За скриен шеќер треба упат од матична или не? И дали некоја го има направено од како влегла во 28ма недела?
Со две боцкања ако одиш, ти треба упат од матичен, и така не е ни 100 денари. Со три боцкања мора приватно, мислам дека над 800 денари беше. Ова во Авицена. Јас го направив во 27ма ако добро се сеќавам, и кога ги однесов резултатите кај докторката што ме води, ми рече дека малку сум побрзала (после 28ма требало), што ме збуни затоа што знам дека другите до 28ма го проверуваат...
точно како што кажа @Puffy2019 за со три боцкања е околу 800 ден. во авицена и мора приватно, ако правиш со две боцкања можеш упат од општ матичен да земеш, јас платив околу 50 ден. а го правев во полна 28 ма точно, мене матичната ми рече до 28 ма да го направам.
Денес некако мрзелив ден...станав со болка во стапалата и дланките, како да сум работела ноќта, а не спиела. Подотечени се како и секој ден, но не ми е јасно зошто болат после одмор. Вчера попешачив да се изветреам и да ми помине нервозава од лажните тревоги. Наминав до Ваикики во Сити Мол, купив 3/1 бодиња на прерамки. Не знам која им е политиката да не е јавно истакнато, и не се случува прв пат. На производот веќе беше намалена цената на 549 денари, стигам на каса ми вика 249. Имале дополнителен попуст на некои производи. Велам па да знаев ќе купев уште нешто, барем бодиња секогаш требаат. Не ми се враќаше да докупувам затоа што едвај достојав. Божем предност имаат бремени жени на каса кај нив, но никој не ме повика иако се изначекав. Јас ќе ви пратам слика ако и треба на некоја од вас од моделчињата што сигурно се таа цена, за другите артикли не знам.
вчера влагам во Кам, зимам една кутија сладолед само, идам на каса една каса само работи, луѓе со колички преполни никој не трепка со око, уште ќе те изгазат, јас огромна така стојам, никаква култура немаме.
Не знам до што е, ми биле и малку поотечени, и црвени жар да не речам на кај модро од умор, ама ова од станување ми е малку нејасно...
На тема пуштање на трудници преку ред, две бремености никој не ме пуштил никаде преку ред своеволно, еднаш нова каса во Синсеј се отвори па касиерката ме викна, човек да ме пушти вака што чека некаде, чувај боже. Последно една преку ред ми се пикна на каса, не знам луѓево ќорави ли се или бираат да не перцепираат околу. А најверојатно не им е гајле
Каква реткост е тоа да наидеш на ЧОВЕК. Ај маживе ќе ги разберам, не знаат како е. Ама жени од млади до стари, баш како што викаш, треба да пазиш да не те мавнат по стомак, да те избуткаат. Во Кам одамна не пазарам од таа причина, една каса работи, јас стојам со бебе во раце, кај никој не праша дали сакам да ми даде предност, па и се пикаа преку ред. Од тогаш со години немав влезено. На син ми уште од сега му кажувам кога ќе види некој со бебе, или бремена тетка да му каже на татко му да ја пуштат преку ред. Чувствувам одговорност да го научам на тоа затоа што знам колку ми е тешко.
За пуштање преку ред тоа не ни очекувам , одамна сфатив дека луѓето гледаат само за себе . Најпријатно бев изненадена кога додека јас купував овошје , жената што е нејзина продавницата ми исцедила портокал цела чаша да сум се освежела . Не ми се веруваше Исто и по кафичи , два пати ми имаат донесено перниче за да ми биде покомотно. Преку ред ме викна една женичка во фонд за здравство и ако верувате тогаш имаше коментари па што да правиме ние ако е трудна и на нас ни е топло. И реков фала само и си почекав не очекував таква реакција од млади жени.
Луѓе, неколку денови осеќам гадење. Веќе се приближувам до 37ма недела. Има ли некоја ваква мака? Неколку дена по ред ми се појавува, не сум забележала период, и дали нешто го предизвикува. Гадење ко за повраќање, не онака да се згадам од храна. А ниту еднаш не повратив па да се посомневам во вирус.
Јас во моделите на Ваикики се водам само по килажата, затоа што така ми се имаат покажано најточни. Е сега, од која возраст им почнуваа моделите на која имаат само висина(должина) не ми текнува, ама мислам дека беше над 3-4 години. Сепак ти најдобро си ја знаеш што и одговара.
И мене ми се гадеше неколку дена пред да влезам во 37ма. Баш онака гадење ко на почеток. Неколку пати и повратив. Овие денови нема ништо , освен киселини секако. Јас сум 3 дена пред тебе
Да не подречам, јас бев пријатно изненадена од пуштање преку ред од како сум трудна. И тоа искрено, почесто од мажи од колку од жени. Влегов во ЕВН, тоа во Бутел што е, кој бил знае колку е малечко и одма станаа неколку за да ми отстапат место, се понудија и преку ред да влезам ама решив да си почекам. Во East gate отидов паркинг да си платам и застанав ред да чекам, еден маж буквално ја потегна сопругата затоа што она не ме виде, а во исто време застанавме и ме пуштија. Во Грција газда на кафич ми даде столче да седнам додека го чекав маж ми да заврши нешто и ми донесе пијачка да се освежам, не сакав да прифатам, инсистираше да ја земам и да се освежам. Сѐ ова ми беше неочекувано искрено и стварно пријатно се изненадив. Ама тоа не го менува фактот дека има луѓе без осет па кога ќе сретнам некој од нив, сигурно и за тоа ќе пишам
Мене пред два дена прв пат ми се случи да ме пуштат преку ред во кам и тоа маж беше. Дефинитивно никаква култура немаме кога станува збор за бремена жена. Девојки, дали имате зголемена влакност на стомакот во бременоста? Кај мене е многу повлакнест и се мислам дали да ги отстранувам влакната со брич ( за друг начин не се нафаќам затоа што се на стомак). Страв ми е и со брич потоа поцврсти и погусти ќе излегуваат. Чаре некое?