Пишувавте пред некој ден, неможам да најдам за менструални болки. Јас сум 36+3 денес, цел ден ми е непријатно, сега почна да ме боли стомакот баш долниот дел, иато како менструални болки. Има и друга вака или да искачам на времево до болница? Плус и малце послабо го осеќам денес.
Види дали ти се јавуваат на интервали, и дали стануваат почести и посилни болките. Ако да, отиди на преглед. Легни на грб, најчесто така се размрдува мојава. Ако не помине така, легни на една, па на друга страна. Пиши што си направила.
Има некоја будна? Пред 5 минути осетив како јака боцкава болка горе десно под градите, сега пред малку страшно гласно ми захрче стомакот мислам се препотив од страв. Ви се има ли случено или да летам на доктор? Бебево инаку активно е, баш сега мрда.
Да не ти е некоја жила, да ти се превртела.. мене така минатата недела додека го местев креветот, страшна болка на истото место и почнав да викам ама се смири, легнав одма.. како ти захрче стомакот ? Напиј се магнезиум
Сега кога ќе земам воздух подлабоко, се слуша како воздух, како звук на оние топките за во вода кога ќе ги удриш со прст не знам дали ме сфаќате. Магнезиум третата доза ја пропуштив затоа што доцна се сетив и од страв од влошување на киселините не се напив. Моментално го осеќам бебево ко да е качено горе одма под граден кош. На последен преглед 34+ беше со глава надоле.
Немав никаква активност во моментот тоа и ме буни. Си бев во полулежечка положба кога ме забоде. Стомакот захрчи не знам, некако страшно гласно, ни во најлоша ситуација со гасови не сум слушнала нешто такво.
Лимонот спушта притисок. Можеш кефир/јогурт со сол да пиеш повеќе, обична или кисела вода + можеш електролити.