Да, близначиња се ама еднојајчани, ист пол секогаш. До сега двете докторки што ме водат потврдија дека се девојчиња, не верувам до толку да утнале
Чешање на дланките и нозете посебно ноќе, и ми се јавуваат како црвени флеки по кожата на различни места кои ме чешаат. По одредено време спласнуваат како ништо да немам. Бев на дерматолог ми кажа да земам тбл.Никсар од кои се напив и засега е смирено чешањето па не знам ноќеска како ќе биди. Ми е страв да не замаскирам клиничка слика со таблетите.
Исто и мене дланките со црвени точки внатрешно, крвната слика испадна добра така да не знам од што е. Може да почекаш утре да не пиеш од таблетите и да одиш во сабота да провериш, да си мирна.
На стапалата ама немам такви црвени точки. Вчера од што толку ме чешаа мислам дека и цело тело почна веќе не знаев кој дел не ме чеша. Само немав ништо видливо ни црвенило ни точки
Јас, породена сум лани во февруари ама и матичната и Дракулевски ми рекоа дека нема потреба, немало индикација за да направам и не правев
Јас, ни претходната ни оваа бременост. Единствено сега ме пратија три месечен да проверам имам матична сменето па рече ајде барем тој провери го.
Јас направив и огт и тромесечен по препорака од ендокринолог, направи си тромесечен барем, преку крв се испитува.
Леле луѓе не знам зошто немаше мерки неделава ама претешко беше времето. Мене денес ме одлободија од пола ден и утре да сум од дома, сполај ти боже пошо поцркав
Па не ја осеќам сува.. ама поминав стомачен вирус претходнава недела, докторот ми рече да не сум дехидрирана да зголемам течности и пробиотик да зимам уште
Ако можеш направи си. Јас имам 0 индикации, немам крупно бебе, вишок плодова вода, слаба сум, утрински шеќер секогаш низок итн, па две бремености имам покачен скриен. Ти одлучуваш, ама јас да споделам дека без никакви знаци може да го имаш.
Колку што знам сите трудници ги праќаат за шеќер и д-димери барем еднаш Битно е да знаеш дали е ок Во Авицена може со 2 боцкања со упат од општ матичен доктор На пример кај мене немаше индикации и на сабајле ок шеќерот А покажа скриен шеќер на тестот и само со исхраната ми кажаа да внимавам не треба терапија Но ако не внимавам може ќе настанел проблем Твое си е Но мислам дека подобро да испиташ не е страшно само што е долго самото испитување реално, ама па еднаш е...
Епа тоа ми е, мислам дека нема да издржам без да јадам толку долго, јас и до сега имам пропуштено крвни слики и ми поминаа упатите само затоа што ми се свртело уште пред да одам (а сепак рано сабајле) и сум морала да каснам нешто.
Јас издржувам цела вечер да не јадам оти така сум навикната одамна По правило треба 12 часа Ама може и 10 На пример зависи кога ќе ти закажат оти со закажување е мора да се јавиш На пример ако треба во 8 ќе јадеш во 22:00 нешто повеќе протеинско дали месо или јајца и пообилно, нешто што ќе те засити а да нема јаглехидрати никакви И во 8 ја пиеш течноста и таа ќе те држи малку После тие два часа може веднаш да јадеш ќе си носиш со себе храна
Дефинитивно е до тој што прегледува, го сфатив за жал тоа на потешкиот начин Ме прегледуваа и други и не болеше толку, да не речам ич само беше многу непријатно. Фала за поддршката. Инаку во Систина ова