Имам поголемкии . Скоро сите ми се 0-3.. Имам и 3-6 многу.. Значи доста ќе ми се неколку толку малечки. Ако е ептен мала ќе и докупам ништо страшно Ептен растат брзо сите бебиња дур трепнеш.
3-4 искрено ти се малце земи си уште некое пошо три може за еден саат да ти отидат за перење ама не зимај 50ки, земи 56, и земи си 62ки ако е накај 4 кила, во тој случај 50ки воопшто нема да облечеш. јас немав 50 ко купено и не ми ни требаа, 3.570 мојата се роди, ама 56 ки си носеше така некое време таман и беа. се надевам ти помогнав
Јас од збунка осеќам нема ни да гледам што и облакам 50ки дефинитивно не , 62 ки имам повеќе и 56ки неколку само.. Фала ти
Моето се роди 2кг и толку и ми ја пуштија, така да мн користев од нив. Имав од сестрами, внуката исто 2.1 кг се роди. Е сега овие од 3-6, брзо ги надраснува, еве сега сме 4 месеци 6 кг а некои модели и се кнап доле не се закопчуваат и и облакам 6-9. Така да зависи и колку е долга. Мојава брзо порасна во должина дека високи сме двајцата со мм. Земи си 3-6, ќе донесат и мн луѓе. Мн не и облеков ги надрасна.
Ми се стврдна многу стомакот и бебето почна помалку да мрда. И пишав на докторката ме прати на цтг. Неколку пати осетив удари во десен дел на половина и болки во нозе како кога имав добиено. Кога одев кон болница осеќав блага болка меѓу нозе. Еве ја на цтг сега се разлудува, лумпува. Чекам за преглед... Сега ќе видиме што се случува. Ајде баш сега ќе видам дали секогаш е до контракциите, затоа што вака се мирни, до кај 30 и нешто оди, а сестрата ми вика не мора да значи дека не се случува нешто (и ги кажав симптомите).
Леле женски од прееска значи моево бебе не престанува да мрда да клоца скроз збесна... пак имам менструални болки некои 30 секунди траат и толку... мочам на секои 2 мин, имам чувство како да ми се кака а кога одам во вц ништо нема... ај задутре сум на контрола сигурно сум отворена поише од тие 2-3 цм што бев минатиот четврток... сигурно тие болки што ги осеќам е уствари отварањето...
Душо а да отидеш да те видат? Ти се кака, а нема ништо кога одиш, како за раѓање си. Плус и мочање на 2 минути… Ќе јадеме мекици импд тебе утре осеќам.
Хаха дајј боже утре да е.. више едвај се движам едвај станувам од кревет ... ненормален притисок осеќам доле мм има роденден на 30ти јули, јас сум една недела после него на 6ти август и бебчево ако ни е па една недела после мене (фактички утре) баш ќе биде интересно
Според нив се е во ред... Ми направија цтг, малава баш таму се активира, да не речам преактивира Одеше и до 200 движењето. Контракции до кај 60. После тоа влегов на преглед кај дежурниот, тој го виде цтг-то и вика ќе направиме ехо преглед. Си викам како ехо, треба да види дали сум уште повеќе отворена. Плодова вода има доволно, протоци супер, ама постелката трет степен. Му ги кажав сите симптоми, ми рече ах чепот паднал поради вчерашниот вагинален преглед. За болка во нозе, притисок во половина, се се му кажав и пак се чувствувам дека не ме сфати сериозно. Тоа некако многу ме бутна психички, како да се разочарав од себе, дека не знам да препознаам што е нормално, а што не. Од друга страна се нервирам затоа што си го знам телото и знам како било до вчера што се вика. Не знам што да мислам. Инаку, стомакот ми падна надолу.
Здраво девојки. Јас пијам еутирокс од 88 секој ден и така го контролирам тсх, но антителата ми се над 1000. Можно ли е тоа да е хашимото? И поради тоа да не можам да останам бремена? Повеќе од 1 година се обидуваме но ништо
Вечерва имам благи менструални болки и блага болка во половината, поголем притисок кај мочен меур, за сега не е нешто што би ме натерало да одам во болница, стомакот сеуште не е спуштен. Бебето ми е активно, но вчера и денеска мислам дека од стомак ќе испадне, цело време се тегне, цел стомак го влече на едната па на другата страна, секаде притиска, на моменти воздух неможам да земам.
Нон стоп ти се болките или на периоди? Оди долг туш со по жешка вода(ова под услов да си 37+) мавни и легни ако се смират лажни се ако продолжат види на кој временски рок се повторуваат