Јас вчера се боцкав, истиот ден беа. За крвна група ако мислиш, и тоа се боцкав ми рекоа дојди следен петок по резултат.
И мене ми каснеа џа димери, а картончето со крвна група планирам во вторник да го побарам затоа што тогаш имам термин на трансфузиологија. Не можам веќе секој втор ден до клиника
Не можам ни јас ми се смачи.. А имаш сигурно од возачката картонче со крвна група,доколку имаш возачка.
Епа ни мене не ми е логично тоа, не ни сакам да идам да се боцкам пак за крвна група ама и мојата матична тоа ми го кажа, дека мора затоа што тоа од возачка не признавале.
знам, ама јас и предходно имав правено операција не ми ја признаа и за пораѓај исто. со оглед на фактот дека знам другарка шо се плаши од боцкање и така и пишаа крвна група од ракав кога полагаше за возачка, јасно ми е зошто не ги признаваат, не дека се менува крвна група, него македонија е ова
Види баш дали има приватно, јас лани имав потреба да се боцкам правев хистероскопија, едвај најдов една забутана лаб во Чаир за да не се маткам на клиника. Шубе ми беше, ама ја погодија крвната група хаха. Сфатив дека јас кога ќе го дадам тоа ливче на прием во болница, назад не го добивам и сега ќе си направам копии, зошто 4ти пат се боцкам за таа крвна група налет веќе.
Не мора да се боцкате, во архива седи листот со крвна група само ви треба упат од матичен, јас така го зедов пред некој ден, ама во Битола, за Скопје не знам. Како ви е бе страв од боцкање, ами крвна слика како проверувате