Едвај. Еднаш имам проверено до сега и два упати ми поминаа, сега имам нов. И за Торч ме боцкаа, исто едвај. Само кај нас е тоа инаку, секој месец крвна слика. Во другиве држави е два пати во цела бременост, повеќе внимание посветуваат на килограми и притисок.
Шеќер и железо/хемоглобин следат и странство, поготово шеќер. Според мене многу е битно и не само тоа и месечните контроли се многу битни за одржување на здрава и уредна бременост. Јас сама инсистирав за повеќе контроли и испитувања иако имам цело време уредна бременост, ама ко ќе се попариш еднаш и на јогуртот ќе дуваш
Знам ама не треба да биде така. Кај нас и за други работи се такви, одма крвна слика. Јас да сакав толку често да се боцкам ќе станев наркоман, а не трудна Правам јас контроли на од прилика две недели, следиме ситуација затоа што сум со две, испитувањето за шеќер ми се ближи и уште сега психички се спремам за истото, а железото ми беше слабо и пред бременост, не можам да очекувам дека баш сега ќе се подобри кога баш напротив, уште толку паѓа.
Навистина, никој до сега не ми водел евиденција за килограмите. Не гледаат на преглед како изгледаме, но сепак мислам дека е важно да се води како сме почнале, и како тераме. За притисокот исто, освен општиот матичен, никој друг ми нема кажано да мерам притисок. Од тука од членки на Фемина сфатив дека мора да се следи тоа, особено во трето тромесечие.
Инаку, што е со киселиниве? Пред некој ден лежев, и имав чувство дека ми стигна во нос, баш онака и ме запече и мирисот го осетив (се извинувам што е малку гаден муабетов). Сега пак, додека лежев осетив како ме пече во грло, полека се исправив и наеднаш ми дојде и од што беше толку брзо голтнав Како комбинација со икање ми беше, не знам, ама одвратно се чувствувам. Шишето кисела вода речиси цело е празно, ме смирува на моменти ама пак се јавуваат. Кај вас како е со темава? Изгледа ќе се дремнува во полулежечка положба...ноќва ми е пресудно да сум будна, и малиов ми е со температура
Леле и јас сум катастрофа со киселините. Мислам дека од недела во недела се полошо ми станува. Со се пробав, ништо не ми помага, ни Рефлустат, ни Стопрефлукс ќесички, ни бадеми, зелени јаболка... се што прочитав, се пробав и на крај си се помирив дека тоа е тоа и дека очигледно вака ќе си терам до крај...
Мене до сега за килограми ме измерија само еднаш, при предпородилна подготовка со анестезиолог во Систина. А за притисок никој ме нема ни прашано, ни проверено. Сама почнав да си мерам откако почнаа да ми се појавуваат видеа на инста за прееклампсија
Здраво како стее сите? не сум пишала тука две недели па да шкртнам нешто Јас уште имам гадења и киселини чат пат, не исчезнаа а веќе стигнав 17та. Следна недела имам контролно ехо кај матична. Па на крајот на месецов ми е закажан и втор скрининг
Eve i jas 17 nedela,no gadenje i kiselini nemam .? Vo koja nedela se pravese vtor skrining,nekako mi dojde kako mnoogu brzro vror skrininh
мене ми го закажаа 20+6 така се погоди др тогаш да има слободен термин. Во Ремедика на пулт ми рекоа од 18до 23та недела
Мојата од возачка А позитив живеев во заблуда сите дома А позитив, а од болница дека лежев на ПИН А негатив повторија пак , и после во 31ва примав инекција дека сопругот позитив. Зависи каде е правена, мн грешки имаат приватниве.
Јави се за сигурно, и јас така гледав па немаше опција кога прашував. @Cvetce_ во Ск за крвна група на клиника мораш да одиш, а таму да се пикнеш е жива компликација од секој аспект, мене за тоа ми е. Јас со син ми пред 6 год ддимери еднаш проверував само (дека немам проблем), и оваа бременост платив приватно само да не се пикам на клиника. Кога следен месец пак упат, викам шо е ова сега, после корона секој месец давале во поодмината бременост. Сега си се спрегнав си отидов, таман и за крвна група, не ми се даваат 2 илјади пак.
е затоа не ги признаваат. страшно. иначе кај мене беше точна од возачката има проверено уште три пати. @Puffy2019 на тема киселини не ми ги спомнувај, заради нив највеќе сакам да се породам. вчера се утепав од повраќање од тоа киселините со лесно да поминува кај малиот притисок сама си мерам, а крвна слика исто си правам еднаш месечно пошо цел живот сум анемична, двете бремености еве со суплементи и пак не мрда хемоглобинот, упорно ми е низок... иначе и јас мислам дека шекерот треба редовно да се прати во бременост и притисок, па и килажа.