Јас сум спремна, генералка направена, се испрано, исчистено, собата за бебе спремна, облека спремна, испрана, испеглана, наредена. Исто имам две опции за земање од болница на кратки и на долги, едвај најдов нешто поубавко за излегување од болница. На девојкава убаво и е во стомак, си клоца, мрда, се превртува само, не и се излегува некако, уште е високо и немам апсолутно никаков знак дека ќе биде скоро. Утре сум на ЦТГ, да видиме да кај сме.
Спојлер: Слика Спојлер: Слика Дали вака ги изгледа добро ? Според циклус сум 24 и само стомачето одговара за таа недела. Просек според мерки бебе одговара на 23 недела . Со серклажот се е во ред , цервиксот го измерија 30мм што е супер . Коментарот на докторката кога ја прашав за бебето беше малку е помалечка но здрава е .
На почетокот пиев парацетамол, ден-два, ми делуваше само неколку часа и толку, од аналгетик друго ништо не пиев, гледав дека само ја ублажува болката привремено и прекратив, магнезиум со б6 пиев редовно. Се навикнав на болката и така функционирав, одев на работа и кривев со една нога, се изненадив кога ми помина наеднаш, буквално преку ноќ.
Da se prijavam, me vratija pak doma vo vtornik pak, utre ke otvoram porodilno. Samo treba da odam kaj maticnata taka ona ke sredi se neli ?
Ќе спиеме кога сите се будни Тебе одамна те читав за потењето, ама си викав ај различни температури дома секаде, но изгледа проблемот е во бременоста и само таму.
Ова нешто не е нормално дефинитивно, цела вечер до кај 3, 4 саат седев со жива вода испотена глава, а клима работи. Јас и иначе се потам многу, ама ова е чудо.
Девојки јас сум 37+2, веќе неколку дена ме боли под десното ребро, ама не можам да се намеатам да ми е удобно. Утре сум на преглед и цтг ќе го прашам и докторов, ама има ли некоја како мене како се сноѓа.
Да мене баш под десното ребро ме боли, малку се истегнувам со рацете и грбот и некако така се местам за седење/лежење
Три денови по ред мене кај левото ребро ми се случува тоа, особено ако седам многу се осеќа, баш е непријатно. И јас сум утре на цтг па ќе прашам.
Ја генерално никогаш не сум се потела нешто многу и многу топло издржувам, дури и сега во бременост подобро ми е кога е сонце и топло одколку што ми беше кога врнеше или кога беше облачно, само лежев Но како влегов 8-9 м баш приметив дека навечер се потам и тоа најмногу во коса... Се будам накај 2 саат и морам да се пресоблечам и косата мокра... После накај 5 пак исто Изгледа е нешто до хормони или до последниот период пред пораѓај Тешко се наоѓа положба за спиење плус И да чат пат ребрата болат односно под ребра Колковите исто Јас сѐ си мислев дека од 37 денес ќе почне процесот на пораѓај некако со некакви симптоми ама изгледа ќе си почекам Само да бидеме сите ок
Јас не бев во термин.. ама таа недела пред да се породам ме пуштија од пин дома, таму се туширам легнувам демек нова спаваќа ми даваат заспивам во 11-12 се будам во два, жива вода. Мокра залепена спаваќата и ајде полека да не ги разбудам жените имав горна пижама и ја ставив така спаваќата да се суши. И неможев да заспијам доаѓа Хигиеничарката вика леле девојче што не викаш ај еве ти нова спаваќа. Дома кога дојдов по 3-4 пати навечер мокри маици од мм менувам зслепени буквално мокри. И кога отидов после 4 дена на преглед јас отворена. А читам цела недела дали е нормално така да се поти трудна жена. Како се породив тоа го снема. Може е нешто кога телото се спрема да се породи. Буквално не сум се потела претходно, значи и на 40 степени на терен со кошула јас барут.
Тука сум Нема уште ништо.. Сабајле кога станав стомаков скроз доле.. Тапи болки имам сеуште ама бебка не искача.. Искрено веќе едвај чекам да се породам , тешко ми е веќе и физички и психички... Денес генералка направив секаде почнав да кризирам све чистам... Само нека ни е со лесно на сите