слушај го докторот шо ќе те пораѓа, некој саат плус минус не менува, не можеш да израчунаш точно 24 саати. и мене ми рече Јани 24 саати да се боцнам пред пораѓај па ја не се боцнав два дена скоро пошо ме примија во болница и се породив дури утре дента на пладне.
Не се сеќавам баш. Знам дека околу 4 месеци терав со 3+ качени и бев пресреќна, но после тоа во 5ти кога застанав на вага и видов 59 ич не ми беше сеедно, затоа што нели имав уште 3-4 месеци до крај. Еве сега застанав на вага, 64 кг имам. Претпоставувам дека 9ти месец малку ќе стагнирам поради киселиниве. Оброците ми се помали од претходно, не знам колку ли ќе се поправев да јадев како пред бременост. Минатата бременост почнав со 49, се породив со 64. Значи имам фора само уште од 2 кг максимум
Да, се генерализира. 2-3-4 мислења не значи дека не се грижат матичните доктори. Може некогаш нема потреба од некои работи, они сами проценуваат. Пр. по изглед, оток на нозе, раце.... И мене не ми мерат килажа и притисок, но кажав дека ме прашуваат за килажа, за притисок, задолжително д-димери и шеќер ми следат. За храна секогаш ми кажуваат на што да припазам, сето тоа е во разговор. Бидејќи ме знаат, а и доста си прашувам, имам добар однос со матичната и докторот од Систина. Мојата матична сето ова го прави на нејзините пациентки. Е сега, верувам дека има секакви доктори, како тука, така и во странство. Прашав погоре, еве и сега повторно: посочете каде, во кои држави повеќе се грижат за килажа и притисок на трудниците од овде? И, каде можете да му пишете на доктор на Вибер, а тој скоро секогаш да ви одговори.....
Јас сум задоволна од мојата матична и од стручноста Исто и приватно каде одев напоредно Но за вакви работи како следење состојба, упати што кога, сама си водев рачун и ок ми е, мене не ми смета тоа, оти претпоставувам дека не го гледаат како битно ако им делува здраво и свесно пациентот Макар што мислам дека е поправилно да е се заверено во таа книшка или картон нешто слично за да се има увид А за надвор не знам како е Но тука во мк поретко внимание даваат за килажа и притисок конкретно А друго си пратат ситуација сигурно ако е критично не те оставаат така
и јас сум кај истата докторка и сум презадоволна, од старт сама иницира упати за крв секоја контрола, кога е време за брисеви, за торч, за крвна група.. редовно мерат притисок и килажа и се многу ажурни за се
Баш така, оти не секоја жена е информирана што треба да испита во бременост, за основна крвна слика верувам дека сите знаат ама за други работи не.
Тетки нас ни се брзаше. Синко ми се роди на 30 Јули, да ве известам. 37+0 . Пораѓај како за прво дете прелесен. Ми пукна водењакот во 9ипол вечерта, во 4 часот наутро се роди . Без анестезија, без никакви лекови за болки. Едноставно неможам да си поверувам што се телото може да направи само. Благодарна сум на бога што поминав така лесно. Од болки само грло ме боли сега, ја кренав салата во воздух од дерење . Ви посакувам на сите пораѓај како мојот !! Сега одам да се гушкаме. Оваа љубов стварно не се опишувала со зборови
Во Германија на секој преглед мерат тежина и притисок и прават брзи тестови од урина. На почеток те прашуваат последен пат кога е направена крвна слика вит.Д тироидни хормони.. и во зависност дали си нормална или патолошка бременост повеќе надзор и ехо.