На секој преглед кај матичниот гинеколог прво ме мерат, и притисок си запишуваат во картонче па после ме прегледува на ехо, инаку одам во ферти клиник кај Др. Христина
Женски дали ми се комплетни брисевите за пороѓај што треба да ги носам, матичниот само овие ми ги даде ама гледам торч не е комплетен, ќе требаат и тие ? Ќе го барам во случај да ми нема дадено еден лист ако не ќе ги повторам Плодност
Мислам дека фали уште еден лист овде. Крвна група исто треба да си носиш на документ и уште нешто требаше ама не можам да се сетам...
Се што постои имав пробано. Уште г***о , што не ставив во уста. Додека искочи ги имав и ги снема буквално откако искочи.
Не би рекла дека не посветуваат внимание. Мојот доктор во Систина и матичната докторка на секој преглед и изглед ми гледаат и за килограми прашуваат и за притисок, и за првата бременост и сега за втората. Добивам и совети за храна, цело време ми повторуваат. Какво внимание се посветува надвор?
Мајчина книшка не ви водат? Тука се запишува секој месец кг. Мојата докторка е приватна па пак ме мереше секој месец и ми запишуваше, иако јас накачив само 10кг. Исто и притисок секој преглед ми мереше, јас и дома си мерев за секој случај.
Епа тоа ми е ...хаос е ..и коа веќе бев .. Од трансфузија ми е картончето и баш прашав сега бев на цтг ..2007 имам полагано со печат е од трансфузија е официјален документ ..многу памтам јас ..пред 18г
Не ти треба торч, само брисевите последни и инфективен скрининг. Не можам да ги најдам моите како изгледаа, ама вака од око мислам се имаш. Ако имаш документ за крвна група носи си, ако не ќе ти проверат тие мислам пред 2 години кога правев хистероскопија 1000 денари беше.
и кај матичната одам и во систина, ниту некој ми измерил притисок, ниту ме прашал за килажа, ниту па за исхрана ми дал совет. јас поише сама си водам евиденција и си барам упати и за крвни слики и за се
Добро, тоа е во твојот случај и не би требало да се генерализира. Секако не е исправно да не те прашаат. А може и според изглед гледаат дека си океј. Моето искуство, како што кажав, е спротивно од твоето. Дури чувствувам и преголема грижа од матичната. А за во странство баш ме интересира како посебно контролираат килажа и притисок. Ако некој знае или има искуство, нека сподели.
Мене не ми мереле ни притисок, ни килажа, ниту кај матичната, ниту пак во систина. Немам мајчина книшка.
Шо да ми мери килажа ме гледа како од Етиопија избегана Јас сама си се качвав на вага во ординација кога одев и ме зафркаваше нон стоп дека вагата не е точна, дека се немам ни грам здебелено, инаку отприлика 12 кг имам накачено, ми вика само бебе си немаш ништо. А за притисок ваљда ако имаш висок ќе јави некои симптоми, јас секој ден скоро мерам дома, таман е и си осеќам дека е таман и без да го мерам.
Значи и јас ќе стигнам до повраќање штом почна вака да надоаѓаат. 35та недела сум од денес, ќе се подготвам тогаш за она што го мразам најмногу... Фала ти
Женски ги гледам на инстаграм фотосесииве за новороденчиња и се Баш би сакала да имам такви сликички за спомен зашто така нема да можам да ја сликам сама сигурно. Дали некоја мама имала искуство за ваква фотосесија или би сакала да направи, се распрашала за цени и слично?