Јас висока 170 ама преслаба со 39 останав трудна, на пораѓај имав 55 кила па ме мереа демек за 1цм сум се спасила од царски и со три туркања за 15 мин излезе бебе 3,300гр.
Јас имав уште во 13та недела 3цм, истата недела серклаж ставив. Меѓутоа јас сум со историја од еден предвремен пораѓај, еднорога матка и други операции врзани за матката. Утрогестан, ферона дали нешто од ова зимаш?
159 сум висока, со 52 кг останав трудна. за пораѓајот стварно траеше долго, многу споро се отварав, со провокации. е сега ја со епидурал се пораѓав и не осеќав болки ништо. откако се отворив ми го изгасија епидуралот за да осеќам и мн брзо се породив, бебето беше 3.570, 39та недела
Јас сум скоро 170, ама ситна градба имам и не беше баш лесно и тоа 3 кг бебе едвај го извадив. Да беше поголемо кој знае шо ќе беше, за ова ми е страв ако е поголемо. Нема правило мислам, т.е може има ама има многу исклучоци исто.
Па колку што сум вообичаено. Јас не вежбам општо, ама не ни лежев. Одев на работа до средина на 9 месец, возев до крај сама, дека беше Декември во сити мол ќе прошетавме со мм, толку. Низ дома нешто ситно фаќав, чистење такви работи не. И сега еве на работа седам, до вечер со син ми се расправам, не одмарам да лежам, ама не ни пешачам или вежбам пример..
Вчера му викам на мм немам осет колку е напред, треба сензори за паркирање да си стаам да бипка кога ќе се доближам. Само се поткачувам
Не пијам ништо од тоа не ми препиша докторот, освен дабростонот што го пијам од почетокот и треба да го прекинам за некоја недела.
Мене ми беше толку грлото. Лежев. Пиев токо релакс , ферона и утрогестсн навечер и сабајле. Исто така и магнезиум.
Да ама тоа е многу индивидуално. Кај некој останува кај некој се крати дополнително што толку рано не е добро. Мораш редовно на контроли да пратиш и обавезно лежење. Мене ми беше околу 3.3цм од 16та недела кога го измерија зашто имав болки.Еве ме 37 скоро и веќе не го ни мерат. Грлото е озбилна работа и мора да го следиш дали дополнително се крати. Кај мене не се кратеше па не ми ставија серклаж , ама како што знам до 20 може да стават. Со лесно и чувај се . Перница под задник и лежи
Јас да манам апдејт, се одлучив денес да чекам до Понеделник да ме фатат болки, и да направиме наод, ако се спрема телото за природен процес без провокации ќе одам така, ако е бебе спуштено, и грло омекнато и малку отворена, ако не одам на царски Понеделник. Со терапија клексан сум цела бременост заради тромбофилијата, едвај стигнав до тука не ми се ризикува, подобро е планиран царски отколку неуспешна индукција и на крај пак на нож да завршам само шо ќе се истрауматизирам и ќе се изнемоштам. Знам дека можи опоравувањето да е подолго ама како сите жени така и јас Јас издржав какви не пеколи за еден рез немам проблем. Држете среќа и то е
Со среќа мајка.. слушај си ја интуицијата. Вака или така бебето мора да излезе. А ти ќе си ги истрпиш болките дали природно за време на раѓање или царски после тоа...битно да е се во ред и да излезете живи и здрави со бебе од болница. После брзо све се заборава. Јас со првото бев царски ради висок диоптер. Ма да гениколозите ми викаа ако сакам да пробам и природно дека бев со скратено грло и бебе беше доста спуштено и мало. Ама од пусти страв ме се осудив ни да пробам природно зошто ми нудеа провокација. Се породив царски, брзо заздравев и имам супер искуство. Сега за второво планирам исто, секако ќе видам што ќе кажат докторите ама пак би идела царски што се однесува до мене. Со лесно нека ни е на сите
You can do it Силна мама. Како и да си одлучила само нека ти биде со лесно и со убави мисли. Според мене правилна одлука, значи уште малцее бебче во раце
Со среќа и со лесно мајка. Како и да биде пораѓајот, ќе ти кажат најдобто докторите, само добро да заврши и да си гушкаш бебче
Едно прашање.. дали последниов месец само мене ми доцнат со резултатите од клиника? Минатиот понеделник се боцкав за ддмери, ми рекоа дека дента после 15:00 часот ке бидат достапни кај матичните и на мое здравје ама ништо.. и за торчот може чекав 3 недели, и дали некоја од вас знае дали картончето за крвна слика се подига само во петок? Кли може било кој ден и до колку часот