев цел век ќе трае, до сабајлето 1.5цм отворена после цела ноќ. Ми пуштија провокации до 6цм беа подносливи болките, станував, се туширав 2 пати, докторите доаѓаа ми викаа на овие контракции жени коси корнат, мене ми беа подносливи. Сечие искуство различно, секое тело различно. На 6цм ми ставија епидурална и тоа одлучив бидејќи веќе ме стасуваше умор а допрва ми требаше сила инаку самите болки до тогаш ми беа подносливи. После епидуралот дремнав 1 саат, 8цм. Тука веќе ми ставаа многу силни дози синто и почнав веќе да чувствувам поголеми болки, ама за 40тина минути бев породена откако почнав да ги чувствувам. Јас изгубив многу крв, имав и мануелна ревизија и дента не бев на нозе, имав пренизок хемоглобин. Ама утрето станав во 5 сабајле, сама си станав од кревет, се истуширав, си јадев се, кафе си се напив. Е, сега спечалив хемороиди и после месец дена уште на моменти си имам мака со тоа што можеби со царски ќе го избегнев овој момент. Меѓутоа царски е операција, се спечалуваат адхезии, 99% од жените имаат адхезии после царски, може и ендометриоза да настане, илеус и еден куп постоперативни можни компликации. Може и ништо да не биде ама мачка во вреќа е. Кога има нужда за царски, апсолутно да, меѓутоа за по своја волја навистина знае да има и последици.
Што работеше од 3-ет ден? Зарем не беше тогаш се уште во болница? Браво штом си станала првиот ден. Во која болница беше? Јас едвај станував вториот и третиот ден, но после тоа се стабилизирав.
Јас бев со големи менструално болки и до бокс , супер издржав болките. Не дека не болеше, ама издржливи беа. На нога бев додека не осетив напон. Е кога излага бебе, боли, ама тоа кратко трае. Барем кај мене, ептен брзо искочи. А демек прворотка, па 48 саати ќе сум раѓала. Абе врска нема. Само биди со позитивна мисла и верувај дека си опкружена со стручен медицински тим, кој ќе води грижа за тебе и за бебла.