Да и така е. И јас сум во Германија и сум презадоволна од докторот. Сите информации за мајката и за бебето се запишани во мајчината книшка и каде и да одам кај било кој друг доктор само ја носам со мене и ги има сите информации што му требаат. Од медикаменти што примам, проверки на крв, мокрача, вакцини, кг,.....притисок мерат на секој преглед. Од аспект на комуникација, немам вибер од докторот ама во работно време кога и да имам прашања се јавувам во ординација и добивам навремен одговор или од вработените или самиот доктор ќе ми де прејави. Или треета опција се слушам со Бабицата( Hebamme ) која што исто такс ме прати во текот на бременоста, како и ќе не посетува дома откако ќе се породам.
Ајде од стоначниов се оправив ама што со притисокот низок више како да се оправи човек? Цело време сум како на праг пред паѓање ... Кога ќе преспијам преку ден па после уште полошо е.. Некако многу чудно ми е оваа бременост се како жива сум ама не сум на конче да се држам ... Пишував во српска група многу пишуваат дека истите симптоми ги имале некои демек во 7ми им поминале па си имам некоја надеж уште.....
скоро секоја втора има низок притисок, тоа е дел од брмееноста. Пиј течности касни нешто да ти покачи притисок моментално. Тоа е нема што да се прави колку ти иде ниско?
Цеден лимон секој ден, ставам боровница, вишна, малина. Освежува. Мн вода, тоа е најважно. Вчера слабо пиев вода денес од кревет не можев да станам ама исцедив лимон, плус вода, јогурт и некако се вратив меѓу живите. Дури и стомакот реагира. Затега.Мора вода.
Од сабалјево ми е 92 со 59 ме бута и ми се појавуваат цело време светки пред очи немам сила ич за ништо не само денес цело време ми е така не гледам убаво се е светки...
Нема врска тоа јас сум висока и крупна па имав тежок пораѓај со неиздржливи болки и на крај царски завршив
и мене ми иде така ама кога го мерам и гледав ми беше полошо. Пиј течности, електролити, јогурт. По нешто газирано и ќе се крене.
Камо цело време да ми е вака низок Јас пред бременоста имав малце над граница и некогаш знаеше до 140 да ми оди, ама премногу осетлива бев ба висок притисок, сега сум за мерак, 110 со 70, тука негде е варира, подолу погоре. Пулост ми се регулира затоа што исфрлив скроз алкохол ама изгледа и бременоста ми даде мир, во нова димензија влегов, претходно турбо живот живеев, патувања насекое, кафани, излегувања до доцна, ете Господ сакал да сменам начин на живот и телото моментално ми се заблагодарува за тоа
Здраво девојки Се надевам дека сите сте добро и дека вечерва малку ќе поспиеме Денес влегов во 36 г.н. и вечерва имам постојан нагон за мокрење а кога ќе отидам во вц многу малку мокрам. Откако ќе се избришам со тоалет и се облечам се чувствувам како неизмокрена и обавезно две капки завршуваат на влошка. Минатата недела правев редовна контрола на крвна слика и урина, се беше уредно. Од денес некако ми се врти во главата дека ќе се породам уште сега, како да ги избркам овие мисли ? Дали сте се нашле и вие во слична ситуација?
Нормално е честото мокрење, сите сме поминале. Нема да се породиш ајде малце позитива, а и да се породиш во 9ти си.
Јас по цела ноќ сонувам како се пораѓам. Цел филм си направив , па не можело природно сум отишла на царски па не мора царски ај ќе пробаме природно. Изгледа зашто цело време размислувам како ќе биде што ќе биде се преоптеретувам
Не се плашам од породувањето но се плашам дека ќе се роди наскоро. Некако се молам да издржи барем до 38 недела, не барам многу Цел ден бев добра со добри мисли но вечерва некако ме стигна анксиозноста
За мокрењето не се секирај. Јас од 34та така мокрам. Таман мислам сум завршила пак нагон и како недомочано. Бебето е веќе потешко и прави притисок. Ќе издржиш ехеее , не се секирај
Јас и ти во ист ден Од денес сум 36та и за прв пат така почувствував притисок долу ваг и како почесто мокрење и исто помислив дека може се спушта бебчето ама реално сигурно не може од наеднаш да почне пораѓај а и плус сме веќе во 9ти месец Ќе издржиме уште малку Само да е ок
Kako da gi koristam dulcolax cepcinjata, utre imam zakazan carski mi rekoa 1h pred da otidam da gi stavam, kako se stavat i dvete edno po drugo ili?
Видов дека на двете ни е термин 31.08 Јас треба да отидам на преглед дури 37ма недела, така се договоривме со докторот што ќе ме пораѓа. До последниот преглед воопшто ништо не ми спомна за пораѓање но и јас некако одбегнував да прашам, некако сакав да си дадам време. Спремна сум со се, алишта за бебе испрани и испеглани, цуцли и шишиња миени, генералка дома направена Уште мојата торбица да се среди и да чекаме
Ти сонуваш како се породуваш, а јас се бафтам со бивши девојки на маж ми Сабајле се разбудив со стисната тупаница и болка во истата рака, затоа што сонував дека не ми кажал за некоја девојка со која бил, па го тепав во сонот И нормално, бев лута кога се разбудив. За на крај да се сетам дека "бившата" му била едно девојче што учествуваше во анкетата на Лазаров А сето тоа, благодарение на тоа што вчера вечерта ислушав песна со името на една негова вистинска бивша Не се оптеретувај, знам дека не е сеедно, но како треба да биде-ќе биде. Најважно е се да заврши добро