Немам приметено никаква промена во врска со влакната, не се ни намалени ни зголемени. А читав на форумов мајки на девојчиња споделиле искуство дека помалце имале или престанале да им растат па се израдував дека и кај мене ќе биде тоа ситуација ама ништо На стомак не би ти препорачала со брич, убаво си кажа после само поцврсти би биле сигурно, бетер ќе си направиш. Може е најдобро да не чепкаш воопшто.
А зошто ви наплатиле? Не ми е јасно.... Трудници се ослободени од плаќања. Јас правев во Чаир и не ми наплатија.
Кај мене само на стомак е зголемен порастот на влакна на другите делови од телото е намален, скоро и да немам. Малку ми е непријатно на преглед со влакна на стомак но ќе издржам уште некој месец.
Девојки имам Филипс Авент единечна пумпа користена само неколку пати и греач за шише Chicco целосно нов со гаранција. Би ги дала за пристојна цена ако му треба на некој. Пишете ми во порака.
Ќе следам ситуација, да видам дали ќе исчезне како кај тебе, особено затоа што сме многу блиску. Иако мене ми изгледа како денес да се засили. Памтам дека минатиот четврток ме фати појако, денес исто.
Имам чувство дека хормоните си играат топло-ладно со мене. Влакнатоста ми се намали мноогу, се до кај средина на 8ми месец. Сега на рацете, пазувите, надусниците и стомакот како забрзано да растат, си викам се враќам на старата јас Инаку ги депилирам, со брич веќе не фаќам скоро ништо освен ако ептен дојде ситуација да морам, ама тоа беше до крај на 8ми, сега веќе не ги фаќам ќе истрпам еден месец.
Матичните гинеколози наплаќаат за се, ехо, скрининг, брисеви, па за ова не ми е проблем. Инаку не знам зошто е така, веројатно само по клиниките е така. Д-димери во Авицена имаше можност само на приватно. Најверојатно не соработуваат со Фондот за сите услуги.
Зборот ми беше за анализата на скриен шеќер кога се прави со упат. Веројатно мислевте на третото боцкање дека се наплаќа бидејќи не е вклучено во упатот. Инаку, ништо не се сменило со матичните гинеколози, за жал. Кај Коруновски исто ми наплаќаа за се во текот на првата бременост, па сменив матичен гинеколог. Сега за втората, мојот гинеколог за ништо ми нема наплатено.
Девојки денес бев на ЦТГ, помирно не може да биде, бебе ужива во стомак, останува да чекаме. Криво ми е само што мојот доктор заминува на одмор и ќе мора да ме превземе друг, изгледа ќе го надминам терминот. Сте пишувале за отстапување ред на трудници. Култура и манири или ги имаш или ги немаш. Во текот на бременоста ги имаше и едните и другите типови на луѓе, иако бев пријатно изненадена дека сеуште на светот постојат културни луѓе со осет и манири. Маживе некако со повеќе осет, повеќето што ми отстапиле ред биле мажи, секако има и жени. Во маркетите каде што пазарам редовно, некои од касиерките самите не дозволуваат да чекам ред, во кам и жито конкретно. Ред не отстапуваат само постарата популација, бабите и дедовците, тие генерации се од времето на комунизмот, оперирани од осет, само они да си завршат работа, другите коj ги врти.
Не, со две боцкања наплатија а бев со упат, беа некои 50-100 денари, не се сеќавам точно. А со три боцкања мораше приватно и беше 800 денари од прилика. Алал да ти е што си нашла матичен што нема да ти наплаќа. Јас затоа вторава бременост од 12та недела продолжив директно во Систина. Кој ми е ќарот мене секое ехо да и го плаќам иако не треба, брисеви, скрининзи...последниот брис за стрептокока што се прави пред 9ти месец, кај матичната прашав, ми кажаа 1700-1800 денари, а во Систина ми го направија за 750 денари. Е па сега, штом е така нека си губат пациенти што да им правам.
@Ladyme Лејди мислам дека ти пишуваше за витамин д3, неможам да ги најдам мислењата. Докторката ми препорача 4000 iu, испитав ептен имам дефицит, кои ги земаш како поквалитетен производ?