Стварно е чудо...И тоа кај тебе било ептен интензивно штом си менувала по 3-4 маици на спиење, а ти се породи пред жештините. Пред малку задремав затоа што сум некако исцрпена и некоја настинка ме фати, а бе мислам дека во првите две минути ме облеа пот, ме фати нервоза поради тоа и морав да станам. Вака ми даваш надеж дека ќе биде за брзо , иако следејќи ја @Guns N` Roses колку време се мачи со овој проблем сум пола-пола
Ти се спушти стомакот??? Јас деновиве само го гледам, проценувам дали има мрднато надоле, иако читав дека во вторите и понатамошните бремености се спуштал многу непосредно пред породување, за разлика од првиот пат кога тоа се случувало некој ден претходно. Јеее ќе биде за брзооо Со денови ми се јадат мекици Друга работа, денес цел ден сум без секојдневна влошка, а дома сум и сум милион посто сигурна дека не е од потење. На секое одење во тоалет гаќите ми се мокри, ама онака како баш воденеста течност да истекла. Веќе со перење гаќи не можам да постигнам Последниов пат некако најмногу истечено ми се виде, а чудно ми е дека не осеќам кога се случува тоа. Зарем е можно полека да истекува плодовата вода? Мислам дека утре до цтг ќе пукнам вака Само јас можам да лудувам и да се надевам дека уште во 36та недела можно е да се породам, никој друг
Може да ти е од испотено Плус имаш време штом си 36та Полека полека ќе стигнеме сите кај ќе одиме ... Мора да излезат каде тад
Не е од испотено сигурна сум., точно знам во кој дел се потам, ова е баш кај што истекува слуз на сред гаќи
и јас не можам да доперам гаки, ама не ќе да е плодова вода, до топлово е иначе јас од кога се надевам па еве ме ниту стомакот ми е спуштен ни ништо, бебе си ужива внатре утре сите сме на цтг
Како што гледам почнаа веќе августовските бебиња, утре сите на цтг . Со лесно на сите . Иначе и јас само го гледам стомакот, се си викам можда е подспуштен, ама да се стврдне буквално е под желудник, дури неможам да дишам ме боли. Бебе е веќе наместено од 30та недела, грпче напред накај лево, глава доле и нозете накај десно. Докторов вика супер е таман се наместил да искача. А една слика немам од лиценцето . Од ќере си ја урамив баш кај што и се гледаат џиновските обравчиња, сакав и за ова бебе ама немаа . Деновиве си викам да искористам дур не се породам да прошетам, ќе излезам и на пола излегување ме фаќаат жештини и едвај чекам да си дојдам дома. За чудо не се потам ич, ама нозете ми стануваат цели црвени како изгорени, ако ги пипнам бели траги ми се прават. Ќе се изладам и поминува. Ама после цел ден сум легната немам сила. Едвај чекам да се породам. А како ли само ќе се одвоиме со ќерка ми за 3 дена незнам. Уште сега си поплакувам кпга она не ме гледа, а ми вика јас ќе сум тажна дека нема да можам да те гушнам. Хормониве ме утепаа
Јас во среда на прво цтг. Ајде чекам утре од сите апдејт. Време е да се олеснуваме една по една .. ова више не се трпи ама јас дека болна си викам нека почека пред 20ти август не ми се раѓа. А и мене ми е термин краен 03.09 така да имам време. Со првото се породив недела пред термин. Од април со скратено грло лежев , се плашев ќе искочи пред време. А ќе испадне да се молиме на крај
Исто буквалноо хахах. На лежење од 16та недела . На скали не сум помислувала сега прескокнувам Со мм се зезаме уште секс да имаме од сите забранети работи и таман ајт.. Ама шубе ми е све мислам главата ќе и ја мавне Плус ко желка сум едвај се превртувам.. Последниве недели најспоро поминуваат некако и нетрпеливостт до небо Таман е накај 20ти да се олесниш хаха , ама тоа кога сака бебче џабе Битно опасноста помина
време е веќе, од утре пак најавуваат пекол, не знам како ќе издржам, мислам дека секој ден сум се потешка и се потешко ми од предходниот со првото во 39та се породив, па се надевам и со ова оваа недела ќе се олеснам @Peperutce6 и секс пробано, не помага страшно неудобно е само
Мене терминот ми е на 25ти август, утре влагам во 38мс недела а од четвртокот вагинално ме проверуваа и 2 прста вика докторката комотно влагаат а и воденикот го допирам ама некако абер нема госпожава да излага... сега сум пак во четврток ма цтг ако не се породам до тогаш Сега имам од време на време како менструални болки и болки во кичма што претпоставувам дека се контракции и МНОООГУ исцедок мислам гаќите ми се лом лом буквално...
Па можам да кажам дека секс оваа година не сум имала во јануари може еднаш два пати и после крварења имав два пати, па скратено грло инфекции и така. Едно време имав желба , сега не ми ни текнува. А и верувам дека е крајно неудобно така да не ни пробувам. Ќе почекам до есен кога више до тука сме стигнале плус шубе ни е и на двајцата бебе е скрос ниско со главата долу. Вака звучи дека ти скоро ќе се олесниш изгледа.. ајде со лесно нека е
Па дај боже јас едвај чекам искрено.. само некогаш се прашувам дали ке знам кога ке ми пукне водењакот или нема да знам.. дали пример прво болки ке ме фатат па после водењакот дсли ке знам кога да одам во болница или не..
Здраво мајки ми треба ваша поддршка. Јас ќе се породам за ден два најверојатно и очајно ми треба совет како да го издржам прегледот со рака?? И првиот пат кога се пораѓав ме болеше многу ама среќа само еднаш ми го направија тогаш. Сега дека сум малку отворена ми го направија и плачев после прегледот особено зашто знам дека гарант ќе ми го прават пак дур да се породам. Има ли некои вежби за дишење, за опуштање, што било што можат да го направат помалку болен?
Во која болница кој доктор ти го прави? Ако мислиме на ист преглед.. каде што што се вика целата рака ти ја става докторот во вагината за дс провери до кај си што си... Јас во систина асистентка една плава млада девојка ми го направи тој преглед и можам само да кажам декс ништо посебно не осетив девојчето беше премногу нежно дури и ми го притисксше и стомакот истовремено и воопшто не беше болно