Во Америка, на секој преглед кај матичниот гинеколог ми мерат килажа, притисок и урина преку брзи тестови. А за димери воопшто ми нема спомнато докторката, дури кога ја прашав јас, зачудено ме погледна и рече дека не се испитува такво нешто додека нема некои индикации. Прв преглед закажуваат некаде помеѓу 8-10 недела каде што се потврдува бременост преку крв, а на прв ултразвук бев во 10та недела, тој го викаат dating and viability scan. Во 12та недела беше прв скрининг, nuchal translucency screening, а во 20та недела втор скрининг, anatomy scan. За овие 22 недели имам еднаш правено брисеви, а два пати крвна слика. Мислам дека наредно околу 24та недела ќе биде тестот за гестациски дијабетес... Ова е мојот случај, можеби има други доктори и болници што ја водат бременоста поразлично, меѓутоа притисок и тежина мерат кај било кој доктор и да влезеш.
Трета смена колку не има ? Не можам да спијам, 39+1 , се потам жива вода се правам. Магнезиум немам, вчера го потрошив последното и не купив, нема што да ме опушти сега Имам Б6 од 50мг, ама мн голема доза било ми е страв дали смеам да се напијам, една членка ми ги препорача да ги земам. Ги пие некој тие?
Млечно бел исцедок не е постојан и не чеша не мириса океј ли е ? Ми мокри гаки само Четврток сум на контрола , и на два ума сум дали порано да одам .
кај мене така почна да тече во 28ма недела без мирис, без чешање излезе уреаплазма на брисеви, ако ти е намисла направи си брисеви
Јас ставав и додека ставав имав, кога го прекинав се повлече. Исто без мирис и без чешање. Утрогестанот треба да делува исто дали се пие или се става локално, па претпоставувам од него ти е, ама за да не претпоставуваме најубаво е да прашаш доктор, ете за два дена си на конторла ќе видат тогаш. Битно е да не чеша, пече или мириса.
јас додека го пиев немав никаков исцедок, откако почнав да го ставам вагинално цело време сум така со мокри гаќи
Каква облека планирате за бебе за излегување од болница овој период? нагоре боденце на кратки или на долги?
Јас му однесов и на кратки и на долги и им реков како мислат да ја облечат или од двете комбинација (бидејќи боите одговараа) и ја облекоа со боденце на куси и едно како фустанче (на прерамки, со ногавици танки) и чорапчиња
Здраво на сите дали некоја значи што значи ова. Денеска бев на контрола и ми запиша докторката Vaginalen naod PVU- nedoizgladeno,sakralizirano OUE- 2-3 cm OPV- cel