Добро как тебе порано барем мрднало. Јас 23та недела сум некои денови како да немам стомак, почна да мрда тек 21ва недела кај мене
Само да си кажам дека се породив, на свет стигна моето девојче. Ви благодарам на сите за секој даден совет во овој изминат период и ви посакувам лесно породување
Некој трета смена дежурен како мене . Секоја вечер истата приказна. Ми се спие, очите ми се затвараат, легнувам да спијам, заспивам секундарно од умор, но почнувам да се потам интензивно, главата и вратот, косата жива вода, се почнувам да ме чеша, боцка. Станувам до тоалет, пак се враќам, исто. Додека пишувам телефонот сто пати ми падна од раце од умор, но не можам да спијам од што се препотувам, да напоменам климата работи цело време . Тука се и киселините, забава до сабајле.
Не е трета смена кај мене, ама тука сум 23та недела сум, така да уште ми е рано претпоставувам за овие несоници... Сега баш со мм зборевме кога и како да почнеме да се спремаме поинтензивно, кутриот е повозбуден од мене, дури на моменти мислам дека ме смета за незаинтересирана од што за сè викам дека е рано
Нема правило. Јас две бремености немам несоници, еве вторава сум 34 скоро полна. Станувам 2 пати за до вц само нормално, одма презаспивам како топ. Знам што ме чека после, збирам резерви сон
Нема рано - касно, јас сум 21 недела и имам несоници од 7ма. 4/7 дена сум будна од 02-05 ам и потоа сум мртва уморна со денови и на работа и дома едвај функционирам и сум нервозна
Истооо скрос дури ме фаќа нервоза, се туширам и пак исто, плус почна грлово да ме гребе и да поткашлувам зошто кога ќе станам така нервозна било што ќе земам од фрижидер да е ладно
Скрос исто, седната задремувам а легнам се ме чеша, боцка ...вратот утоп. Мм покриен, јас жива вода а не е жешко башка јас сакам жешко Јас си станувам одам у дневна, ќе средам нешто у кујна, куче ќе пуштам во двор Масло се мачкам на стомак, раце, нозе у ниедно време ... ама најмногу ми помага масажа на нозе, листови... мм кога ќе ме измасира одма заспивам...Среќа киселини немам, уште тоа ми фали
Ве читам за несоници, па и јас да се пожалам. 3 месеци не сум спиена ко човек.Жешко, киселини, нозе болат. Неможам позиција да фатам удобна. Мочам на саат ипол... Синоќа плачев зошто неможам да заспијам. Капак на све детето ми е болно синоќа со температура 39. Мене исто грло почна да ме боли. Цело лето се чуваме и не ја носам во градинка и ете сега некој вирус закачивме баш пред да се породам
Одма кромид и мед у тегла, и пијте сирупот што ќе го пушти, уништува вируси нема да кашла, грло пушта одма...нос одзатнува. Сода бикарбона гаргара, исто солена вода гаргара за грлото. Нека поминува брзо и со лесно
Се надевам дека за брзо ќе ни помине.. на неа ќе и помине за 3,4 дена ама јас коа ќе фатам ме држи по 2 недели. Кога мислев неможе да биде потешко трудна 9ти месец на 40 степени. Еве ме Трудна, 40 степени, болна и плус болен тодлер лепенка за мене. Не признава никој друг освен мама. А мама одвај преживува
Мене на преден ѕид, прво бебе и од 16та почнав да ја осеќам, после како почна да клоца и во вц кога идев ме клоцаше и сега е таква одкако се роди, не застанува.