Еве јас сум имам дипломирано биохемија и ќе ти кажам дека двата стандарди се прифатени за широка употреба и апсолутно се апликативни во различни ситуации. OGTT во бременост е рутинско тестирање поради хормонална состојба кое не значи дека лицето (трудницата) има хроничен дијабетес итн. На кратко што е поентата: Кога ти јадеш шеќер во некоја форма, овде е чиста гликоза раствор во тестов ама на факултет имавме испитаници со различен внес на шеќер (чоколадо, толумби итн) телото почнува да создава инсулин за да го депонира и првиот период после јадење 1-1.5 ч најчесто кога се прави глукозно оптеретување OGTT во три точки е за проценка колку добро ти се лачи инсулин и депонирање на глукоза па тогаш најчесто се влегува во реактивна хипогликемија или детектира ако имаш инсулинска резистенција итн. на кратко (има една крива по стандард и се следи дали добро се движи итн) Потоа се гледа колку брзо се нормализира шеќерот во крвта и треба да си се качи кривата нагоре (ќе ви оставам тука споредбена крива) Според тоа они зимаат крв за 1 и 2 часа и прават анализа дали тебе ти се нормализира шеќерот во тој период. Разликата во 2 или 3 точки по она што нели јас имам правено и по стандард и во лабораторија е пример ти мерат шеќер на гладно - потоа пиеш глукоза - ти мерат после 1 ч - 2 часа ти го мерат крајниот резултат за да видат како тебе ти се лачи инсулин дали ти се нормализира шеќерот итн. И сега ако те боцнат 2 пати во тие 3 часа ти ги фаќаат и другиве фази, ако не гледаат overall како ти реагира организамот што според светска здравствена организација процениле дека е доволно за во бременост, иако секако што повеќе контролни мерења тоа подобро за да се увиди како реагира телото на шеќерен внес - ама ова не би било 100% точно бидејќи сте трудница и може да е состојба во бременост само. Не знам како поедноставно да објаснам, ама поентата е, не се грижете, важно е да знаат да ве насочат ако приметат дека имате одредена промена од нормалата како да го изрегулирате шеќерот за да имате безбедна бременост.
хаха и моето цтг беше такво, него јас си мислам позитивно затоа што веќе немам трпение утре сум пак, не очекувам ништо различно неам никакви симптоми, дури си го гледам стомаков, бебе уште е горе за облека мене ми се присобра многу затоа што ми е второ, имав многу од првата и нешто докупив од мерак. иначе имај си повеќе бодиња и шпикозни мене најпрактични ми беа тие за почеток, ама не зимај многу 56 ки пошо брзо ги растат малите бројчиња. и да ти фали ќе докупиш, јас ништо немав со големата, па се докупивме откако се роди. кога ти е терминот? @pikachu2 фала ти за деталното објаснување, баш ме интересираше. @Puffy2019 се надевам дека си добро, не се точни тие апарати, пак најубаво е со најобичен да има некој да ти измери. иначе и мојава во тоа време се шекнува, а преку ден како успана е
Дали имате лушпи, ко корупки на брадавиците? И ако имате, што правите? Јас прво со кокосово масло се мачкав и лесни излегуваа, ама стануваат упорни, ме чешаат па и страв ми е да не ми се раскрварат.
Понекогаш ми се појавуваат. Ги мачкам со млеко за тело на вазелин, до сега не ми се раскрвавиле ама и се трудам да не ги чепкам
Супер објаснување даде ама за бремени според СЗО и Американската Асоцијација на дијабет се препорачува по стандард 3 боцкања особено за трудници со вишок кг, историја во фамилија итн
@Anaroz1 рано ти е тебе, кај се брзаш , јас сум скоро една недела пред тебе нема никакви знаци дека ќе биде. Вчера бев на второ ЦТГ, мирно е, но ме загрижи тоа што постелката е зрела, постојано тоа ми е во мисла, а јас немам никаква симптоми дека процесот ќе почне набрзо. Друго нешто што ме загрижува матичната и докторот од Систина различно ми го измерија бебето, кај матичната 34 недела 2600, кај докторот 35 нед го измери 2400, а во 37 недела кога правев и прво ЦТГ го измери 2600, сега повторно на второ ЦТГ 2670 38+4. Бебенцето според последниот преглед ми заостанува две недели, а досега се си беше уредно, ми се плаче од нервоза, а докторот не ми кажа ништо, само ми закажа следно ЦТГ за 5 дена.
Не се нервирај, дали проверивте протоци? И мерките навистина многу варираат особено со различни ехо апарати..
Со првото напоредно правев вп ремедика и кај матичната секогаш различно го водеа. На едно место ми викаат стомакот поголем, на друго место супер за неделите...ме скренаа. На крај се добро си се роди.
Кај мене со претходната бременост во цел 9ти месец (36-39 недела) стагнираше на 2800-3000г кога викаат дека најмногу треба да качува Немаше никаков проблем ни со постелка ни со протоци. Ја родив 3 кг точно. Докторката ми рече некогаш и генетика е во прашање. Ма да ние не сме ни ситни, и јас и мм сме со голема килажа родени. Штом докторот не бил загрижен сигурно проверил сѐ тоа. Не секирај се, да имаше некаков проблем сигурно ќе те породеа до сега.
Ве молам ве молам кој има искуство со антидепресиви во бременост да сподели? Поточно за асентра се работи.
Не се нервирај. Мене вчера ниту ми даде мерки ниту ништо. Ама кога мереше верувај дека главчето ми го измери помало од предходната недела.. Да отидев на друг преглед ќе беа други мерките сигурно. Протоцитњ битно да се океј а ако имаше проблем ќе реагираше одма докторот не се секирај.
Немам искуство, но знам дека во Ск на клиника има докторка психијатар која работи со бремени жени. Не знам како се вика докторката, сум заборавила. Можеби некоја членка ќе знае. Сепак, најубаво е за ова да си се консултираш со психијатар, најстручно ќе ти одреди терапија која ќе биде безбедна за тебе и за плодот.
Првите две недели на пин бебе го мерат на 4 дена на ехо и све 1450, 1400 и мене ме фати нервоза викам на Симеонова докторке како два пати ме мерат поминаа 8 дена иста килажа дури и пониска, и ми рече ај не се замарај со тоа гледај грло да е добро бебе да е добро и протици и ок... после поминаа уште 8 дена и да ме пуштат и мери бебе 1800... дали некој не мереле како што треба или мрдало бебе незнам. И на крај во ремедика ме измери Др Афродита вика 2050, јас ја родив 2040 за 4 дена од тогаш. Значи мерките не се баш точни секогаш. Генетиката игра улога, мене ми беше од втор степен плацентата зрела во 30та недела, протици одлични. Знаеш и тој збор колку е зрела е битно. Сепак на крај и треба да биде зрела. Не се нервирај. Важно бебе да е добро.
Браво за објаснувањето Да го знаев ова ќе си барав на приватно со три Мене ми направија со две преку фонд и тогаш ми кажаа дека ок било и така Сега ќе внимавам на исхраната до крај и толку
И мене различно ме мерат Плус еден вели има лагуни зрелост итн на постелката а друга докторка супер е постелката И плодот секогаш различно го мерат за 200-300 г Битно ми е дека сите кажаа протоци ок и мерки ок Мислам дека нема потреба да се оптоваруваме со тежината оти секако не можат да ја измерат точно Битно другово да е ок
И мене така ми се случи, се во ред и накрај видоја дека не расти како што треба. Протоци, постелка се беше во ред, а бебе беше како за 34та недела, а бев 37ма. Чим не ти рекле ништо друго освен цтг значи не е алармантно, ќе си правиш цтг и контроли. Исто и за мерењето, никој точно не го измери. Неколку дена пред да се породам ми рекоја 2900 негде, а се роди доста помало
Скроз исто бев. 3 кила се роди 40+5. И на крај кога ја видоа ми рекоа постелката била многу зрела, а никој ништо не ми искоментира претходно. @Guns N` Roses