И ја да си се пожалам со спиењево се будам на секој саат време ноќе и кога ќе станам наутро обавезно снага ми се тресе.. Преку ден ме бута на спиење некој пат ќе дремнам и после како пијана кокошка сум и многу ми е лошо, тешко....
Девојки здраво. Јас дојдов да се пријавам во клубот на трудници, вчера направив тест позитивен испадна. На гинеколог сум на 20.08 во Деметра Медикал кај др. Оливера Арнаудова, едвај чекам да одам. Ептен сум на почеток, ок сум сега за сега на моменти само доста уморно се осеќам и имам грчеви во долниот дел од стомакот. Ми кажаа да пијам Фемибион, после работа ќе идам во аптека да земам. Нешто што треба да знам, некој совет/препорака од вас што сте го поминале или моментално поминувате низ прво тромесечие?
Среќно и лесна бременост ! Симптомите кај сите се различни но што може да очекуваш од генералната слика за бремености е: 1. Зголемен замор и да ти се спие 24/7 2. Промени во расположение 3. Подуеност 4. Акни 5. Повраќање/гадење/киселини 6. Болки ниско поради ширење на матката 7. Несоници 8. Зголемен/намален апетит 9. Аверзија кон дадена храна или неочекувана желба за храна што порано ја немаш јадено 10. Неконтролирано потење Ова е нешто што ми текнува од симптоми што сум имала или имале мои блиски
Утре сум на прв скрининг, како се одвива, на што да се спремам? Искрено преголем паничар сум и само на црни сценарија мислам.... иначе правев нифти и се излезе океј, мислев дека тоа малку ќе ме смири ама џабе
Зошто толку паника? Зошто си правиш непотребни стресови уште на почетокот? Мада и мене ме чека наскоро истото ама не дозволувам црни мисли да ме надвладеат, кога ќе ми дојде таква мислам одма ја сечам и ја заменувам со нова, свесно го правам тоа зошто не сакам да верглам во празно непотребно. Ајде позитивна мисла, се ќе биде во ред. Со лесно.
Здраво мешиња како сте? Имам едно прашање, јас сум 5та недела бремена но некако стомакот многу ми е подуен и мислам секој ден се повеќе и повеќе ми се дуе дали и кај вас било така инаку втора бременост ми е, дали може од дабростонот така да ми е, мешето ми изгледа како во 5ти месец да сум Ви благодарам однапред
Завршено прво цтг. Има доволно плодова вода, отворена 1,5 цм. Јас си отидов подготвена во случај да ме задржат Сега чекам да помине настинка да видам дали ќе се среди протекувањево.
Од позитивен тест па негде до крај на 3ти месец стомакот ми изгледаше ист, ко 5ти месец. Исправи се имам стомак, легни нема стомак. Е тек после почна само стомак од бременост да се познава.
Која недела си ти ? И ти ли со настинка и јас исто 36+5 сум. Кога кашлам или дувам нос имам чувство ќе го избуткам бебето надвор
36+2 блиску сме ние многу Настинав и не можам да се трпам, ноќеска кај од стрес тест не спиев, па и кога ми се приспа час-два се вртев не можев да дишам, носот затнат и како кај грлото имав притисок. А течност ти истекува ли кога кашлаш и дуваш нос?
Кога им кажавте на вашите родители/брат/сестра дека сте трудни? Јас ќе пукнам многу сакам на мајка ми и сестра ми да им кажам многу сме блиски, ама па од друга страна си викам многу е рано не знам што да правам…
Кога направив тест и искочи позитивен и кажав само на сестра ми, а после прво ехо со сликичката ги собрав сите домашни и ќере им кажа дека ќе имаме бебе
Јас сум 36+1 , и во среда сум на контрола за ддимерите на ГАК , незнам дали ќе ми прават ЦТГ и преглед со рака.. се си мислам рано е. Ти имаше преглед со рака заради исцедокот или?
Завршив и јас, цтг океј, вагинално ме прегледа докторкава, искрено ништо не осетив не ми кажа ништо, рече само омекнато е грлото, ама уште е рано, вода има уште, постелката е добра, ќе тера уште женската
Кажи им. Ако не ја споделиш најубавата вест со твоите, со кој друг би ја споделила? Верувам дека тие ќе се израдуваат најмногу. Со лесно да ти е.
Па мислам дека поради исцедокот е. Затоа што она тргна на ехо да ме гледа и и кажав што проблем имав од вчера попладне до сабајле, и веднаш ми рече соблечи се прво тоа да видиме. Првиот пат мислам дека во 38ма недела ме прегледа со рака.
Добра е, внимателна. И јас не осетив, повеќе мислам тоа лентичката за пх вредност ја осетив Женската твоја нема гајле мама, џабе вчера пешачењето.