Мене цело време, секој ден ми е вака притисокот... Нема мрднато над 90 или 60 И некако терам Ама денес многу беше мачен денов и некако мислам дека од промената беше и главоболка и сѐ Ни кафе ни вода ни ништо не помогна Некако издржав да не се напијам апче И сеуште ме боли глава
Ни јас не бев отворена воопшто. Сабајлето минпукна водењак и почна процесот. Се отварав релативно брзо, за 9h од пукнат водењак имав бебе на гради. Епидурал ми дтавија дури на 7прста за да одморам пред бокс. Не е страшно, болките се тие, ми уклучијс и провокации за да го забрзаат процесот и се супер се заврши. Верувај во твоето тело и разговарај си со бебе за да добиеш повеќе сила и заедно да го поминете тој ден. Женското тело е чудо, се ќе биде супер, природата ретко греши
Кога ви пука водењак, до болница ставате улошки? Јас имам од дома до болница некој си се на се 45мин до саат време, зависи од гужва. И тоа многу ме плаши само патот до болница, да не го родам на траект
Дааа јас додека се спремам до болница сменив три пара гаки и еден куп влошки, па псоле си седнав на шоља пошто не прекинуваше за во кола ставив подлога непропусна од sleepy имав купено од зегин да не направам седишта мене ми течеше доста долго, дома сигурно едно 20мин плус до болница уште 10тина
Нагло ми порасна стомачето овие две недели некако. Маичка што ми беше точна веќе нема шанси да ја облечам баш сум како балонче. Синоќа излегов на кафе , 20 мин се пресоблекував ништо не ми стоеше И на крај лесен памучен фустан и ајтт. Верувам дека до крај ќе порасне уште, се смееме со мм веќе не можеме ни да се гушнеме убаво имаме едно мало срценце у стомак Се мислам дали да почнам да пијам чај од малина ... за полесен пораѓај и да јадам урми. Ме фатија и будалите чистам ко луда. Мм ми вика е добро де нема бебето да дојде со прстот да помине на горниот дел од вратата дали е прљава Ама некоја фаза е ова дефинитивно
Фаза ти е верувај. Кога влегов 9ти цела куќа генералка се направи што викаш до степен делчиња што никогаш не сум помислила да ги пребришам да ги средам. Наредните 3 денс бев "болна" од што се исфорсирсав за после тоа наредните две недели до пораѓај да не ми текне да бришам прашина само правосмукалка и џогер. А за гушкање со мм, преубавоо чувство после пораѓај кога можеш пак убавоо да си се гушнеш оноаа да се залепиш за него.
Девојки, дали некоја имала искуство со грло на матка 3cm во 17 недела и препорака за мирување,лежење?Дали до крај на бременост може да е така, обично за колку време би требало да се среди? И од која недела стомачето ви стана повидливо?
Има ли некоја ситна/ниска мамичка да сподели искуство од породувањето? Ми кажуваат дека на ниските трудници, пораѓајот им бил потежок.
Ниска сум 155/6 а останав трудна со 47кг. Пораѓајот ми беше лесен, со провокација ама и со епидурал. Ни една болка не осетив, буквално не знам какви се породилни болки. Затоа сеа малку ме фаќа страв. Откако се отворив доволно за напони за 15 мин искочи бебе, со 3 напони. Мислам нема врска висина/тежина, се си е индивидуално.
157 cm, одтанав бремена со 43кг. Маж ми вика го плукнав бебето пошто присуствуваше на пораѓајот Како Морска сирена и јас контракциите не ми беа болни, до 100 одеа ја не осеќав болка никаква така да не знам какви се тие породилни болки. Ми пуштија и провокација да се доотворам и тогаш не беше ништо болно, ако добро се сеќавам ма 8цм ми ставија епидурал. Не знам точно дали 15-30 мин бев на бокс и се породив, прелесно и со многу кратко буткање Мојот доктор кога ме проверуваше со рака ми имаше кажано имаш поширока карлица од покрупни од тебе, а вака од надвор изгледам преситна. И така ме исплаши една од акушерките кога ме мереше дека царски ќе сум била ради карлицата, уствари нема врска
@Larea @MorskaSirena баш ми е драго што сте поминале лесно А која недела се породивте и колку кг ви беше бебушот?