И јас пиев дабрастон и ставав вагинално прогестерон, стомакот ми беше доста подуен првиот триместар. Кога ја прекинав терапијата на кај 12 недела за брзо се врате во нормала. А од бебето почна да си расте и познава тек на крај на втор триместар. Со лесно ❤️
Бремена сум 25 недела, ние кажавме на нашите тек дури после 12 недела, откако го направивме првиот скрининг и пренаталниот тест, од причина што претходно сум имала 2 спонтани до 12 недела и сакавме да бидеме на сигурно и да избегнеме незгодни прашања и објаснувања. Имавме среќа живееме во Германија па физички не не гледаа и можевме да се скриеме.
Ќе оставам тука коментар па можеби некогаш на некоја девојка ќе му се најде. По препорака од бабицата, жежок туш само на местото на болка и кружно масирање. Го повторив неколку пати, нареден ден проодев без кривење, а до вечерта и болката исчезна.
Не поминуваше имав многу јаки болки во желудник се разбудив и се исповратив и после уште саат време ми стоеше у уста горчливо, жешко страшна работа
Знам, во тој случај можеш да крицнеш некој креќер, бисквит. Јас кога станувам да мочам навечер стално имам такво чувство, или ми се гади и успат земам нешто така суво да каснам. Маж ми ми се смее дека станувам да јадам ноќе
Девојки некој лек за сува кашлица, матичната ништо посебно не ми кажа, пастили и спреј што се дозволени за трудницо не помагаат, некој бабин лек зошто веќе мислам ќе го искашлам бебево...
Минатата недела го правев, сецкан кромид на кругови, редиш слој кромид во тегла, слој мед. Оставаш да постои 5-6 часа, кромидот пушта сок и уствари тоа е сирупот. Земаш по 1 лажица 3 пати на ден. Мене ми помогна.
Е буквално ова ми се случи вечерва не знам што ми беше. Обично немам киселини не знам дали е од јадењето или што.. Цело грло у киделини ми беше се гушев.. После сум на преглед , цела ноќ не сум спиела од возбуда Да дојде мм од работа и да идеме , имам трема некоја.
Да повраќам не , ама да ме разбудат да , многу често , пијам ладно млеко ама во последно време ми тоа не помага
Охооо колку повраќав од киселини. Ако не повратев, неможев да спијам. Еднаш девер ми ме слушал кај повраќам во 4 ч сабајле, па вртеше да не се спремам за пораѓај Додека не искочи од мене така ми беше…
Ова прв пат ми се случува не сум имала до сеа киселини затоа се чудев и се молев пак некој стомачен да не сум закачила првиот едвај го преживеав 6 месец си викам рано е за киселини ама не било изгледа хаха
Не јади пред спиење и не се прејадувај. Јас не повраќам оти сум тешка на повраќање, ама ми се случува да имам огромна тежина во желудник и нагон за повраќање. Ми помага сода, за пола саат-саат ми се смирува желудникот, движам низ дома,одма ме протерува течна столица и така се стабилизирам, ми се смирува. Неколку пати ми се има случено и самата сум си крива, ќе се најадам касно пред спиење, после проблем.
Ми се случува скоро секоја вечер во последниов месец. Ме буди од спиење и ми се случува некогаш да повратам некогаш не. Приметив и од што е. Мене ми е од јадење покасно навечер после 20 часот ми се случува тоа. Синоќа маж ми правеше кифлички се најадов во 20:30/21, си легнав накај 22 и само што сум заспала ете ти ја киселината на нос. Стани напиј се сода или голтка вода легни пак исто. И така во круг до 1 по полноќ. И морав да станам да бидам во седечка положба (и да спијам) да ми помине, до 2 ноќеска. Иначе исто сум 6ти месец, утре 25та недела
Здраво девојки. Ве читам цело време но еве и јас да пишам. 33+2 сум и доста често имам стврднување на стомакот, ама од вчера околу папокот ми е цело време тврд. Пијам ладна вода, лежам, вчера пиев магнезијм плус еден од дневниот внес 2x400, но уште е тврд. Бебе си де тегне, активен е, болки немам, исцедок немам. Што мислите од што може да е вака? Ве гушкам сите мами ❤️
Лажни контракции, нормално е. Телото се спрема.Јас од 5ти,6ти месец ги имам. Смени положба треба да се смири брзо. Штом се без болка нема страшно.. ама знам непријатни се многу
Исто мислам ама дека трае веќе втор ден затоа се загрижив. Обично кога ќе сменам положба или да се напијам ладна вода омекнуваше, сега константно е тврд втор ден веќе. Ќе си чекам да се смени нешто, не сум во Мк инаку ќр одев до кај матичната.. ❤️
Да не е наместено некако баш таму бебето ? Моето некогаш така многу се тегне. Неможам да приметам дали е стврднување или бебето е.
Да можно е и тоа, не ми текна. Фала ти на одговорите, нека се тегне уште две недели бар да стасам во безбеден месец ама и дома па нека искача после кога сака.
Znaci devojki jas sabajlevo labavo doagjam na pregled spremna da me vratat doma, ctg mirno se ok. Pregled vaginalen 7 prsta otvorena hahaha me zadrzaa, taka da denes jas sum na red