Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, незнам да ти кажам мокра сум цело време ама претпоставувам од што се потам. Не ми личи дека е плодова вода.
    Ти имаш ли некакви болки? Или не ?
    Мене ми е страв да не се отворам а да не осетам :Dа
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    7.829
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас си викам, најблиски ни се и радоста сакаме да ја споделиме со нив. :l:
    За другите секако ќе почекам да им кажам, рано е додека е ризично не би споделувала со сите.
     
    На Ѕвездена, Larea, QweenSM и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.624
    Допаѓања:
    33.875
    Пол:
    Женски
    Јас уште на фб шо немав пишано ко останав трудна :D
    Тие шо не дознаа лично од моја уста, сфатија кога престанав да пијам и пушам цигари :D
    Кумашинот сфати зашо спиеше кај нас и сабајлето ќе се истепавме у веце, јас повраќам од бременост, тој од пиење и ми се врти само Абе ти трудна си, нели? :rofl:
     
    На Milkiway, Ladyme, Puffy2019 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    7.829
    Пол:
    Женски
    Хахахах прејако :D
     
  5. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.480
    Пол:
    Женски
    И до сега се потев, најчесто кога сум надвор, затоа што внатре е климатизирано и немам проблем. Но точно знам каде се потев (кај препоните што фаќаат гаќите, никогаш на средина.
    Нешто не ми штима, докторката ми рече дека лентата не покажа плодова вода, но не кажа и дека е од урина.
    Сега кога се вратив од преглед, повторно имаше истечено на средина поголем круг.
    Точно знам синоќа дека после мочање се избришав убаво и застанав да мијам раце. Осетив мокро, и кога се соблеков видов доста истечено (ниту кашлав, ниту кивав, ниту дував нос во тој момент).

    Болки осетив синоќа, додека лежев на грб ме заболуваше долниот дел од стомакот, но кога ќе ја поместев ногата ми поминуваше. Исто така ме фати болка во средишниот дел од грбот додека се движев вчера на релација кревет-тоалет-кујна :rofl:
    Изутрина имав течна столица, но еве сега тие болки долу и во грб ги немам. Остана само повремено протекување и повремен притисок лево и десно во карлица.
    Делот кај перинеумот вчера ми беше омекнат исто како дента кога ме задржаа пред породување првиот пат поради високо напукнат воденик (без болки, два прста отворена).
    Се ми се чини дека не ме лаже искуството од претходниот пат.

    Инаку има доста случаи каде жени до кај 6 прсти не осеќале ништо, дури после тоа.
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    7.736
    Пол:
    Женски
    На трансфузија се испитува на клиника. Добро е да си имаш на прием ако веќе знаеш кога ќе те примаат точно, не дека ако е итно нема да ти испитаат, ама подобро да си отидеш спремна.
     
  7. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    Епа тоа ми е и мене. Прошли пат бев 4 прсти пред да се породам имав многу благи менструални болки и болки во кичма. После вагинален преглед ми падна чепот.
    Сега од време на време имам такви болки ама поминуваат кога ќе одморам. Пример пред 2 дена имав, овие 2 дена сум добра.
    Контракции такви не сум осетила на интервали што се, водењак не ми пукнал. Незнам што да очекувам.
    Само со лесно да ни е на сите..
    Неизвесноста убива :D
    А нема правило ете и една жена 2 бремености све различно е..
    Мене ми е страв да не не ги познаан контракциите да се породам дома :D
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    1.540
    Пол:
    Женски
    Јас се шетав во сити мол пред работа и од еднаш си викам ја сум трудна морам тест да направам. Идам купувам тест , одам во вц , чекам 1 минута нема ништо викам ајде здравје сум згрешила не сум во право. Гледам пак после пола минутка поубаво , има две линии. Едната пресветла ама ја има :l: Во истиот момент се јавувам на двете сестри, на мајка ми на татко ми на камера, покажувам тестот и тоа уште во вецето:D:D Ни секунда не издржав хахах..
    @Puffy2019 Ејј ќе не претркаш полека хахах.. Кога си на следно цтг? Ако не е плодовата тогаш може и од што си болна па затоа
     
    На Puffy2019, Anaroz1, jagoda777 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    7.829
    Пол:
    Женски
    Tnx :hug:
     
  10. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.178
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Ајде не се плаши, 34 е мн сигурна недела. Јас пресреќна бев за 32ра што стигнав:wasntme:. Ќе си порасне ќе си биде све добро. Опушти се и чекај утре може ќе те породат, треба да поминат барем две дози флостерон, и ќе се олесниш. Со лесно. :hug:
     
    На Puffy2019, Anaroz1, Lidija1990 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lidija1990

    Lidija1990 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2025
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    За сега е се добро немам контракции , на секои 3ч ми прават цтг, има уште доволно плодова вода
    Вечерва да ја примам и втората инјекција за зреење па докторот рече од Среда за пораѓање здравје
    Имале сум во Плодност
    Се надевам се ќе е во ред да не мора инкубатор
     
    На Puffy2019, Peperutce6, Anaroz1 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    3.592
    Пол:
    Женски
    Не кажавме апсолутно на никој се додека не излегоа резултатите од првиот скрининг (крај на 3 месец)
    Сакавме да се осигураме дека резултатите од скринингот ќе излезат во ред пред да кажеме на било кој. Плус во меѓувреме бевме на одмор па ако знаеа, премногу ќе се грижеа непотребно.
    Уште можам да се сокријам бидејќи не ми се познава, па сеуште само нашите најблиски (родители, браќа и сестри знаат).
    Можеби е погрешно размислувањето ама не мислам дека секој треба да знае. Понатаму со тие што ќе се видиме ќе им кажеме (секако не може да се сокрие тоа), ама не планирам на разглас да кажувам дека сум бремена. Не сум суеверна ама едноставно не секој човек му мисли добро на секого и ако не ми е близок нема потреба да знае.
     
    На Amellie, Anastasia579, naturally и 7 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.858
    Допаѓања:
    40.563
    Пол:
    Женски
    Со првото кога го направив тестот бев кај моите па одма дознаа они, па маж ми, па после и на свеки ѝ се јавив.
    Со второто не кажавме на никој, чекавме докторот да потврде, ама немаше срцева акција на првиот и вториот преглед, дури после 2 недели од позитивен тест имаше и тогаш одма им кажавме на најблиските.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.330
    Допаѓања:
    19.144
    И јас не сакав до прв скрининг никој да знае. Ама на нашиве кажавме со оглед дека мене многу ми се познава пошто второ, инаку и на нашите планирав после пренатален да кажам. На работа исто одма кажав, затоа што кога има мерки за топлово да останам дома, во друга сезона не би дознале. Не од суеверија некакви туку баш како што пиша покер фејс... остаток пријатели, братучеди ќе дознаат после пренаталниот.
    Уште ни срце не сме чуле, ни скрининг на работа одма узбуна, дома одма креветчето каде па една соба ќе имале децата. Онаа радост е иницијална после почнуваат со досаѓање од сите страни, а не ми треба да трошам енергија на се и сешто. :P
     
    На ForeverYoung, naturally, pikachu2 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    17.647
    Пол:
    Женски
    И јас да пишам упдејт :lol:.
    Како што и претпоставував, девојчево ќе си поседи уште некој ден, ЦТГ мирно, доволно плодова вода, протоци, се е уредно, се чека денот, сеуште е високо со главчето, не се спушта надоле. Прв пат ме прегледаа и вагинално, болно е, но не многу како што си имав ставено во главата дека е.
     
    На EarthFire, pikachu2, Soncogledka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    17.647
    Пол:
    Женски
    И јас забележав после мокрење обавезно истекува малку течност, вода со малку жолт, погуст секрет или кога седам подолго време па ќе станам истекува. Не знам што може да биде, никаков мирис нема, вака ми е може два месеца, а последниов месец поинтензивно. На брис само кандида испадна.
     
    На Puffy2019 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.585
    Допаѓања:
    5.955
    џабе, вечер пак :rofl:
    иначе еве во извештајот шо пишува.:?: 0BF36DFE-81B0-4815-91E6-EA03A3594131.jpeg
    има уште 10 дена до термин и ние брзаме :D
     
    На fragaria, pikachu2, Puffy2019 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.528
    Допаѓања:
    8.967
    Пол:
    Женски
    @rainbowec
    За првото кажавме само на домашните и после првиот скрининг на сите други. Ама тогаш беше корона, никаде не одевме со никој не се гледавме па можевме и да сокриеме.
    Оваа бременост исто кажавме на домашните истиот ден тест кога правев. Се погодивме сите фамилијарно собрани истиот ден и кажавме. Потоа одма почнаа да ме познаваат и други роднини и пријатели што ме видоа и дирекно прашаа ‘да не имате нешто новоо’. Веднаш некако отечена бев, уморно изгледав, проширена во колковите. Кој праша му кажавме, а сакавме да криеме до прв скрининг. Е арно ама пренаталниот тест испадна со висок ризик и треба да чекам до 16-17 недела амниоцинтеза за потврда (тоа е отприлика за 2-3 недели). Ако се потврди резултатот ќе прекинувам бременост. Пола од тие што знаат за бременоста знаат и за резултатот од тестов, другата пола не знаат. Искрено во таков голем стрес сум периодов што не ми се објаснува на секого, тоа ми прави дополнителен стрес.

    Мој совет кажете си на ептен најблиските (родители) и никој друг. Евентуално на претпоставен на работа.
    Знам дека нема ништо порадосно но има време кога да се сподели. Од таа причина ќерка ми која е 4 години уште не знае. Плус она на сите одма ќе им кажеше и знајни и незнајни. Прво во градинка ќе се пофалеше сигурно:) Еве да знаеше не знам колку ќе ми беше потешко ако треба да абортирам, а да треба да објаснувам каде е бебето. Сакавме да се осигураме дека се е во ред и кога ќе почне да се познава стомакот да ѝ кажеме.
     
    На Vegegirl, fragaria, BubamaraM и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.585
    Допаѓања:
    5.955
    се надевам и држам среќа да биде се во ред со резултатот.:hug: иначе нема правила, ама некогаш да се заштитуваш од непотребно објаснување на тој начин. ќерка ми одма кажа во градинка иначе, уште пред дома да кажеме, она имаше кажано во градинка :drunk:
     
    На olly14, rainbowec, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    1.480
    Пол:
    Женски
    Не сум за да ве претркам, освен ако не планирате многу да чекате :rofl:
    2500г е, така што кога ми кажа ме пресече, викам рано е.
    Следен понеделник пак на цтг, освен ако нешто се смени во меѓу време.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.