Честитки, да ти е живо и здраво малото момченце и со лесно на тебе. Ајде кај сите по ред вакви убави вести да читаме. Мене ми е уште тазе и уште не ми се верува дека сум бремена. На 20ти сум на прв преглед не знам ни дали нешто ќе се види, тоа ќе биде точно еден месец откако е зачнато. Уште не сум кажала на никој, а ќе пукнам колку сакам на мајка ми да и кажам ама ќе почекам барем прв преглед да поминеме. Туку вака општо прашање до сите трудници и мајки, со цигарчињата како терате (тие што пушите)? По колку на ден, како издржувате?
Кога дознав дека сум бремена веднаш престанав со пушење. На моменти сега ми текнува за цигара ама се воздржувам.
Дали ве болат тие кружни лигаменти? Глава не кренав од овие болки веќе , на ехо се во ред , мене стомакот од страна ме убива и таа страмна коска ли е карлица ли е аман веќе. Се нешто ме пече ме боли . Магнезиум некогаш и не ми помага, утрогестан си го пијам редовно но пак боли. Се потешко ми е лежењево во кревет и не можам да се наместам. Мојов еве го спие до мене, и од мука ми иде да го бутнам од кревет што си спие слатко
Јас пушев цела бременост ги намалив доста и пушев слаби цигари 1,0,1 и во просек 5/6 цигари на ден, некогаш доаѓав до 8/9 ама многу ретко. Да не пушев ќе бев многу нервозна и напната сум пробала претходно да ги откажам, тоа би било полошо за плодот таков стрес мислам.
Јас имав и 50ка бодиња и алишта иако сите ми викаа да не зимам дека брзо ги растат. Јас имав изнакупено од сите броеви и бебето све ми износе. Се роди 51cm и имаше соодветни алишта облечени без да висат на него да си го гледам со мерак. Ако купиш помалку ќе переш секој ден, ако имаш повеќе ќе можеш да си дозволиш машина на 3/4 дена што на почетокот покрај сите обврски тоа е супер. Нема да имаш перење и пеглање секој ден. Од 50-56ка може ќе носи месец може месец ипол зависи колку брзо ќе расне, ако можеш да си дозволиш земи си повеќе.
Како спиете во бременост? Јас сум 24та недела и спијам на грб, се случува некогаш да легнам и на стомак.
Веќе 2-3 месеца користам трудничка перница и само на страна спијам. Насабајлечки, или дури лежам на тросед знам и да си се свртам и на грб на кратко.
Со 100 перници околу мене , перница под нозе.Спијам на страна, знам дека не треба ама се случува и да се разбудам на грб , тоа е. Нозете ми отекуваат еве веќе втор ден , притисокот добар.Има ли лек луѓе?
кревај ги навечер на перница и издржи уште некој ден, нема лек. јас минатата бременост многу отекував во 9ти, сега сум океј . чим е притисокот добар, ќе спласнеш после пораѓај.
Користам трудничка перница, ми помага до одреден степен. Но често се вртам во ноќта затоа што ме болат колковите па менувам страна. Докторот ми препорача спиење на левата страна повеќе, а на грб избегавање.
Баш сум ко балонче некако. Ти како си? До кај се женскиве наши веќе Осеќаш ли некои симптоми нешто? Мене ме притиска долу како да ќе испадне во секој момент, привремени болки во кичма и стомаче ама секако ништо на интервали. Само трчам со торбата кај и да идам ама убаво и е у стомак изгледа.. @Ariel.20 да е живо и здраво Ете бидна ко што рече до 15ти
имам привремени менструални болки, ама ништо алармантно не се случува, денес сум полна 39та, после сум на цтг ќе видиме, мада не очекувам нишо да ми кажат немаат абер и нашиве и на @Guns N` Roses убаво им е внатре
Не знам зашто да се избегава на грб, не можам да го контролирам тоа. Се откажав од спиење на стомак и единствен начин да заспијам ми е на грб. Колку се форсирам на страна, толку сум поненаспана и понервозна.
Мислам дека тежината на бебето можи да притиска на некој протоци, а со тоа помалку проток на крв и кислород до бебето.