мене на прв скрининг во 12та ми беше на преден ѕид, сега се сменила. Леле ноќеска ме извади од памет почна појако на моменти. Хахаха стварно ли? Колкаво бебе е сега?
Бебе ја родив во 32 ра, сега е 4 месеци 6кг, а прв пат кога ја однесов кај Филев беше Месец ипол, околу 2400г, абе да прета неможе да ја измери ни тежина ни должина. Вика да е здрава и жива ама мн активна како за прематурче. хаха јас си знам во стомак како беше.
Не правев јас, па не знам како оди постапката но вчера бев на ехо за бременост и да платам ми викаат на шалтер околу 2000 ден баш се изненадив и гледам на фискалната докторот пишал најверојатно за да платам помалку одредување пх на вагина и цената е точно 2450 без попуст.
Фала девојки, завршив работа, во Систина, не ми наплатија дополнително освен ехо, 5000мкд а ете сигурно постои и како посебна услуга, како што пиша @Sunrise!!! Инаку не ми ставаше спекулум, ми ја збрца лентичката со прсти внатре
Само да се пожалам. Се разбудив во 2 и пол жива вода, бев до тоалет и пиев вода. Кога легнав веднаш ми се качија киселини. Морав да се исправам, па така ми се мавнаа од глава грижите што ме мачат деновиве и пред спиење. Еве ме се уште не можам да заспијам а очи ми паѓаат... Гледам секоја вечер по некоја од нас дежура тука Како на смени сме...
Сега и се освежив, прееска додека пишував очи ми паѓаа. Сега свежа сум не знам како ќе заспијам А сабајле ќе бидам нервозна поради ова Борба ни е периодов со спиење на сите, барем ние што сме при крај
Јас овие две вечери на село поштено отспав, се враќам во Скопје и се надевам нема и несоницата да се врати
Јас планирав денес да си поспијам ама очигледно моите бебенца имале други планови за мене Шала на страна, дали чувствувате движења/удари и во сон?
Јас веќе се навикнав, секоја вечер истото, се потам до 3-4 саатот жива вода, се стабилизирам и после легнувам пред да се раздени .
Девојки помагајте. Трет ден веќе при движење, станување и седнување болка како шилец во левата страна од Гзот. Бремена сум 25 недела. Неможам еден чекор да направам без болка и кривам. Ќе ви поставам слика каде ја осеќам болката. Ве молам помагајте, дали да кревам паника и да одам денес на болница?
да, мислам навечер е најактивна @Маша2024 ти притиска нешто на некој нерв, не знам како стоиш со килажа и мене сега почнува да ме боли, ама јас сум на крај на 9ти, стискам заби само. дали се движиш, каква бременост имаш? магнезиум пиеш? иначе јас вчера, наместив креветче, испеглав се, спакував торба со две варијанти за вадење од болница, една на кратки и една на долги шпикозни, утре сум пак на цтг, иако нема абер јас веќе сум спремна. дај кажувајте што помага да се убрза процес
Дневно имам од 6000-10000 чекори, килажата ми е истата од пред да останам бремена, првите четири месеци намалив 5 кг, и после ги вратив. Пазам на храна поради гестациски....пијам магнезиум да.
Еден месец ја имав истата болка, некаде при крај на 7ми месец се јави, едвај се движев, едвај станував, најверојатно бебе притискаше на некој нерв. Само од себе помина и тоа наеднаш.
види ако не консултирај се со доктор, мене мислам дека ме боли од килажата, и последнава недела не одам на работа поише дома лежам и одма почна се да ме боли.
Мене ми е втора бременост и овој нерв почна да ме притиска уште во 15та недела ако не и порано. Докторот ми даде Неуробион, ме опушти тоа малку. Исто такс тој период пиев магнезиум што буквално ништо не ми правеше, откако го сменив не сум имала болка