Потполно исто како @Anaroz1 и @Guns N` Roses , јас си мислам за крвна слика, и кога ќе отидам на преглед сама ги давам резултатите да види. За килажа и притисок веќе пишав, никој гинеколог ме нема прашано. За совети за исхрана пак ич да не зборам... Јас повеќе мислам дека најголем процент не водат еве вака како нас, дека ретки се докторите што посветуваат внимание на трудниците онака како што треба. Да се надеваме дека тоа го прават затоа што не проценуваат по изглед...
Сама си водам...иако да ти кажам почнав со 51, па стигнав до 59 и тука се исплашив се откажав од мерење едно месец-два за да видам 62 и ме мавна шлог
Првиот пат не направив. Сега размислувам, мислам дека би излегло нешто пренежно, преубаво затоа што ќе бидат сликани заедно со батко и. Ќе има премногу љубов на сликите и затоа овој пат ми е некако мерак за тоа, а и се чуствувам малку поопуштено за разлика од претходно. Но за цени и слично немам разгледувано, а мислам дека е време да се почне, сепак почнав 35та недела Не сум нормална, си испланирав дека до крај на 38ма морам да се породам
Па супер си, јас почнав со 52 намалив на 49 завршив со 62 . Ние слабички не сме навикнати на 6ка на вагата
Хјахсхахаа , јас во главата си имам дека ќе се породам на 15ти. Вчера една женичка ми вика кога ќе ти е термин јас викам на 15ти А не е, 25е. Така сум си ставила у глава не знам зошто.. Аи со батко сликите уште послатки ќе бидат Пишав на неколку инстаграм страници па ќе видиме како е што е. А сликиве сите ги прават преслатки , како ги местат рачињата ноџињата
Реално не се замараат, а треба и килажа да ни мерат и притисок, барем во приватното кај што плаќаш 8000 за преглед очекував посериозен и подетален пристап, а не прегледот да трае 5 мин, да ти ги соберат парите и чао, пријатно.
Исто и јас Мене никој не ме прашал за килограми и притисок ниту ме мерел Два пати сестрата на матичната ја прашував да ми дадат мајчина книшка не ти треба ми рече и толку Вториот пат дури со чудење, добро кој ти бара тоа, ме праша и се откажав Си пишувам сама на лист основни информации за не дај боже ако мора да ме носат итно на клиника или сл.а да не сум во состојба да споделам што пијам примам и слично. Некако цело време сама ги потсетувам за секакви упати и реално ко сама да си ја водам бременоста И ако не прашам нешто конкретно никој не објаснува многу многу детално туку онака ок е ехо и толку Среќа што препрашував иначе немаше ни тромбофилија да знаеме ни шеќер ни ништо
Леле веќе со ова хепатит Б Ц и ХИВ милион пати се тестирав и пак ќе треба. Додека правевме инсеминации и ивф на секои 6 месеци вадев
Баш ќе прашував што е мајчина книшка и од каде се купува. Мене никој ништо не ми води јас сама си се мерам зошто не сакам да претерам јадам многу
Ниту ја купуваш сама, ниту ја водиш. Должност е на докторот што те води да ја пополнува, има доста податоци како и податоци од скрининзите.
Јас на средина на бременост сменив матичен затоа што апсолутно ништо не ми кажуваше. Јас читам овде и одам барам упати кај неа. Во 6 месеци ниту еднаш не ми кажа да направам крвна слика урина и димери. Правев сега и излезе дека ем имам бактерии во урина ем димерите ми се со кратки времиња. Од пред 2 недели сум кај друг доктор баш ќе видиме како ќе биде за водење мајчина книшка. Ако ништо друго сега барем за упати сама сестрата ми кажува што и кога треба да се испита и имаат поставено распоред по недели што треба да се испита и кога треба да се оди на преглед кај гинекологот.
Јас само од ивф докторот добив совет за кг и исхрана и на секое одење на преглед ме предупредуваа за храна килограмите и сл. Дека подобро е за мене и за бебето да си пазам, Ама не ме мереа. После сменив уште двајца др. Никој не ме мерел сама дома се мерам и им кажувам колку сум поправена. За кс на почетокот им доссѓав ми викаа рано е и они ми кажаа кога треба да правам и брисеви и кс и ддмери... И од тогаш си фатив ред еднаш месечно, поради ддмерите најмногу. И комплет пакет правам во Систина, ги праќам кај трансфузиологот и он ми кажува добро е , не е... А на матичната, дека не одам кај неа и праќам се што испитувам, извештаи од Систина за да биде во тек. Мајчина книшка немам ни па ја спомнал некој. Притисок не мерам дали два три пати до сега имам мерено, не осеќам дека има потреба. Шеќерот од една страна ме зезна да не можам ништо да јадам, од друга страна па ми помага да ги одржувам килограмите. Се плашам после пораѓај колкава ќе бидам, ако се опуштам со храната. Сега само бебето нека е во ред, ќе издржам и без грицки и без бело брашно и без шеќер
Не се генерализира и еве читај ги и другите мислења по твоето, ќе заклучиш дека не е само нејзиниот случај и дека 90% ни притисок мерат, ни водат грижа за килограми за разлика од други земји каде што прво влегување во ординација тоа е пракса.
Секаде е различно. Во некои земји пак каде што имам другарки бремени, прво ехо им закажуваат во 8/9та недела. Тука можеш кај матичен кога сакаш да појдеш да си закажеш. Таму еднаш за срце, прв скрининг, втор. Нема како тука звонење по телефони кај матичен и прашувања. Мене мојата матична ме прашува за кг и притисок, а на приватно каде што идам не ме прашале
Затоа и реков 90%, прашањето на членката беше конкретно за притисок и килажа затоа што таа тема се отвори Не знам дали баш е кога сакаш и тука, кога и пишав по позитивен тест ми кажа најрано кога можам да закажам, пред тоа не и на тој преглед само потврдивме бременост. Инаку другото се беше така како што опиша и кај мене - срце, прв скрининг, втор, за сѐ ме известува што следи, сакав еднаш порано да одам на преглед, ми рече немаш потреба.
Уште нешто да прашам, докторот што ќе ме пораѓа ми рече да се боцнам последно со клексан денес ама два часа подоцна, а царскиот евентуално би бил понеделник во 10 изутрина. Јани ми рече 24 часа пред пороѓај да боцнам, вака би имала повеќе од 24 луфта ама со оглед на тоа што се боцкам јас во 17:45 секој ден не можи да се изведи точно 24 часа, се надевам не е проблем ... Аман веќе овие инекции
Ама не ситничи толку до саат, минута. Слушај го докторот што ќе те пораѓа. Знаат докторите што кажуваат. Може и ноќеска да ти пукне водењак, да почнеш да се отвараш, а да си со брзо примено клексан. Опушти се, за брзо ќе ти почне турбо живот.